Teachers - Наставници

КОМПЕТЕНЦИИ ПОВРЗАНИ СО УСПЕШНОТО РАБОТЕЊЕ НА НАСТАВНИКОТ

154062807-640x413

Компетенциите кои треба да ги поседуваат наставниците претставуваат комбинација од вештини, знаења, лични карактеристики и ставови, кои им овозможуваат ефикасно да постапат во дадена ситуација поврзана со воспитно-образовниот процес. Тие директно влијаат врз севкупното воспитно-образовно работење и се тесно поврзани со воспитно-образовните цели.

Компетенциите кои треба да ги поседува наставникот произлегуваат од самиот воспитно-образовен процес. Тие компетенции наставникот го карактеризираат како основен носител на воспитно-образовната дејност во училиштето, личност која во целост е подготвена без проблем да го реализира наставниот и воспитниот процес во институцијата каде што е вработен, транспарентно и објективно да го вреднува работењето на учениците и сопственото работење, како и подготвеноста за доживотно стручно надоградување и усовршување.

Компетенциите на наставниците им помагаат во планирањето на секојдневните воспитно-образовни задачи, односно како тие да бидат успешни професионалци. Следењето и вреднувањето на работењето на наставниците се базира токму на компетенциите со кои треба да располага наставникот.


Компетенции поврзани со познавањето на општите принципи и цели на воспитно-образовниот процес

  • Го познава образовниот систем на земјата во која работи и својата улога како наставник во тој систем;
  • Ги познава законите и прописите на земјата кои се поврзани со воспитно-образовниот процес;
  • Знае кои задачи и обврски произлегуваат и се поврзани со професијата наставник;
  • Ги знае правата и одговорностите кои произлегуваат од Конвенцијата за заштита на детето;
  • Правилно се однесува, согласно обврските и задачите поврзани со природата на професијата наставник;
  • Ги познава институциите кои функционираат при Министерството за образование и наука, како и нивната улога;
  • Го познава и правилно го применува стандардниот македонски јазик во наставата, односно јазикот на кој ја изведува наставата;
  • Учествува во планирањето на соодветни активности кои придонесуваат за успешно функционирање на училиштето;
  • Во работењето ги промовира принципите на рамноправност и социјална еднаквост;
  • Може да даде соодветен придонес во намалувањето на насилното однесување во училиштето;
  • Поседува способност да даде соодветен придонес во друштвениот и личниот живот на учениците;
  • Соработува со семејството на ученикот и ги информира за сите тековни активности во училиштето;
  • Создава исти услови и можности за работа во училиштето на секој ученик, без оглед на неговата етничка, верска, социјално-економска, полна и расна припадност;
  • Се залага за родова еднаквост во училиштето преку лични примери поврзани со воспитно-образовниот процес;
  • Дава лични примери за човечките вредности како што се: почитување, доверба, искреност, доследност, отвореност и подготвеност за давање помош и соработка и др.;
  • Применува едноставна и достапна технологија во сферата на образованието;
  • Го поттикнува креативното и критичкото мислење кај учениците;
  • Активно учествува во севкупниот училиштен живот;
  • Разбира дека соработката со родителите и другите лица од локалното опкружување на училиштето се неопходни за успехот на институцијата во која работи;
  • Ги мотивира и поттикнува родителите и останатите лица од локалното опкружување за активно учество во училишниот живот;
  • Подготвеност за соработка со претставници од локалната заедница поврзани со училишните и вонучилишните активности;
  • Успешно учествува во сите организациски облици на училиштето во кое работи;
  • Учествува во создавањето на пријатна училишна средина и опкружување во кое ученикот може интелектуално и социјално да се надоградува;
  • Зема активно учество во работните училишни тимови;
  • Учествува во различни проекти од сферата на воспитно-образовниот процес;
  • Поднесува извештаи до надредените за активностите од работењето;
  • Знае различни пристапи и начини за соработка со партнерите на училиштето;
  • Поседува одредени вештини за успешна комуникација;
  • Ја познава и применува новата информатичко – комуникациска технологија во реализацијата на целите кои произлегуваат од наставната програма;
  • Знае да се служи со компјутер и интернет и како со истите да осмисли ефективен начин на работа во училницата.

Компетенции поврзани со адекватно користење на расположливите ресурси во училиштето за со истите да се планира успешна реализација на наставниот план и наставната програма по соодветниот предмет

  • Го познава наставниот план и наставната програма која ја реализира;
  • Способен е да го реализира наставниот план и наставната програма по предметот кој го предава;
  • Може да ја прилагоди наставната програма на условите и опкружувањето во кое работи училиштето;
  • Знае да изготви наставни планови и тоа: годишно глобално планирање, тематско-процесно планирање и развојно-процесно планирање и истите соодветно да ги реализира во наставата;
  • Знае дека планирањата треба да ги изготвува врз база на наставната програма по предметот кој го предава;
  • Може планирањата да ги прилагоди и за работа со ученици кои имаат посебни потреби;
  • Добро знае да ги реализира предвидените цели во наставната програма поврзувајќи ги со соодветните наставни содржини со што учениците се стекнуваат со нови знаења и осознаваат нови поими, а за тоа користи соодветни активности и методи;
  • Знае да процени со какви предзнаења располагаат учениците, кои се нивните потреби и на тој начин наставата да ја прилагодува на нивните предзнаења;
  • Знае да процени кои се неопходните ресурси за непречено реализирање на наставната програма која ја реализира;
  • Знае да ги избере соодветните понудени ресурси кои му се неопходни за реализација на наставниот план и програма;
  • Согласно расположливите ресурси, ја планира и подготвува програмата за работа, уважувајќи го наставниот план и наставната програма, стандардите на постигнувања и индивидуалните разлики на учениците, соодветно на расположливата временска рамка;
  • Знае да ги употреби сите расположливи ресурси за да одржи соодветна мотивираност кај учениците за реализација на наставната програма;
  • Ги следи сите промени во општеството поврзани со наставниот предмет кој го предава;
  • Освен учебникот, задолжително на час користи и други нагледни наставни помагала;
  • Во наставата секојдневно користи разни нагледни средства кои се стандардизирани и нагледни средства кои самиот ги изготвува.

Компетенции поврзани со соодветно спроведување на наставниот процес применувајќи адекватни знаења, вештини, однесувања итн.

  • Соодветно и правилно ги реализира наставните цели кои произлегуваат од наставната програма;
  • Користи соодветни активности, методи и техники кои одговараат при успешното остварување на наставните цели преку реализација на наставните содржини;
  • Користи активности и методи соодветни на предметот кој го предава;
  • Преку примена на соодветни методи и техники проверува дали учениците ги совладале предвидените цели;
  • Поседува дидактичко-методски знаења неопходни за предметот кој го предава;
  • Знае да направи корелација помеѓу предметот кој го предава и други предмети, согласно наставните содржини и цели;
  • Наставните содржини кои ги реализира ги поврзува со претходните знаења и искуства на учениците и знаењата кои треба да ги стекнат како неопходни во понатамошниот живот;
  • Поседува знаења за когнитивниот развој на учениците;
  • Поседува знаења поврзани со различни стилови на подучување;
  • На часовите планира различни активности во кои ги вклучува сите ученици согласно нивните развојни карактеристики;
  • Соодветно ја планира и програмира работата, водејќи сметка содржините во наставната програма да ги направи достапни на учениците;
  • Методите, активностите и техниките за реализација на целите ги прилагодува согласно потребите и карактеристиките на секој ученик;
  • Го дијагностицира предзнаењето на учениците со цел соодветно да ги пренесе новите знаења кои треба да ги усвојат учениците;
  • Се труди секојдневно да применува разни и соодветни пристапи за подучување на учениците;
  • Внимателно ги избира техниките, активностите и методите на работа според возраста и развојните карактеристики на учениците;
  • Праведно ги вреднува одговорите на учениците, согласно предвидените критериуми за оценување;
  • Ги планира, поттикнува и следи различните пристапи за учење и напредување, користејќи различни техники и методи;
  • Ја поттикнува креативноста и иновативноста кај учениците;
  • Ги поттикнува учениците за изнесување на сопствени размислувања и предлози за подобрување на наставниот процес;
  • Секојдневно ја поттикнува активната и интерактивната настава во училницата;
  • На проблемите им приоѓа сериозно, темелно и истите се труди да ги реши соодветно, без да има повредена страна.

Компетенции поврзани со соодветно вреднување на постигнувањата на учениците и мерките кои се во насока за подобрување на успехот на учениците и целокупниот воспитно-образовен процес

  • Систематски ги воведува учениците во наставниот предмет кој го предава;
  • Следењето и вреднувањето на учениците го усогласува со специфичностите на предметот кој го реализира;
  • Го следи и вреднува интересот и постигнувањата на учениците во рамките на предметот кој го предава;
  • Соодветно го вреднува знаењето и ангажманот на секој ученик во неговото активно партиципирање во воспитно-образовниот процес;
  • Соработува со колегите, училишниот менаџмент, стручните соработници, преку размена на искуства и предлози во насока на подобрување на наставата;
  • Ги поддржува и поттикнува учениците слободно да ги изнесат сопствените видувања, идеи и размислувања;
  • Ги проценува потребите на учениците за дополнителна поддршка при учењето;
  • Знае како да им пристапи и да ги поддржи учениците од сензитивни семејства со нарушени општествени норми на живеење;
  • Планира и применува соодветни постапки преку кои кај учениците ја поттикнува самодовербата и самопочитувањето;
  • Остварува чести средби со родителите, им помага и ги насочува во правилното следење и напредување на нивните деца;
  • Планира и реализира соодветни мерки за поддршка на учениците согласно остварувањата на учениците пропишани со образовните стандарди;
  • Може да ги препознае учениците кои имаат потешкотии во учењето;
  • Знае да создаде клима соодветна за развој и напредување на учениците;
  • Свесен е за полезноста од користењето на новата информатичко -комуникациска технологија која му помага во иновативно реализирање на наставните цели и содржинии и вреднувањето на учениците;
  • Планира различни начини за следење на работењето и напредувањето на учениците;
  • Изготвува сопствени објективни инструменти за следење и вреднување на учениците;
  • При вреднувањето ги користи принципите на континуитет, објективност и транспарентност;
  • При вреднувањето, им дава повратна информација на учениците;
  • Умее да планира, изработува и применува соодветни инструменти за следење и вреднување на знаењата на учениците;
  • Ја евалвира сопствената работа преку резултатите постигнати од учениците.

Компетенции поврзани со континуираното надоградување на сопствените знаења, вештини и способности за време на целиот работен век

  • Сопственото стручно усовршување го планира врз основа на самовреднувањето и екстерното вреднување од други компетентни институции;
  • Преку самовреднување ја анализира и проценува сопствената работа, со цел да ја подобри својата успешност во работењето;
  • Континуирано и стручно се усовршува во областа од предметот кој го предава;
  • Го зголемува квалитетот на својата работа преку научените техники и методи за време на усовршувањето;
  • Го збогатува сопственото знаење во делот на психофизички и социјален развој на децата;
  • Во континуитет ги надоградува сопствените вештини при градење на квалитетен однос со учениците;
  • Ги развива педагошките вештини за раководење со паралелка;
  • Ги усовршува своите комуникациски вештини;
  • Стручно се надоградува во креирањето соодветен сопствен однос во работењето со сите партнери инволвирани во воспитно-образовниот процес;
  • Со задоволство следи програми преку кои ја зголемува својата компетентност во работењето;
  • Континуирано ги следи сите новини во воспитно-образовното работење;
  • Го почитува и практикува принципот на доживотно учење во сите сфери од воспитно-образовното работење;
  • Секојдневно соработува и разменува предлози и искуства со своите колеги за подобрување на сопствените компетенции;
  • Придонесува во подобрувањето на целокупниот наставен процес нудејќи ги сопствените стекнати знаења за време на своето работење во образованието;
  • Врши дисеминација во училиштето на изучените програми за време на разни семинари, работилници, конференции итн.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.