Parents - Родители

Околу запишувањето на учениците во прво одделение

Се ближи месец мај кога започнува запишувањето на учениците во прво одделение. За таа цел ви го претставувам делот од Законот за Основно образование, поточно глава IV на законот насловена како „Запишување на учениците“, во која се опфатени членовите: 45, 46, 47, 48, 49, 50, 51 и 52. Во членовите покрај запишувањето на учениците во прво одделение дадени се и други објаснувања во однос на правата и обврските на родителот (старателот), училиштето, стручните училишни органи итн. во однос на запишувањето на учениците, а исто така е објаснето и запишувањето во училиште на децата со посебни образовни потреби.

firstgrade.jpg

  • Детето со поаѓањето во основното училиште стекнува статус на ученик.
  • Ученикот ја следи наставата и учествува во другите активности утврдени со наставниот план и програми за основно образование и воспитание.
  • Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
  • При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
  • Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.
  • Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување.
  • Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците.

JP-TRACKING-master1050

  • Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
  • По исклучок детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
  • Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
  • Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која ја формира директорот на училиштето. Комисијата е составена од педагог или психолог и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник.
  • Комисијата е должна, по правило, да го извести родителот за подготвеноста на детето за тргнување во училиштето, најмалку два месеци пред почетокот на наставата.
  • Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината.
  • Во текот на наставната година на ученикот во прво одделение, на предлог на наставникот што ја води паралелката, педагог или психолог, во согласност со родителот од здравствени или други причини, може да му се одложи следењето на наставата за една година.
  • За одложувањето на следењето на наставата одлучува комисија составена од психолог, педагог, наставник за предучилишно воспитание или одделенски наставник.
  • Комисијата ја формира директорот на основното училиште.
  • Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината.
  • Родителот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.
  • Родителот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува.
  • Списокот на децата од реонот за запишување во основното училиште се добива од надлежните служби во единицата на локалната самоуправа кои водат евиденција на постојаните и привремените жители.
  • Списокот содржи име и презиме и година на раѓање на детето.

Temperance-Carpenter

  • Во текот на школувањето ученикот може да премине во друго основно училиште ако има согласност од училиштето во коешто преминува.
  • Родителот има право детето со посебни образовни потреби да го запише во основно училиште, освен во случаите кога посебните образовни потреби на детето се такви што тоа треба да следи настава во посебно основно училиште.
  • За учениците со посебни образовни потреби запишани во редовните основни училишта, училиштето формира инклузивен тим составен од педагогот, односно психологот во училиштето, наставникот на ученикот, родителот, односно старателот на ученикот, дефектолог доколку има во училиштето и по потреба може да се вклучи и лекарот на ученикот.
  • Инклузивниот тим за секој ученик изготвува индивидуален образовен план.
  • Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта го утврдува министерот, по предлог на Бирото.
  • Основното училиште е должно да го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, односно учениците кои неоправдано не го посетуваат основното училиште повеќе од 30 дена.

Уредил Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.