School - Училиште

ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Rear view of class raising hands

Под поимот вреднување, во контекст на нашето интересирање, го означуваме интересирањето насочено кон што пообјективно, попрецизно и понепристрасно мерење и утврдување на воспитно-образовното работење на наставниците и училиштето во целост врз база на претходно точно определени критериуми (стандарди и критериуми), со помош на адекватни инструменти и постапки. Составен дел на овој процес е и проценката (просудување, евалвација) на добиените резултати за да се утврди степенот и квалитетот на реализацијата на образованието и на воспитните цели и задачи поставени пред наставниците и училиштето.

Како организирана дејност од посебен општествен интерес и значење наставата има основна задача да реализира определени општествени барања, па затоа, како и секоја организирана општествено корисна работа, подлежи на општествено проценување и вреднување.

Вреднувањето на воспитно-образовниот процес, односно работењето на училиштето е процес кој постои од кога постојат и училиштата, нормално, начинот и формата подлежеле на промени. Оние кои го основале училиштето се интересирале и сакале да имаат континуирано информации како функционира односно работи училиштето и тоа во сите подрачја во кои тоа делувало. Јавното вреднување на училиштето произлегува и од таму што училиштето како институција има важна улога во воспитувањето и образувањето на нови генерации кои се двигател на целокупното општествено човеково живеење. При вреднувањето секогаш се земаат предвид основните подрачја на целокупниот воспитно-образовен процес. Според ова со сигурност може да се каже дека вреднувањето е иманентно на воспитно-образовната работа како таква. Кога станува збор за вреднувањето на училиштето, се расправа за суштинските прашања поврзани со воспитно-образовната дејност.

Начинот, односно системот на вреднување на функционирањето на училиштето зависи од низа фактори. Под нивно влијание тој систем е подлежен на промени и модификации. Секое општество во согласност со своите потреби и можности се труди да изгради сопствен систем на воспитание и образование, согласно тоа и свој систем на вреднување на воспитно-образовниот процес. При спроведувањето на овој битен процес посебно внимание треба да се обрне на: непосредните цели и задачи на вреднувањето, предметот и содржината на вреднување,  методологијата на вреднување, начинот на кој се користат добиените резултати од вреднувањето на работата од училиштето во подобрување на воспитно-образовниот процес, понатамошното развивање концепција за успешно функционирање на училиштето.

Опсервирањето и вреднувањето на воспитно-образовниот процес може да биде и лонгитудинално. Така ќе се согледа и напредувањето на учениците и развитокот на нивната личност, нивните карактеристики, различните активности што ги пројавуваат. Може да се вреднуваат и резултатите што ги постигнуваат учениците во однос на наставните средства што се користат во наставата.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.