Professional associates - Стручни соработници

Училишни стручни соработници

Воспитно–образовната дејност во основното образование ја остваруваат и стручните соработници (педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог, библиотекар).

Воспитно–образовната дејност во средното образование ја остваруваат и стручните соработници (педагог, психолог, дефектолог, социолог, лаборант, библиотекар и друго).

Воспитно–образовната дејност во средното стручно образование ја остваруваат и стручните соработници во практичната настава (во натамошниот текст: стручен соработник во струката).

Основните професионални компетенции опфаќаат основни знаења, способности и вештини коишто ги поседува стручниот соработник за да може квалитетно да ја извршува работата на стручен соработник во основно и средно училиште.

Основните професионални компетенции опфаќаат професионални вредности и професионални знаења и вештини во следните подрачја:

– работа со ученици;

– работа со наставници;

– работа со родители;

– соработка со заедницата;

– професионален развој и професионална соработка;

– аналитичко-истражувачка работа;

– училишна структура, организација и клима.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник кои се однесуваат на професионалните знаења и вештини се групирани во две категории: заеднички компетенции и специфични компетенции за одделните профили стручни соработници.

Во рамките на двете категории, компетенциите се организирани во седум подрачја, а секое подрачје се состои од неколку потподрачја.

ЗАЕДНИЧКИ КОМПЕТЕНЦИИ НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ

Заедничките компетенции се однесуваат на стручниот соработник: педагог, психолог, социолог, социјален работник и дефектолог.

Во подрачјето „Работа со учениците“ опфатени се три потподрачја:

– Поддршка на учениците во учењето;

– Следење и поддршка на развојот на учениците и

– Професионална и кариерна ориентација на учениците.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Поддршка на учениците во учењето се однесуваат на разбирање на индивидуалните разлики во учењето кај учениците, знаења за методите и техниките за работа со учениците, познавање и користење на соодветни стратегии за учење и поддршка на учениците во учењето усогласени со нивните потреби.

Основните професионални компетенции од потподрачјето Следење и поддршка на развојот на учениците се однесуваат напознавањето и применатана различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната работа и комуникацијата со учениците за развивање на нивната самодоверба, хуманост, солидарност, меѓуетничка соработка и др.

Основните професионални компетенции од потподрачјето Професионална и кариерна ориентација на учениците се однесуваат на познавање и соодветно користење методи и инструменти за професионална ориентација, советување и кариерно насочување на учениците.

Во подрачјето „Работа со наставниците“опфатени се три потподрачја:

How_blended_learning_can_improve_student-teacher_relations

– Поддршка на наставниците во планирањето и реализирањето на воспитно-образовниот процес и самоевалвацијата;

– Поддршка на наставниците во работата со учениците и

– Поддршка на наставниците во работата со родителите.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Поддршка на наставниците во планирањето и реализирањето на воспитно-образовниот процес и самоевалвацијата се однесуваат на познавање на стратешките, концепциските и програмските документи и стандарди за потсистемот на образованието во кој работи, познавање на принципите и приодите во планирањето и оценувањето, како и на помагање на наставниците во планирањето, реализирањето на наставата, следењето и вреднувањето на ученицитепри што се земаат предвид индивидуалните карактеристики и потреби на учениците во дадените развојни периоди.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Поддршка на наставниците за работата со учениците се однесуваат на знаења за различните стратегии, методи и приоди за приспособување на наставата на карактеристиките на учениците, како и на давањето на стручна поддршка на наставниците во воспоставување добра комуникација меѓу учениците и наставниците и на учениците меѓусебно.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Поддршка на наставниците за работата со родителите се однесуваат на знаења и вештини за изработка на стратегија, односно избор на методите и содржините за наставничко-родителска соработка.

Во подрачјето „Работа со родителите“опфатени се три потподрачја:

– Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите;

– Едукација на родителите и

– Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите се однесуваат на разбирање за тоа како семејството влијае на когнитивното, емотивното и социјалното функционирање на учениците, на умешноста да се идентификуваат потенцијалните кризни ситуации во семејствата што го засегаат развојот и учењето на учениците и на вештините соодветно да се комуницира и да се даде поддршка на семејството.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Едукација на родителите се однесува на знаењата и вештините за идентификување на потребите на родителите за едукација и едукација на родителите поврзана со нивната родителска улога и начините на комуникација со децата при помагање во учењето.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето се однесуваат на знаењата и вештините за вклучување на родителите во одделни сегменти од воспитно-образовниот процес.

Во подрачјето „Соработка со заедницата“опфатени се две потподрачја:

– Соработка со локалната заедница и

– Соработка со стручните институции и организации.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Соработка со локалната заедница се однесуваат на учество во планирањето, реализирањето и следењето на активноститена училиштето и заедницата со кои се подобруваат постигањата на учениците.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Соработка со стручните институции и организации се однесуваат на знаењата и вештините за остварување соработка со соодветните институции при работата со одредена група ученици, наставници, родители и за сопствената работа.

Во подрачјето „Професионален развој и професионална соработка“ опфатени се две потподрачја:

download

– Личен професионален развој и

– Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Личен професионален развој се однесуваат на знаењата и вештините за користење на стекнатите знаења за унапредување на сопствената практика, како и за планирање, водење евиденција и организирање на доказите за сопствениот професионален развој.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето се однесуваат на знаењата и вештините за подготовка на инструменти, прибирање на податоци и анализа на потребите за професионален развој на наставниците. Компетенциите на стручниот соработник за ова потподрачје подразбираат и поседување знаења и вештини за реализирање на разни форми на едукација со воспитно-образовниот кадар.

Во подрачјето „Аналитичко-истражувачка работа“опфатени се две потподрачја:

– Анализа и проценка на воспитно-образовната работа и

– Истражување на воспитно-образовната работа.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Анализа и проценка на воспитно-образовната работа се однесуваат на знаењата на методологијата за анализа на документацијата за воспитно-образовната работа во училиштето и вештините за извлекување заклучоци и нивно користење за унапредување на воспитно-образовниот процес.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Истражување на воспитно-образовната работа се однесуваат на знаењата и вештините за прибирање податоци, квантитативна и квалитативна анализа на добиените податоци, интерпретација и известување за добиените резултати од истражувањата.

Во подрачјето „Училишна структура, организација и клима“опфатени се две потподрачја:

– Училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно-образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалвација) и

– Училишна клима, безбедна средина и демократско учество.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Училишна структура и организација се однесуваат на знаењата за системот на организација и функционирање на училиштето, потребите и приоритетите на училиштето, како и на вештините за изготвување и образложување на иницијативи за осовременување на воспитно-образовната работа.

Основните професионални компетенции на стручниот соработник од потподрачјето Училишна клима, безбедна средина и демократско учество се однесуваат на знаењата за развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија, како и на планирањето и организирањето на активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.

Преземено од:

„П Р А В И Л Н И К за основните професионални компетенции по подрачја на стручниот соработник во основните и средните училишта“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.