Parents - Родители

Видови самодоверба (Ученици)

Целта на демократското воспитување е да се развие личност која има самодоверба, која знае правилно да одлучува, размислува и твори. Човек којшто има самодоверба, верува дека е способен да размислува и да учи, да донесува одлуки и да ги решава проблемите што искрснуваат во неговиот живот.

На развивањето на самодовербата кај децата како вредност не се посветува доволно внимание ниту во семејството ниту во училиштето.

Постојат два вида на самодоверба: внатрешна и надворешна.

Внатрешната самодоверба или самопочитување се однесува на чувството и убедувањето дека со самото постоење сме добри и вредиме. Самопочитувањето се препознава по задоволството со самиот себе и по смиреноста во однос на себе. Човекот кој поседува самопочит се сака себе си, добро се познава, има јасни цели во животот и е оптимист.

Надворешната самодоверба се однесува на способностите, на она за што сме вешти да го направиме, да го постигнеме.

Проверете дали вашето дете има самодоверба

Дете со самодоверба:

  • прифаќа одговорност
  • знае да се контролира
  • не е агресивно
  • лесно склопува пријателство
  • спремо е за соработка
  • љубопитно е и сака нови активности
  • креативно е
  • упорно е, не се откажува лесно
  • не е многу приврзано за вас
  • поднесува критика и неуспех

Дете без самодоверба:

  • премногу е срамежливо
  • се плаши од нови ситуации
  • агресивно е
  • тешко поднесува неуспех
  • премногу е осетливо на критика
  • често вели „Јас не можам“
  • премногу е приврзано за вас
  • постигнува помалку од можностите
  • склоно е кон перфекционизам
  • тешко донесува одлуки
  • се потценува себеси
  • завидливо е и љубоморно на другите

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.