Management staff - Раководен кадар

Училишно водство

Успешното водство се заснова на способност за размислување од гледиштето на друга личност. Секоја личност може да се поттикне на дејствување доколку се разберат неговите желби, потреби и барања. Но, претходно треба да се знае дека на луѓето не им е битно она што го знаете, сé додека не им се даде до знаење дека вам ви се битни тие. Со оглед на тоа дека водењето е една од менаџерските функции, логично се наметнува заклучокот дека менаџментот е поширока област, а водењето дел од него. Во овој случај ќе бидат прикажани неколку дефиниции поврзани со водството. Водството може да се дефинира како процес на насочување на однесувањата на другите кон извршувањето на доделените работни обврски. Друга дефиниција за водството е дека тоа претставува однесување или пак поведение кое им овозможува и помага на другите да ги постигнат планираните цели. Водството уште може да се дефинира како влијание или процес на влијание над луѓето, при што тие самите подготвено и полетно тежнеат кон остварување на заедничките цели и интереси.

Денес не постои поделено мислење околу значењето и улогата на водството во развојот на секоја човекова дејност и воопшто на целата социјалната средина. Водството и талентот се формула за постигнување на секој успех. Од тие причини на водството како феномен му се посветува големо внимание како во теоријата, така и во праксата. За водството може да се каже дека е движечка сила, која е основа на промените и развојот во една организација. Силата на водството произлегува од визијата и способноста на влијание, односно на движечката енергија која ја поттикнува посветеноста на луѓето во совладување на пречките на патот кој води во иднината.

Водство-2

Современите сознанија поврзани со водството  упатуваат на тоа дека способноста на водачот е да влијае во карактерните црти на личноста на водач, како и во ефектите кои произлегуваат од интеракцијата со соработниците. Во изучувањето на водството како појава, најпрвин треба да се воочи постоењето на два основни поими: водство и водач. Водството претставува процес во кој едно лице влијае на другите членови од групата со цел да ги оствари дефинираните цели на групата или организацијата. Додека лицето кое го врши влијанието се нарекува водач. Многу е важно првиот човек во воспитно-образовната институција да ја има во предвид личноста на колегите и на тој начин да ја добие нивната поддршка и доверба во потфатите насочени кон промените и новините кои ќе бидат внесени во работата на училиштето, сè со цел воспитно-образовниот процес да се осовремени. Во секој момент директорот треба да е свесен и информиран за сè што се случува во училиштето. На тој начин ќе може позитивно да делува на вработените во однос на нивната потреба и тие да бидат дел од планирањето и одлучувањето во училиштето. Водењето училиште не е лесно, напротив, тоа бара многу напор, време и енергија.

Целта на водството е да создаде позитивно чуство кај вработените во однос на организацијата, како и кон заедничките цели и вредности кои треба да се достигнат. За водството може да се каже дека е една од најтешките области за истражување во делот на општествените науки, од причини што се поврзува со многу области како што се: демократијата, правичноста, партиципативното одлучување и т.н. Водството меѓу другото е влијание од страна на водачите над нивните следбеници во реализирањето на промените, постигнувањето на заедничките цели и мислења. На водството силно влијаат и персоналните и организациските фактори на опкружувањето. Водството претставува активен процес, а тоа значи дека не може да постои пасивен водач. Меѓутоа целта на водството, односно водачот е да создаде предизвик, да создаде предизвикувачки системи и да ги поттикнува другите да работат. Кога водачите се соочуваат со овие предизвици, тогаш тие мора да бидат способни да водат, да го надминат отпорот кон нивното водство и природниот отпор што секогаш ја пресретнува секоја промена. Доколку сакаат да ја добијат битката со водството и да ги пресретнат сите предизвици што оваа позиција ги носи, тие мора да ја разберат филозофијата на водството: внимателно подготвување и користење на структуиран пристап. Оваа филозофија ги вклучува принципите, особините и вештините на водството. Водството истовремено е уметност и наука што може да се учи. Кога еднаш ќе се разберат овие принципи, особини и вештини и се применат во пракса, тогаш водачите ќе бидат во состојба да ги имплементираат нив успешно.

Водството се занимава со конкретни и практични активности. Кога станува збор за водството, може да се каже дека денес од било кога претходно е неопходно неговото присуство во училиштето. Ваквата констатација произлегува оттаму што денес се спроведуваат низа промени во воспитно-образовниот процес, а со цел нашето образование да го доближиме, односно да го прилагодиме на стандардите од ЕУ затоа што нашата земја, Македонија, претендира да стане нејзина членка. Во успешното спроведување на промените една од најголемите улоги ја има директорот како водач на училиштето.

Водство-1

Моралните аспекти на училишното водство се важни затоа што училиштата функционираат како проширени фамилии, каде наставниот кадар и директорите ја имаат улогата на родители. Училиштата истовремено имаат и морална цел, а тоа значи да се придржуваат на демократските принципи и традиции кои се од особена важност за долгорочен опстанок на едно општество и држава. Водството во образованието може да се разгледува на ниво на училиште, на ниво на регион, на ниво на држава, па дури и на ниво на нација. Тоа претставува важен фактор во образованието, ако се има предвид фактот дека во денешно време во сферата на образованието се наметнати трендовите како „ефективно училиште“, „промени и иновации“, „унапредување на работата на училиштето“, итн. Во целокупното водство, што значи без разлика на која област тоа се однесува, визијата е многу битна. Слободно може да се каже дека без визија скоро да нема никакво значење целта за постоењето на една организација, а штом нема смисла да постои организацијата како појава нема потреба и од постоење на водството затоа што нема да има што да се води. Визијата поврзана со воспитно-образовниот процес мора да се гради врз потребата на учениците. Сите други аспекти на училиштето се дополнителни на оваа цел. Во помалите училишта водството на директорот може да е доволно за да се влијае на целото училиште, но во поголемите училишта потребно е да постои добро водство на другите нивоа и вкупниот квалитет зависи од способноста на директорот да делегира овластувања и од способноста на другите наставници да раководат со своите колеги.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.