Teachers - Наставници

КАКО ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ НАСТАВНИЦИ

„Добриот наставник е како свеќа, трошејќи се себеси им го осветлува патот на другите“

Многумина велат дека наставничката професија е една од најдобрите и најхуманите професии на светот. Доколку не се согласувате со оваа констатација сериозно треба да размислите дали правилно сте постапиле при изборот на вашата професија. Но за волја на вистината треба да се каже уште и следното, наставничката професија е една од најодговорните професии. Обликувањето на младите генерации преку воспитување и образување воопшто не е лесна работа. За тоа не постои „калап“ во кој ќе се стават учениците и од него ќе излезат зрели личности кои подготвено ќе се справат со животните предизвици. Затоа, наставникот треба да биде „скулптор“ кој успешно ќе го обликува ученикот во личност која со своето позитивно однесување и стекнато знаење ќе придонесе во сите сфери од позитивното човеково живеење. Да се биде добар наставник е ваша лична одлука, тоа од вас и само од вас зависи.

Во постигнувањето на оваа цел не е доволно да се поседуваат само познавање добри наставни техники и вештини на предавање или пак прекумерно стручно знаење кое не може да се пренесе на учениците, туку кај учениците треба да се поттикне почитување и воодушевување кон училиштетото, учењето и наставникот, а тоа води кон  олеснување во организирањето на наставата и водењето на часовите.

Воспоставувањето на добар и близок однос со учениците е многу важно за нивото на функционалност на вашите часови, но притоа да се запазат улогите на тоа кој е наставник, а кој ученик. Наставникот мора да знае како да се поврзе со своите ученици, доколку тој тоа не знае да го направи, учениците нема да го слушаат тоа што тој ќе го предава, односно нема да имаат сериозно и посветено однесување на неговиот час, без разлика колку тоа би можело да им биде интересно.

Ако пак како наставник успеете да го привлечете вниманието на учениците, ако знаете како да им се доближите и ја стекнете нивната доверба, тогаш тие вам ќе ви веруваат. Вашите чесови ќе бидат исполнети со позитивна атмосфера, а со самото тоа учениците ќе постигнуваат повисоки резултати во учењето, а вие како наставник ќе бидете попрудуктивен и задоволен од она што го работите. Едноставно, ќе се чувствувате како една битна спојка од позитивниот општествен живот и корисен член на општеството во кое создавате и живеете.

Постојат многу техники и методи за успешно реализирање на наставата. Истите се насочени кон покреативно пренесување на знаењата на учениците. Но, првенствено треба да се знае дека добрите методи и техники на предавање треба да обезбедат привлекување на вниманието на учениците, односно стекнување на нивната почит и восхит, бидејќи вие нема да ја стекнете нивната почит само затоа што сте најпаметниот наставник кој знае сѐ и сешто, туку затоа што вие  ќе знаете како да го стекнете нивното внимание, а на тој начин ќе успеете да го пренесете вашето знаење како наставник без тоа на учениците да им претставува товар и обврска.

Ова што досега беше кажано воопшто не е едноставно. Но затоа не е и неизводливо. Потребно е само да ја сакате вашата професија, да бидете посветени на работата, да бидете упорни и трпеливи.

Низ годините спроведени се низа научни истражувања со цел да се детектираат особините на наставникот кои се прифатливи за учениците, но се прифатливи и за самите наставници. Од страна на учениците како најпосакувани особини кои треба да ги поседува нивниот наставник се: пријатен однос и љубезност; праведност што подразбира подеднаков однос кон сите ученици поткрепено со објективно вреднување на нивните знаења; доверба на наставникот кон учениците, соработка, трпение, отвореност за различни погледи и размислувања, смисла за хумор; разбирање на ученичките проблеми; подготвеност да се помогне во секоја ситуација; слободно однесување на учениците под надзор на наставникот; да бидат интересни предавачи и добро да ја владеат и да знаат соодветно да ја пренесат материјата поврзана со нивниот наставен предмет. Од страна на наставниците истакнато е дека како најпосакувани особини кои треба да го карактеризираат наставникот се: да ја сака работата и да се има сериозен пристап кон истата; мотивираност, заинтересираност, објективност; реално и континуирано вреднување на знаењата на учениците; да се биде добар предавач кој ќе има континуитет во предавање на наставниот материјал од својот предмет преку користење на современи активни методи и техники во наставата; континуирано стручно усовршување; адекватно однесување и подеднаков пристап кон секој ученик уважувајќи ги разликите помеѓу учениците; да имаат пријатен физички изглед и да бидат соодветно облечени согласно нивната професија; несебично да соработуваат со колегите, училишното раководство, стручната служба, родителите и останатите чинители на воспитно-образовното работење.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.