Teachers - Наставници

Активна настава

Наставникот за време на часот треба постојано да ги активира учениците без разлика на природата на часот (повторување, усвојување нова содржина, вежби, работилници итн.). Тој не смее на учениците да им нуди готови формулирани знаења кои учениците треба само да ги запамтат без да бидат активирани нивните мисловни процеси. Наставникот треба да се труди ученикот постојано да ги активира мислечките процеси со цел кај него да ја зголеми продуктивноста и креативноста, додека помнењето треба да биде вклучено кога треба да се определи или дефинира одреден поим.

 Денешното образование има тенденција да воведе наставен процес во кој ученикот активно ќе учи, а не само да го памти она што претходно некој го напишал и дефинирал. Оттука произлегува дека е потребно наставникот да придава големо значење на вонучилишните знаења и постигнувања, социјалното однесување, изборот на сферите на интерес, слободата на изразување и размислување итн. Наставникот кој придава важност на претходно споменатите нешта е наставник кој применува современ, а не традиционален начин во наставното работење. Традиционалниот начин на настава подразбира стекнување готови знаења од страна на ученикот, а активната настава подразбира ученикот самостојно преку истражување да дојде до одреден заклучок. При традиционалниот начин на учење наставникот применува фронтален начин на работа, а при активната настава се применуваат различни форми, методи и стратегии на работа. При традиционалниот начин на работа оценувањето се реализира преку давање формална оценка на ученикот, а активниот начин на оценување подразбира континуирано следење на ученикот преку давање секојдневни повратни информации поврзани со неговите знаења, вештини, иновации. Традиционалните наставници се насочени кон предавање и оценување, а активните/иновативните наставници се трудат да бидат партнери, организатори, мотиватори за време на часот. Активниот начин на работа на ученикот му овозможува полесно соочување со животните предизвици во реалниот живот. Затоа е потребно наставникот на часовите да ги активира учениците самостојно да споредуваат за да дојдат до одредени заклучоци, самостојно да пресудат и донесат одлука, самите да изготвуваат проекти кои подразбираат активност која почнува со планирање, а завршува со презентирање итн. Активната настава подразбира вклучување самостоен интелектуален труд на ученикот на одреден проблем и практична примена на производот (во каков и да е вид) од вклучениот интелектуален труд. Активната настава подразбира ученикот да користи различни извори на учење (различни учебници, енциклопедии, интернет страници со едукативна содржина, готови софтвери, различни информациско комуникациски апликации, презентации итн.. Многу е битно учениците да знаат стекнатото знаење од различни извори да го споредуваат и селектираат и да знаат да го издвојат битното од небитното, односно да дојдат до потребните информации кои ним им се потребни и на крај стекнатото знаење и добиени информации правилно да ги искористат и применат создавајќи една нивна индивидуална творба во која покрај добиените знаења од различните извори ќе вметнат и сопствени видувања, сознанија и заклучоци. Од големо значење е наставникот да го научи ученикот рационално и ефикасно да учи, на тој начин ученикот ќе се оспособи самостојно да се образува.activethinkingballdec12039

Потребата од подучувањето на учениците постојано ќе биде потребна во образовниот процес, таа никогаш нема да се занемари и изостави, но треба да се знае дека новиот современ начин на настава подразбира комбинација на подучување од страна на наставникот и самостојно учење на ученикот. Колку повеќе учениците ќе бидат оспособени самостојно да учат толку ќе биде помала нивната зависноста од наставникот во образовниот процес. И во најсовремените образовни системи поткрепени со современи наставни средства и помагала за учење наставникот е организатор на наставниот процес. Во голема мерка од наставникот зависи како тој ќе ја организира наставата и во која мерка учениците активно ќе бидат вклучени во наставниот процес. Колку тие ќе примаат готови знаења и факти, а колку ќе бидат мисловно ангажирани и вклучени во самостојно работење при совладувањето на наставните цели. За време на активната настава, наставникот на учениците треба да им овозможи соодветно време за размислување при процесот на изнесување правилен и соодветен одговор во врска со поставеното барање или задача. Активниот процес на работа подразбира за време на часовите наставникот на учениците да им задава барања или задачи на кои тие ќе работат поделени во групи, парови или пак индивидуално преку вклучување на сопствените интелектуални способности. Доколку наставникот не применува активности од овој вид каде ќе вклучи разлини методи, техники, форми и стратегии на работа, наставниот час би се свел на час на кој тој би имал монолог или пак поставување прашања кои би имале репродуктивен карактер на неговото пренесено знаење од учебникот. На ваквите часови мисловните активности на учениците би биле сведени на минимум. На часовите кога се усвојува нов наставен материјал дијалогот наставник-ученик може да биде продуктивен доколку претходно учениците биле вклучени во одреден истражувачки процес со цел да дојдат до одреден резултат. Во ваков случај речиси сите ученици од паралелката ќе бидат активно вклучени во наставата.hqdefault

 Од голема важност е наставникот за време на наставата на учениците да им даде активности каде учениците ќе бидат ангажирани да: конструираат, модифицираат, класифицираат, разликуваат, категоризираат, изведуваат, разложуваат, споредуваат, спротивставуваат, истражуваат, комбинираат, дизајнираат, креираат, развиваат, градат, аранжираат, собираат, поврзуваат, предвидуваат, измислуваат, планираат, создаваат, пронаоѓаат, ревидираат, организираат, проценуваат, критикуваат, одлучуваат, разгледуваат, избираат, оценуваат, заклучуваат, дебатираат, рангираат, итн. Посочени се доволно глаголи кои дефинираат активни наставни процеси за повеќето наставни часови. Активната настава бара на часовите да се комбинираат различни пристапи и методи на работа, се разбира, согласно возраста и можностите на учениците. Учењето преку примена на активна настава овозможува стекнување на трајни и применливи знаења. Од тие причини наставникот треба максимално да се труди истата да ја применува на сопствените часови и да ги поттикнува поинертните колеги и тие да ја употребуваат во наставата. Одлуката на наставникот во својата работа да користи истражувачки методи, односно активни методи на работа, го поттикнува самиот наставник да планира како да ги мотивира и ангажира учениците на часовите. Тоа подразбира учениците самостојно и творечки да бидат ангажирани, а самото тоа води кон една современа активна настава.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.