Students - Ученици

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ

Се ближи крајот на учебната година за матурантите и полуматурантите, се поставува дилемата каде понатаму?! Прочитајте го овој текст, можеби ќе наидете на некои корисни информации кои ќе ви дадат насока при одлучувањето кое средно училиште, односно факултет да се избере за понатамошно образување.

Професионалната ориентација на учениците е од големо значење за целокупниот општествен систем на една земја. Од правилната професионална ориентација ќе зависи дали вистинскиот човек ќе дојде на вистинското работно место каде работните задачи ќе ги извршува професионално и одговорно и при тоа ќе се чувствува исполнето и задоволно од она што го работи. Правилната професионална ориентација овозможува личноста да создаде успешна професионална кариера. Наставниците треба да бидат добро обучени за да можат да утврдат, а потоа и предложат, односно сугерираат кој ученик за која професија има афинитети. Првично наставникот треба да процени кој ученик какви способности поседува, а тоа ќе може да го постигне анализирајќи ги интересите на учениците како и можностите, приликите и опкружувањето. Правилната професионална ориентација подразбира водење досие за секој ученик во кое ќе се бележи: психо-физичкиот развој на ученикот, неговите успеси поврзани со учењето, неговите интереси за дадени предмети и области, однесувањето, успесите поврзани со воннаставните активности. Не помалку важни се податоците поврзани со ученикот за неговата: интелегенција, навики, здравствена состојба, евентуални пречки во развојот, говор и сл. Ова подразбира континуирано следење и евидентирање на горенаведените податоци во досието на ученикот. Преку правилното водење на досието на ученикот наставникот ќе има доволно информации кои ќе му помогнат правилно да го насочи ученикот кое средно училиште или факултет да одбере за да може да го продолжи своето образование. 21Училиштето треба да биде подготвено во однос на професионалната ориентација на учениците, а тоа подразбира да спроведе одредени евалуациски методи преку кои ќе може да направи одредена проценка на ученикот во насока на одредување на најдобрата и најприфатливата професија со која тој би се занимавал. Евалуациските методи вклучуваат: прашалник за професионални афинитети, прашалник за ученикот, прашалник за родителите, прашалник за одделенскиот/класниот раководител, листа за професионална ориентација, тест за професионална заинтересираност. Денес се развиени и различни електронски апликации од врвни научници (психолози) кои може да дадат насоки поврзани со професионалната ориентација на ученикот.

Правилното и навременото информирање на учениците поврзано со нивната професионална ориентација е од голема важност. Тоа подразбира информирање на учениците за одредена професија, односно кои критериуму треба да бидат исполнети од страна на ученикот за да може тој успешно да ја работи посакуваната професија. Информирањето на ученикот за неговата професионална ориентација треба да биде континуирано, почнувајќи од неговото основно образование, па продолжувајќи за време на неговото средношколско образование. Информациите треба да се однесуваат за спецификите на дадената професија и потребните психо-физички способности поврзани со професијата. Наставникот треба да го упати ученикот и нивните родители при избирањето на идната професија, да се консултираат со лица кои ја извршуваат таа професија за која е заинтересиран ученикот и да консултираат стручна литература од областа. Исто така треба да се заинтересираат и да дознаат кои се работните задачи поврзани за професијата, во кои институции може да се работи, кои способности треба да ги поседува ученикот за да може успешно да ги извршува работните задачи, кои теориски и практични знаења треба да се имаат за дадената област, условите во кои се реализираат работните задачи, работната клима (организациската клима) и можностите кои ги нуди професијата за понатамошно усовршување и напредување. Добрата информираност во врска со професијата со која сака да се занимава ученикот многу влијае при конечниот избор и носење на одлука. Добрата информираност на ученикот ќе му овозможи тој да донесе правилна одлука поврзана со неговите потреби, амбиции и желби. Добрата информираност на ученикот ќе му овозможи тој да биде запознат и со природата на добрите и лоштие страни кои произлегуваат од професијата која тој сака да ја одбере. Но, сепак ученикот теба да знае дека не е доволна само добрата информираност, тој треба да биде свесен и за сопствените можности и способности од аспект на тоа колку е тој психо-физички способен за таа професија, колку неговиот карактер одговара со работните задачи поврзани со професијата, неговите работни навики, интересирањата и ставовите. Ова подразбира ученикот добро да се познава себеси пред да ја донесе конечната одлука поврзана со неговата идна професија. Учениците кои се водат од сопствените желби, а не од своите предиспозиции и можности се случува да не се определат за одредена професија иако во однос на истата ги исполнуваат сите потребни предуслови. Овие ученици уште од својата рана возраст имаат зацртано со што сакаат да се занимаваат во својот живот. За да не дојде до нивно целосно разочарување во однос на она што го имаат зацртано да го работат, добро е да ги истражат сите аспекти поврзани со дадената професија и да ги проверат сопствените можности и предиспозиции поврзани со истата. Факт е дека во нашето средно образование може да се сретнат ученици кај кои не е евидентна желбата и интересот за струката за која се определиле да ја изучуваат, за нив тоа претставува само една обврска, но не и задоволство, а знаеме дека без задоволство личноста не може да биде среќна. Професионалното советување не подразбира ученикот да добие информации само во однос на самопроценката и способностите, туку и за алтернативните можност во дадената област. Strategy- Business Unit StrategyПрофесионалното советување треба да се приспособи според карактерот на ученикот. Праксата покажува дека добар дел од учениците за време на своето образование се во фаза на истражување и не можат јасно да кажат кој е нивниот интерес за професијата која би ја работеле во својот живот. Согласно карактерот на учениците од нив може да се слушнат различни ставови и размислувања во однос на изборот на професијата. Некои ученици знаат што сакаат и бараат самостојно да се насочат кон професијата која посакуваат да ја работат; други ученици посакуваат лесен живот, без да имаат јасна претстава што би сакале да работат; има и ученици кои се интересираат само за краткорочни аспекти, што ќе биде утре, без конкретно да знаат што би работеле; одредени ученици пак се насочени кон постигнување на добри резултати во образованието сметајќи дека одличниот успех ќе ја одреди нивната идна професија; во образовниот процес може да се сретнат и амбициозни ученици, кои сметаат и се потпираат на амбициозноста како двигател која ќе ги доведе до нивната професија; има и ученици кои се летаргични и за нив важи максимата нека биде што ска да биде, едноставно се препуштаат на судбината. Доколку наставникот успее да одреди на кој тип од претходно наведените припаѓа ученикот, тој може со совети да му помогне и правилно да го насочи во текот на неговиот образовен процес како успешно да се опредлеи за професија која ќе ја извршува во неговиот живот. Најголем успех при изборот на идната професија ќе има кај оние ученици кои се интересираат во однос на она што нуди одредена професија. Секако, доколку и самите се свесни за сопствените можности и предиспозиции. Секогаш треба да се има предвид дека интересите и желбите треба да се усогласат со способностите кои ги поседува ученикот бидејќи на тие способности се заснова и изборот на професијата. Професионалната ориентација за учениците најдобро може да се реализира на одделенските/класните часови и на воннаставните активности.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.