Students - Ученици

ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ

Секој наставник треба да знае дека учениците во текот на нивното школување имаат права и обврски. Овие права и обврски наставникот треба да им ги соопшти на учениците и постојано да ги потсетува кои се тие.

            Наставникот на своите ученици треба да им соопшти дека тие во текот на своето школување имаат право:

  • Да се стекнат со квалитетно образование и воспитание, што подразбира да се здобијат со знаење во однос на пропишаните цели во наставните програми по наставните предмети кои ги изучуваат, а се пропишани со одредени закони и подзаконски акти.
  • Учениците треба навремено да бидат информирани за своите права и обврски, како и навремено да добиваат информации кои се од важно значење за нивното школување.
  • Личноста на ученикот треба да биде почитувана од страна на релевантните образовни фактори.
  • Учениците во текот на своето школување трба да добиваат соодветна поддршка во однос на нивниот развој, да бидат развиени нивните таленти покажани во соодветни области и истите да бидат афирмирани преку нивните покажани резултати.
  • Имаат право да организираат одделенски заедници на ниво на паралелка, односно на ниво на училиште преку кои може да ги реализираат своите потреби и да учествуваат во работењето на училиштето.
  • Доколку не се задоволни од она како се вреднувани, имаат право да поднесат приговор, односно жалба.
  • Во текот на школувањето учениците имаат право да добиваат стипендии за нивните врвни постигнати успеси.
  • Согласно законите за основно и средно образование каде образованието е задолжително и бесплатно имаат право да бидат бесплатно сместени во ученички домови.
  • Доколку ученикот прекрши, односно не спроведува негови задолженија има право на правична дисциплинска постапка.
  • Може да поттикнат иницијатаива за согледување на одговорноста на вработен во училиштето доколку истиот ги крши нивните ученички права.
  • Наставниците доколку забележат дека некој ги крши правата на ученикот имаат право вакавата состојба да ја пријават на директорот на училиштето.

Секако, покрај тоа што ученикот има одредени права во текот на своето школување, тој има и обврски кон кои треба да се придржува и треба да ги исполнува. Наставникот на своите ученици треба да им соопшти дека тие во текот на своето школување имаат обврска:

  • Да го почитуваат училишниот ред и сите пропишани правила поврзани со истиот како и одлуките на управата и наставниците.
  • Навремено да ги извршуваат своите училишни обврски, редовно да доаѓаат во училиште освен тогаш кога се спречени од оправдани причини.
  • Навремено да стекнуваат знаења предвидени во наставната програма и посветено да го следат сопственото напредување, а за тоа да ги известуваат своите родители, односно старатели.
  • На часовите и општо во училиште да се однесуваат пристојно без да го попречуваат редовниот тек на настава.
  • При нивното вреднување да го презентираат сопственото стекнато знаење на легален начин што подразбира да не се служат со препишување или употреба на разни недозволени средства преку кои не се отсликува фактичкото стекнато знаење на учениците.
  • Се почитуваат себеси како ученици, ги почитуваат нивните соученици, како и наставниците и целокупниот училишен персонал.
  • Се грижат за хигиената во училиштето и околу училиштето согласно еколошките норми и прописи.
  • Се грижат и не го уништуваат училишниот инвентар и сите училишни добра кои се неопходни за непречено реализирање на наставниот процес.
  • Строго е забрането учениците да употребуваат наркотични средства и опојни дроги, како и алхохол и цигари.
  • Строго е забрането учениците да носат и употребуваат огнено и ладно оружје или пак други животозагрозувачки предмети.
  • Недозволиво е однесување на учениците преку кое може да ја нарушат сопствената безбедности и безбедноста на останатите околу нив.
  • Учениците не смеат да ја оштетуваат, присвојуваат или уништуваат училишната своина.
  • Не е дозволено да присвојуваат училишни предмети или предмети кои им припаѓаат на учениците и вработените во училиштето.
  • Не смеат да ја уништуваат, дополнуваат, преправаат или пак на кој било друг начин повредуваат училишната евиденција која се однесува на учениците и целокупното училишно работење.
  • Во училиште е забрането да се употребуваат мобилни телефони или пак друга информациско комуникациска технологија во насока на загрозување на приватноста на учениците и вработените во училиштето.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.