School - Училиште

Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“

Дадениов текст претставува продолжение на текстовите „Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ и Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“.

Програмското подрачје за самоевалвација Учење и настава содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Планирања на наставниците
  • Наставен процес
  • Искуства на учениците од учењето
  • Задоволување на потребите на учениците
  • Оценување (како дел од наставата)
  • Известување за напредокот на учениците

Во однос на првиот оддел Планирања на наставниците“ карактеристични прашања се:

  1. Каков вид планирања изготвуваат наставниците за реализација на наставните планови и програми? Дали училиштето има систем за следење на планирањето на наставниците?
  2. Каков вид поддршка им дава училиштето на наставниците за да им помогне тие поефикасно да ги планираат часовите?
  3. Какви методи и форми користат наставниците за размена на искуства и информации во делот на планирање?

Во однос на вториот оддел Наставен процес“ карактеристични прашања се:

  1. Дали постои разновидност на адекватни наставни форми и методи: на пример: работа во групи, предавања, индивидуална работа, практични активности, користење ресурси,  (средства и материјали)?
  2. Дали наставниците користат различни форми за интеракција со учениците како на пример: поставување прашања, водење дискусии, индивидуална настава, повратна информација или некои други методи?
  3. Дали машките и женските ученици подеднакво се третираат при испрашувањето, користењето на ресурсите, индивидуалната настава и повратните информации. Дали постојат стереотипи за машки и женски активности и професии?
  4. Како училиштето ја оценува работата на наставниците? Како резултатите од ваквото оценување се користи во планирањето на професионалниот развој на наставниците и давањето поддршка на нивните образовни потреби?
  5. Како ќе се користи самоевалуацијата за да се подобри наставниот процес?

download

Во однос на третиот оддел Искуства на учениците од учењето“ карактеристични прашања се:

  1. На кој начин училишната средина ги стимулира и ги мотивира машките и женските ученици, учениците од различно етничко и социјално потекло и учениците со различни стилови на учење?
  2. Дали во училиштето се изложуваат трудови на учениците? Дали изложените трудови подеднакво ги претставуваат учениците од двата пола, сите етнички групи и сите ученици со различни способности за учење?
  3. Дали учениците се охрабруваат да преземаат лична одговорност самостојно да размислуваат и активно да се вклучуваат во учењето/наставата и како?
  4. На кој начин учениците се охрабруваат да преземаат лична одговорност самостојно да размислуваат и активно да се вклучуваат во учењето/наставата?

Во однос на четвртиот оддел „Задоволување на потребите на учениците“ карактеристични прашања се:

  1. Како се идентификуваат образовните потреби на учениците?
  2. Дали и како на наставниците им се дава поддршка за да можат да ги задоволат индивидуалните образовни потреби на учениците?
  3. Какви начини применуваат наставниците за да обезбедат учество на учениците во различни активности, користење на ресурси според нивните потреби и стилови на учење, а особено во групи на ученици со различни способности?
  4. Како се оценуваат и како се води грижа за учениците кои следат настава на различни јазици?

Во однос на петтиот оддел Оценувањето/вреднувањето како дел од наставата“ карактеристични прашања се:

  1. Какви методи и форми на оценување се користат за евидентирање на напредокот на учениците? Ве молиме објаснете.
  2. Какви критериуми се користат за да се направи разлика во оценувањето на учениците со различни способности?
  3. Како учениците се известуваат за нивниот напредок и колку често се прави тоа?

Во однос на шестиот оддел Известување за напредокот на учениците“ карактеристични прашања се:

  1. Како учениците добиваат информации за својот напредок?
  2. Какви информации им се даваат на родителите за напредокот на учениците, како и колку често?
  3. Како училиштето одговара на прашањата и интересирањето на родителите за напредокот на нивните деца?

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско подрачје  од самоевалвацијата се:

  • Годишната програма на училиштето
  • Годишната програма на активите по одделенија и предмети
  • Годишната програма на педагогот
  • Записници од состаноци на активи
  • Годишните програми на стручните служби на училиштето
  • Записници од средби со советници
  • Евиденцијата на директорот за посета на часови
  • Податоците од увидите направени од страна на советниците.
  • Дневни подготовки на наставниците рационализирани во тематско-процесното планирање
  • Пишаните податоци од увидите на директорот
  • Евиденцијата на директорот
  • Протоколи од посети на часови
  • Училишни паноа, ликовни галерии во училиштето
  • Летописна книга
  • Евиденција на стручна служба
  • Од училишната eвиденција и архивата на стручната служба
  • Записници од состаноците
  • Одделенските дневници
  • Записници од родителските состаноци
  • Ученички досијеа
  • Матична книга

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета за наставници
  • Анкета за родители
  • Анкета со ученици
  • Интервју со педагошко психолошката служба

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање податоци од учениците
  • Тим за собирање на податоци од родителите
  • Тим за собирање на податоци од наставници

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

 Јаки страни 

  • Наставниците внимаваат на емоциите и менталното здравје на учениците
  • Постои коректен однос меѓу наставниците и учениците
  • Без разлика на етничката припадност наставниците им даваат помош на учениците кога за тоа имаат потреба
  • Добрата соработка и комуникација меѓу стручна служба, наставниците и учениците
  • Оценувањето е објективно

Слабости

  • Недоволно обучен наставен кадар за работа со новите наставни средства и помагала за поквалитетно презентирање на наставните содржини
  • Недоволно меѓуетничка толеранција и прифаќање и почитување на разликите
  • Недоволни наставни помагала и техничка опрема
  • Недоволно застапена кабинетска настава по стручните и по општообразовните предмети
  • Оценувањето не е јавно

Developing-the-e-learning-teacher-inquiry-process_tagcollection

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример – Подрачјето учење и настава бараше темелна анализа на документацијата во училиштето, но особено вредни информации за утврдување на состојбата во оваа сфера се добија преку спроведените анкети. Учењето и наставата многу зависи од тоа колку наставниот кадар е обучен и стручно спремен да применува повеќе начини на презентирање на материјалот што го предава на општо задоволство на учениците. Начинот на презентирање на наставниот материјал и односот на наставникот може да ги натера учениците да го засакаат предметот, а не да им биде досаден, да ги зголемат нивните постигнувања, да бидат активни носители на наставата. Затоа, начинот на презентација на наставниот материјал треба да е интересен, а не застарен како што е сега во нашето училиште. Тоа бара нови наставни средства и помагала како и кабинетска настава која во училиштето не е доволно застапена, освен кабинетот по информатика, поради недостиг на истите и недостиг на вештина за работа со нив од страна на наставниот кадар. Од направената анализа се докажа дека преку изнаоѓањето начин за зголемување на интересот кај учениците ќе биде активирано нивното слободно размислување и ќе биде разбуден нивниот креативен дух. Со тоа ќе има сè помалку негативни оценки, а нивото на знаење видно ќе се зголеми. Учениците ке бидат сè по активни и ќе ги совладуваат сите потешкотии на наставниот материјал.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни подподрачја (оддели), во рамките на подрачјето „Постигнувања на учениците“  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

На пример:

  • Дообука на наставниот кадар за работа со новите средства и помагала
  • Набавка на нови  наставни средства и помагала со цел поинтересна и поквалитетна реализација на наставните содржини
  • Спроведување на кабинетска настава со сите потребни наставни средтства и помагала за остварување на целта на учењето и наставата

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.