Management staff - Раководен кадар

Училишно тимско работење засновано врз успешно водство

Во светот не е ништо идеално, според тоа не постои ниту идеален тим. Дури и тимот кој на одреден проект постигнал одлични резултати во друг случај би можел да потфрли.

Како да се објасни ваквата појава? Секогаш кога се во прашање меѓучовечките односи, таква можност е присутна. Објаснувањето се должи на тоа дека луѓето се менуваат, подлежни се на влијанието на околината, а усогласеноста на карактерите на членовите на тимот може да даде врвни резултати во работењето на тимот.

Оценувањето на тимот, следењето на резултатите како и неопходните промени за подобрување на условите за спроведување на идните проекти се крајни цели на секој успешен тимски водач.

            Во современото организациско работење, на тимското работење му се посветува посебно внимани, ист е случајот и при водењето на училиштето. Вработените во една организација, во нашиов случај училиште, претставуваат еден група луѓе. Она што тимот го прави да се разликуа од група претставува темел на кој започнува успехот на една модерна организација во која делуваат луѓе. Се поставува прашањето која е успешната формула со која групата станува тим? Тим е збир од луѓе со јасно определени улоги кои за цел имаат да ги извршуваат успешно доделените работни задачи преку взаемна соработка, а со добра комуникација правовремено доаѓа до изнаоѓање најефикасно решение за остварување на зацртаните цели, при што за време на процесот на одлучување преку соработка успешно се решаваат доделените задачи и проблеми кои се природна појава преку целиот тек на реализација на секој проект.

Заедничката цел и јасната поделба на улогите е она што тимот го разликува од групата. Оваа констатација е филозофија која како таква функционира сé до оној момент додека индивидуалните цели не се искристализираат како приоритет, во тој момент доаѓа до распаѓање на тимот. Во тимското работење од голема важност е улогата на водачот. Целта на водачот, во нашиов случај директорот на училиштето, е да создаде клима на работа, сè да функционира како што треба и без тој да воведе управување на „цврста рака“. Треба да се каже дека и групата може добро да функционира ако постои лице кое ќе ја води таа група. Енергијата која треба да ја вложи лицето кое ќе се јави како водач на групата ќе биде многу поголема отколку вложената енергија при водењето на тим. Причината за тоа е што во групата нејзините членови немаат јасно дефинирани цели и улоги. Основна замисла на секој водач на тим е тимот успешно да делува во разни ситуации и при тоа да постигнува врвни резултати. Водачот на тимот е лице кое има ингеренции и способност правилно да ги одбере членовите на тимот, да им верува, да ги мотивира и притоа да ги наградува за одреден успех, а во одредени случаи и да доделува казни.

      Во тимското работење од голема важност е тимскиот дух, атмосферата која овозможува да ги достигнеме очекуваните цели, без разлика на околностите кои не опкружуваат. За да биде обезбеден и тој дел од тимското работење треба да бидеме сигурни дека секој член на тимот си ја знае својата работа. Комуникацијата треба да биде отворена, искрена и конструктивна. Треба да се очекува соодветна одговорност на секој член поединечно, но истовремено и право на глас при донесување на одлуките.

Во успешната работа на тимот потребна е поткрепа и од неговиот водач кој постигнатите позитивни резултати на тимот, односно поединецот ги наградува праведно и навремено. Оценувањето на тимското работење и следењето на резултатите како и неопходните промени за поуспешно работење на следни проекти се главните работи кон кои тежи секој успешен тимски водач.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.