School - Училиште

Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“

Дадениов текст претставува продолжение на текстот „Самоевалуација на училиштето“ .

Програмското подрачје за самоевалвација „Наставни планови и програми“ содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Организација и реализација на наставните планови и програми;
  • Квалитет на наставните планови  и програми;
  • Вон-наставни активности.

Во однос на првиот оддел „Организација и реализација на наставните планови и програми“ карактеристични прашања се:

  1. Дали училиштето ги реализира целосно наставните планови и програми изготвени од страна на Биро за развој на образование (БРО) и одобрени од Министерство за образование и наука (МОН)? Дали има некакви разлики во оние што училиштето ги реализира и од каде тие произлегуваат?
  2. Како можат учениците, родителите и наставниците да влијаат врз начинот на реализација на наставните планови и програми?
  3. Како училиштето ги прилагодува наставните планови и програми на карактеристиките на локалната средина?
  4. Дали наставните планови и програми им се достапни на наставниците, родителите и учениците?
  5. На кој начин училиштето дава можност учениците да вршат избор на наставните предмети? Кои ученици може да вршат таков избор?

Во однос на вториот оддел „Квалитет на наставните планови и програми“ карактеристични прашања се:

  1. Каква поддршка им се дава на наставниците за да може тие да ги подготвуваат и осовременуваат наставните програми во согласност со промените?
  2. Дали има можност за интегративен пристап кон содржините (односно кон оние кои може да се вклучат во реализацијата на повеќе наставни предмети).
  3. До кој степен наставните планови и програми го помагаат личниот и општествениот развој на машките и женските ученици од различно етничко потекло, опфаќајќи тематика како што е на пример: раководењето, соработката, договарањето, самодовербата и разрешувањето на конфликтите.
  4. Како училиштето реализира програма за односите помеѓу половите и нивните сексуални врски, продуктивно здравје, болестите ХИВ/СИДА и зависноста од дрога?
  5. Како училиштето реализира образование за човековите права, граѓанското образование, или за други теми поврзани со општествената проблематика?

Во однос на третиот оддел „Вон-наставни активности“ карактеристични прашања се:

  1. Дали се реализираат вон-наставни активности и кои? Дали вон-наставните активности подеднакво им се достапни на машките и женските ученици? Дали на децата со различни посебни потреби им се нудат вон-наставни активности?
  2. Какви придобивки имате од вон-наставните активности?
  3. Кој е одговорен за вон-наставните активности?
  4. Со какво образложение се реализираат вон-наставните активности?
  5. Какви резултати се очекуваат? Кои резултати се следат?

Model_school_hayes_visit_1

Во делот собирање податоци, наведени се податоците кои се собрани и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско подрачје од самоевалвацијата се:

  • Годишни планирања од предметни и одделенски наставници
  • Одделенски дневници
  • Глобални планови и програми
  • Записници од Наставнички совет
  • Наствни планови и програми
  • Закон за основно образование
  • Статистички извештај
  • Записници од стручни активи од предметна и одделенска настава
  • Сертификати од семинари
  • Истражувачки работи од педагошко-психолошка служба
  • Анализи од тестирање
  • Програми за водење на проекти за конфликти од педагошко-психолошката служба,
  • Програми за граѓанско образование.
  • Записници од трибини
  • Програмите од вон наставни активности
  • Списоци на ученици
  • Програмите за вон наставни активности кај дефектологот
  • Извештаи од натпревари, ликовни изложби, портфолија
  • Летописна книга во училиште

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета за родители
  • Анкета за ученици
  • Анкета за наставници
  • Набљудување

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање податоци од родители
  • Тим за собирање на податоци од ученици
  • Тим за собирање на  податоци од наставници
  • Педагошко-психолошката служба

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

Јаки страни 

  • Наставниците имаат можност да влијаат врз реализацијата на наставните планови и програми
  • Сите ученици имаат можност да вршат избор на предмети
  • Наставните планови и програми го помагаат личниот и општествениот развој на машките и женските ученици без разлика на етничкото потекло
  • Програмите за човекови права се реализираат доволно и според програмите на МОН
  • Со воннаставните активности се допринесува за училиштето и учениците

Слабости

  • Недоследно се реализираат наставните планови и програми од одредени предмети поради немање услови и средства за работа ( немање спортска сала и неопремени кабинети)
  • Недоволна застапеност на содржини во наставните планови и програми со карактеристики на локалната средина
  • Наставниците не се доволно обучени за осовременување на наставните планови и програми и за интегративен пристап кон содржините
  • Има недостаток во содржините во одделенска настава за односите меѓу половите и нивните сексуални врски и болести на зависност
  • Учениците со посебни потреби многу малку се вклучени во слободни активности поради немање адекватни услови за нивниот развој

Male teacher marking books

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример – Во текот на самоевалвацијата на ова подрачје беше разгледана постоечката документација во училиштето која имаше врска со истото. За добивање некои информации беа спроведени други истражувачки техники од причини што училиштето не ја поседува потребната евиденција. Врз основа на претходното добиени се повеќе информации. Притоа забелкежано е дека сите наставни планови од одделенска и предметна настава се во согласност и со одобрение на МОН, но во нивното реализирање немаат подеднаква можност да влијаат сите фактори: (наставници, ученици и родители). Согласно наставните планови и програми сите ученици во училиштето имаат можност да бираат предмети во предметна настава.

Училиштето спрема своите можности дава подршка за подобрување на квалитетот на наставните планови и програми, но тоа е недоволно. За да се има поголем квалитет во наставата потребна е обука на наставници од областа интегративен пристап кон содржините, од информатичка технологија, како и опременост на училишните кабинети со наставни средства и помагала. Изградбата на спортска сала би придонела за целосна реализација на наставните содржини од физичко и здравствено образование, како и можност за реализирање на спортски натпревари, настапи, приредби и др, како активности кои се дел од вон наставните програми.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни потподрачја (оддели), во рамките на ова подрачје,  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето, На пример:

  • Обука и едукација на наставници од одделенска и предметна настава за осовременување на наставните планови и програми, за интегративен пристап кон содржините и информатичко познавање.
  • Опремување на кабинетите со нагледни и наставни средства.
  • Изградба на спортска сала со цел целосно реализирање на содржините од наставата за физичко и здравствено образование.

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.