School - Училиште

Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“

Дадениов текст претставува продолжение на текстот „Самоевалуација на училиштето“ и „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ .

Програмското подрачје за самоевалвација Постигнувања на учениците содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Постигања на учениците
  • Задржување, осипување на учениците
  • Повторување на учениците

Во однос на првиот оддел „Постигања на учениците“ карактеристични прашања се:

  1. Како училиштето ги подобрува постигнувањата на учениците? (Објаснете!)
  2. Какви се постигнувањата на учениците по наставни предмети, матура или другите завршни испити, по полова и етничка припадност?
  3. Какви се постигнувањата на учениците по секој период од наставата од деветгодишното образование (од I до III одделение, од IV до VI одделение од VII до IX одделение)
  4. Дали и како училиштето врши споредување на тежинските нивоа на резултатите при интерното оценување, по различни одделенија/класови, по наставни предмети и по пол, од една учебна година во друга?
  5. Како се следи напредокот и постигнувањата на учениците кои имаат потешкотии во учењето и/или на оние со посебни потреби?
  6. Дали постои и каква е соработката меѓу наставникот, родителот и ученикот која што влијае врз постигнувањата на ученикот?

8-elementary-and-secondary-school-education-administrators

Во однос на вториот оддел „Задржување, осипување на учениците“ карактеристични прашања се:

  1. Колкав процент од учениците го завршуваат образовниот циклус, ако се има во предвид дека тоа е законски задолжителна обврска? Ако не го завршуваат, зошто?
  2. Дали има идентификувани групи ученици (машки ученици, женски ученици, ученици од одредена етничка припадност, ученици од економски сиромашни семејства, или други групи) кои повеќе се подлежни на „осипување“ од училиштето?
  3. Како училиштето се обидува да се справи со проблемот нив да ги задржи во училиштето? Со каков успех?

Во однос на третиот оддел „Повторување на учениците“ карактеристични прашања се:

  1.  Колку ученици ја повторуваат годината? Дали имате направено анализа за учениците што повторуваат по пол и етничка припадност и кои се резултатите? Објасни зошто одредени групи ученици се подложни повеќе на повторувања?
  2.  Дали во вашето училиште постојат процедури да му биде овозможено на ученикот кој ја повторува годината да поднесе жалби?

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во програмско подрачје Постигнувања на учениците“ од самоевалвацијата се:

  • Програма на училиштето
  • Статистички извештај
  • Статистички извештај од директор
  • Статистички извештај од педагошката служба
  • Одделенски дневници
  • Наставни планови и програми за дополнителна настава
  • Основни податоци за вработени во училиштето
  • Статистички извештаи
  • Пријави за ученици
  • Матична книга
  • Извештај за поделба на училиштата по реони
  • Записници од индивидуални родителски средби
  • Барање за средба во локалната самоуправа
  • Статут на училиштето
  • Закон за Основно образование

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета за наставници
  • Анкета за родители
  • Анкета со ученици
  • Интервју со педагошко психолошката служба

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање на податоци од учениците
  • Тим за собирање на податоци од родители
  • Тим за собирање на податоци од наставници
  • Тим за собирање на податоци од подрачјето
  • Тим за собирање на податоци

msa

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

Јаки страни 

  • Редовно одржување на дополнителна настава за учениците од одделенска и додатна настава за учениците од предметна настава
  • Редовноста на учениците последниве 5 – 6 год. е на завидно ниво
  • Учениците подеднакво се третираат од страна на наставниците без оглед на полот и етничката припадност
  • Учениците со послаби постигнувања и потешкотии во учењето, стручно се опфатени од дефектолози кои работат со нив во редовна настава
  •  Постигнувањата на учениците следено по статистички извештаи се на високо ниво

Слабости

  • Слаба снабденост со нагледни средства
  • Делумна и слабо снабдена кабинетска настава
  • Наставниот кадар не е доволно оспособен за современа настава
  • Недоволно снабденост со стручна литература за наставници

(прирачници)

  • Осипување на ученици во други училишта

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример – Степенот на постигнувањата на учениците според направените анализи, анкети, интервјуа со ученици, родители и наставници, зависи од постоечките услови што ги нуди училиштето како што се: просторните услови, нагледноста, начинот на изведување на наставата, степенот на едуцираност на наставниот кадар, односот на релација наставник ученик и друго. Дел од овие услови во нашето училиште се на завидно ниво, а дел се делумно исполнети, што секако влијае на постигнувањата на учениците. Нашето училиште располага со соодветен стручен кадар, кој според извршените истражувања соодветно ја извршува својата работа според условите кои му се на располагање. Но доколку овие услови се подобрат убедени сме дека и постигнувањата на учениците ќе се подобрат на уште повисоко ниво. Бидејќи свесни сме дека знаењата стекнати на часови со поголема нагледност, кабинетска настава, како и со стручно едуцирани наставници, се потрајни, поголеми, часовите поинтересни, а активноста на учениците на повисоко ниво отколку на класичните часови. Сите фактори кои учествуваат во образовниот процес се сложуваат дека попостигнувањата на учениците се на завидно ниво, но доколку се стори нешто во врска со наведените проблеми се надеваме дека овие постигања ќе достигнат уште повисоко ниво.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни потподрачја (оддели), во рамките на подрачјето „Постигнувања на учениците“  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

На пример:

  • Обука на наставници за работа со современи форми и методи како и обука за работа со современи аудио визуелни средства
  • Нагледни средства и опремена кабинетска настава

Преземање мерки за спречување на осипувањето на учениците

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.