School - Училиште

ИНОВАТИВНО И КРЕАТИВНО УЧИЛИШТЕ

Иновациите се двигател на светот, затоа е потребно училиштето да прерасне во иновативно училиште кое ќе ги подготви учениците за идниот живот во кој ќе мислат и делуваат иновативно. Секоја иновација во себе крие одредени промени, а промената за разлика од иновацијата упатува на претпазливост. Промените во образовниот процес се пропратени во сите негови: сфери, облици, методи и техники на работа. Иновативното работење од наставникот бара наместото тој да работи фронтално, да применува решавање на проблемски задачи, иновативни методи и техники и проектна настава. Секој иновативен наставник преку избор на иновативни методи и постапки учениците ќе ги стави во состојба тие самостојно да доаѓаат до одредени решенија, да споредуваат разни искуства, да развијат спствено критичкото мислење и постојано да ја следат сопствената работа. Креативноста е еквивалент на ментален процес кој доведува до изнаоѓање нови решенија, идеи, размислувања, нови уметнички форми, производи кои до тогаш не постоеле. Учениците од страна на наставниците уште од најмала возраст треба да бидат поттикнувани критички да размислуваат, а не да преземаат и спроведуваат туѓи идеи, да бидат поттикнувани да имаат доверба во самите себе при носењето на одлуки и храброст во спроведување на истите во реалност.

AAEAAQAAAAAAAAOlAAAAJGRlMGQ2MDQ1LWM3YjAtNGRmYy05NGU2LTk2NGQ2YzA2YTQ3YwНаставниците креативните ученици ќе ги детектираат врз основа на нивната: отвореност, флексибилност, продуктивност, способност за изнаоѓање нови решенија итн. Училиштата, за жал, во досегашната традиција покажале дека и не се баш совршени места каде се развива креативноста. Како поткрепа на ова се примерите поврзани со повеќе светски докажани личности. На родителите на Бетовен им било кажано дека тој е премногу слаб ученик за да биде композитор. Волт Дизни своето прво вработување го имал во новинарска редакција од каде бил отпуштен бидејќи сметале дека тој немал доволно фантазија за да ја извршува таа работа. Алберт Ајнштајн бил избркан од училиште со образложение дека неговото однесување било лошо и дека со таквото негово однесување лошо влијаел врз другите ученици во училиштето. Истиот првично не успеал да се запише на факултет, се запишал од втор обид. Исто така тој бил единствениот од неговата генерација кој на факултетот не добил место на предавач бидејќи професорите сметале дека е премногу мрзелив. Томас Едисон  бил отпуштен од неколку работни места, бил целосно глув на едното уво, а слухот на другото му бил нарушен во голема мерка, но сепак тој е познат како најголем пронаоѓач/изумител во САД. Во креативните училишта наставникот ученикот не го учи дека сите задачи се решени и дека за сè има одговор, а тој треба само да ги научи решенијата на задачите и одговорите на прашањата. Наставникот во креативните училишта не го наметнува неговиот одгвор и мислење, туку е отворен да слушне други решенија и одговори од страна на учениците.

Наставниците не треба да се плашат од новини и иновации, истите треба да ги прифатат со отворени раце и да пронајдат задоволство преку нив во наставничката работа. Впрочем, колку општетството е поотворено за иновации толку и креативноста е поприсутна. Во иновативните училишта наставниците изнаоѓаат соодветни начини преку кои вршат проценка на ефикасноста од сопственото работење и се спремни да се прилагодат на новостите. Прилагодувањето не подразбира додворување на учениците туку приспособување и усогласување на потребите и сопственото знаење кои ги налага и бара новото време, а поврзани со способностите на учениците, потребите на општественото опкружување, можностите на училиштето. Од голема важност е наставникот сопственото стручно знаење да им го пренесе на учениците преку избор на соодветни методи, техники и стратегии. Дали во вашето училиште наставникот по мајчин јазик повикува писател кој автентично ќе објасни за неговото напишано дело? Дали наставникот по историја ги носи учениците на историски места кои се поврзани со настани од наставните содржини кои треба да се обработат? Дали наставникот по географија ги носи учениците во блиската околина за да практично им објасни на учениците за одредена наставна содржина која треба да ја реализира? Доколку постојат такви настваници во вашето училиште, слободно може да се рече дека тие се креативни наставници. Креативноста и иновативноста како поими тешко може да се дефинираат, тие всушност се сколоп на различни комбинации на наставниците поврзани со начинот на нивното работење. Креативноста на наставникот најмногу може да се согледа во негвиот однос и посветенос кон работата. Посветеноста кон работата продуцира лесно изнаоѓање на правилни решенија. Наставникот преку изнаоѓање креативни решенија ги учи учениците креативно да им пристапат на задачите и барањата кои им се поставени. Како одлика на креативното, односно иновативното училиште е тоа што наставникот се труди учењето да им биде интересно и забавно на учениците. Процесот на учење го вреднува исто како и продуктот на учениците, односно нивните изнесени решенија и одговори. Не дава големо значење на потребното време за активноста на учениците за да се изнајде решение, односно да се даде одговор. Ги поттикнува учениците да се изразат со сопствени зборови. Учениците ги поттикнува идеите да не се разменуваат само помеѓу него и нив, туку и помеѓу самите ученици. Креативниот и иновативниот наставник поставува прашања применувајќи ги зборчињата: Зошто? Објасни! Каде? Како? Кој? Кога? Како и прашања од типот: Што би било кога би…? Што те потсетува на тоа? Имаш ли друга идеја? На кој начин можеш да…? Што мислиш дека ќе се случи доколку…? Спореди, што е подобро…? По што е тоа слично со…, а по што е различно од…?

Modern business concept

Флексибилноста како карактеристика треба да биде присутна во иновативните и креативните училишта. Флексибилниот наставник ја поттикнува разноликоста во трагањето и изнаоѓањето различни решенија и одговори и истовремено врши споредба на истите согледувајќи ги сличностите и разликите. Работата на иновативниот наставник се согледува и во неговиот ангажман да ја разбуди љубопитноста кај учениците поставувајќи прашања поврзани со претпоставки и предвидувања.

Во своите предавања иновативните наставници внесуваат и ризик поставувајќи прашања на кои од учениците може да се слушнат и несекојдневни и неочекувани одговори. На пример: Поговорката вели „Паметниот секогаш попушта? Што мислиш ти за ова? (прашање на наставник) „Па сметам дека оној кој секогаш попушта и не е баш паметен“ (одговор на ученик).

Фантазијата во предавањата на креативните и иновативните наставници треба да биде постојано присутна. Таа ги поттикнува учениците во изнаоѓањето несекојдневни, креативни и иновативни одговори и постапки. Во однос на креативноста кај учениците докажано е дека истата ќе ја потиснеме, а не развиваме доколку се користат боенките во работата со децата, постојано ги исправаме нивните цртежи, ги толерираме доколку како домашна работа донесат проект во кој поочигледен е трудот на неговите родители, а не трудот на ученикот, пренагласуваме одредени вредности, постојано инсистирање кај учениците на педантност, прецизност и уредност, наметнување одредени шаблони на работење.

Кога станува збор за креативноста наставникот треба да се труди да ги разбира учениците и да ги прифати со сите нивни доблести и маани, да верува дека секое дете во себе поседува креативност која треба само да се поттикне, да создаде услови во учелницата секое дете да може слободно да се изрази, да го пушти ученикот да изнаоѓа решенија и одговори преку својата фантазија, да создаде однос со ученикот каде тој кон наставникот ќе има потполна доверба, разбирање, љубов и ќе го почитува наставникот како афторитет, да верува дека секое дете ќе успее во животот согласно неговите амбиции и способности.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.