Students - Ученици

СТИМУЛИРАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА КАЈ УЧЕНИЦИТЕ

Еминентни стручњаци кои се занимаваат со образовна проблематика имаат истакнато дека периодот до седмата година кај дететот е многу битен од причина што во тој период кај него се развиваат психичките и физичките вештини. Од тие причини родителите, а секако и наставниците  треба да ги следат и поттикнуваат интересите кај детето. Откако родителите и наставниците ќе ги научат учениците самостојно да извршуваат одредени основни обврски, следно што треба да направат е да ја поттикнат креативноста кај децата. Креативноста е битна за развивање и осознавање на светот кој го опкружува детето, преку неа детето ги истакнува личните идеи и искуства. antonia1Таа кај него ги развива неговите интелектуални способности, креативното размислување, личните искуства и особини, на тој начин детето полесно може да се справи со неговото опкружување. Наставниците децата во училиште ги поттикнуваат да размислуваат во однос на задачите и барањата и на истите да дадат точни одговори. Од голема важност е децата уште од најмала возраст да се стимулираат да размислуваат поинаку, да им се даде простор размислувајќи да ја применат и нивната фантазија и креативност и на тој начин да понудат одговори на барањата поставени кон нив. Дадените одговори од страна на децата нема секогаш да бидат точни, но затоа ќе бидат поттикнати да комуницираат и размислуваат поинаку и да не доаѓаат до решенија по однапред воспоставени шеми и правила. За да се развива успешно креативноста кај децата неопходно е кај нив да се поттикне флексибилното размислување и однесување, развој на самодисциплина, развој на независност што разбира самостојно работење, справување со непредвидливи ситуации итн. Според одредени истражувања докажано е дека и генетиката има голема улога во однос на креативноста кај децата. Сепак, не значи ако детето не се поттикнува да размислува и твори креативно дека креативноста ќе дојде сама по себе. Креативноста е иста како и талентот, таа треба да се стимулира и развива. За развивањето на креативноста битна е и средината каде детето се развива и расте, а тоа значи дека е неопходно детето во опкружувањето каде расте да биде поттикнувано креативно да размислува и твори. Доколку средината каде расте детето делува поттикнувачки, креативноста кај детето ќе дојде до израз, а доколку средината каде расте детето делува по однапред воспоставен ред и шема, креативноста кај детето ќе почне да се губи. Важно е наставниците на децата да им дадат слобода на размислување и изразување, доколку во училницата се воспоставени голем број на правила за работење, размислување и делување, детето ќе почене да се сомнева во сопствените способности и ќе стане несигурно. khai-giang-lop-boi-duong-van-hoa-va-luyen-thi-dai-hocБитно е во работењето со нив да им се даде слобода самостојно да експериментираат и истражуваат, да поставуваат прашања за сè што не им е јасно и ги интересира, слободно да ги изнесат своите мисли и идеи и истите да ги објаснат. Притоа треба да ги поттикнуваме и мотивираме, а не да ги прекоруваме, омаловажуваме и исмејуваме нивните одговори.  Наставниците треба да им посочат на родителите додека тие работат, да ги вклучат во работата и нивните деца преку игра. На тој начин децата ќе се почувствуваат важни и корисни, а родителите работејќи на нивните секојдневни обврски ќе имаат повеќе време да се дружат со своите деца. Доколку како наставник увидите дека постапките и однесувањето на детето не се најсоодветни и прифатливи, немојте веднаш да го прекорите, најдобро е во соработка со неговите родители да го наведете преку сопствено размислување да дојде до прифатливо решение. На тој начин детето нема да се чувствува повредено и дека нешто му е наметнато, ќе биде посигурно во неговите постапки, а вас ќе ве чувствува како блиска личност во која има доверба и со која може сè да сподели.

Во овој случај неопходно е да се направи и паралела, односно еден вид споредба помеѓу креативноста и интелегентноста. Високата интелегенција кај детето не е фактор кој треба да значи дека детето ќе биде и креативно. Одреден прифатлив, односно задоволителен степен на интелегенција е потребен, но не е и услов за креативност. Начинот на кој детето ги поврзува и комбинира научените нешта, односно начинот на кој детето учи се битни за креативноста. Битен предуслов за креативност кај детето е и начинот преку кој тоа прави асоцијации и комбинации на научениот наставен материјал.

 Ј. Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.