School - Училиште

Четврто подрачје (4) од самоевалуацијата – „Поддршка на учениците“

Дадениов текст претставува продолжение на текстовите „Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ , Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“

Програмското подрачје за самоевалуација Поддршка на учениците содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Севкупна грижа за учениците
  • Здравјето и постконфликтните трауми
  • Советодавна помош на учениците
  • Следење на напредокот

Во однос на првиот оддел „Севкупна грижа за учениците карактеристични прашања се:

  1. Колку се ефективни формите и активностите кои се користат за обезбедување на грижата, благосостојбата и заштитата на машките и женските деца, вклучувајќи ги и оние со посебни образовни потреби?
  2. Како училиштето ги оценува емоционалните, физичките и социјалните потреби на сите машки и женски деца? Што училиштето прави во врска со таквите потреби?
  3. Дали постои разлика во грижата за учениците меѓу централните и подрачните училишта?
  4. На кој начин се врши известувањето за оние машки и женски ученици за кои постои сомневање дека се ментално и физички злоупотребувани?

Во однос на вториот оддел „Здравјето и постконфликтните трауми карактеристични прашања се:

  1. Како училиштето ги открива и дава известување за учениците со физички и ментални здравствени проблеми, за оние со посебни образовни потреби, пост-конфликтни трауми?
  2. Какви системи има училиштето за работа со машки и женски ученици кај кои се идентификувани постконфликтни трауми?
  3. Какви системи користи училиштето за работа со ученици кај кои се идентификувани здравствени проблеми?
  4. Какви активности преземате за да ги охрабрите младите бремени девојки да продолжат со своето школување?
  5. Како училиштето обезбедува заштита и безбедност во неговите простории и заштита и безбедност при користење на машини или научни инструменти?

Во однос на третиот оддел „Советодавна помош на учениците карактеристични прашања се:

  1. На кој начин училиштето ги информира машките и женските ученици и родителите за помошта што може да ја добијат од педагошко-психолошката служба во училиштето?
  2. Како училиштето им помага на машките и женските ученици во изборот на нивното натамошно образование, обуки или вработување?

Во однос на четвртиот оддел „Следење на напредокот карактеристични прашања се:

  1. Дали училиштето води евиденција за напредокот на учениците, нивната присутност/редовност, нивното поведение и развој во училиштето?
  2. Дали ваквата евиденција им е достапна на сите наставници, родители и ученици?
  3. Како евиденцијата се користи за да се подобри наставата, работата на советодавните служби за професионална орјентација итн.?
  4. Какви податоци се доставуваат до она училиште во кое ученикот преминува и/или дали добивате такви податоци од училиштето од кое доаѓа/преминува ученикот?
  5. Во отсуство на такви податоци, како се добиваат информации за таквите ученици?

CoachingProfessional_5

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско  подрачје се:

  • Забелешки што ги води педагошко- психолошката служба
  • Годишна програма
  • Основни податоци на училиштето
  • Забелешки што ги води одговорниот за активностите за соработка со црвен крст и црвена полумесечина
  • Записници од систематски прегледи
  • Списоци на ученици кои добиле помош
  • Известување и распоред за систематски прегледи од медицински центар,
  • Списоци од педагошко-психолошката служба.
  • Годишна програма за работа на педагошка-психолошка служба,
  • Записници од наставнички совети
  • Наставни планови и програми
  • Тестови за работа, записници, доставени информации, извештаи
  • Записници од барања за презентација на средните училишта
  • Извештај од годишната програма за работа на училиштето
  • Евиденција во одделенските дневници
  • Извештаји од спроведено интервју и индивидуални советодавни разговори
  • Преводница.

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета со ученици
  • Анкета со родители
  • Анкета со наставници
  • Набљудување
  • Интервју со педагошко-психолошката служба

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање на податоци од ученици
  • Тим за собирање на податоци од родители
  • Тим за собирање на податоци од наставници
  • Педагошко-психолошката служба
  • Работна група

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни.

На пример:

Јаки страни 

  • Училиштето води грижа за емоционалните, физичките и социјалните потреби на учениците преку разни облици на поддршка на истите
  • Постои позитивна комуникација и задоволителна соработка помеѓу стручната служба, родители, наставници и ученици
  • Училиштето целосно го следи  развој на учениците дава информации на сите заинтересирани субјекти
  • Училиштето има изградено систем за идентификување на здравствените проблеми на учениците

Слабости

  • Недоволна застапеност на кабинетска настава по стручните предмети (хемија, физика, биологија)
  • Недоволна снабденост на училиштето со современи нагледни средства и технички помагала кои би ги поттикнале учениците за постигнување поголеми резултати во учењето (компјутерски системи, АЦД, ДВД, исл.)
  • Наставниците не се доволно обучени за применување современи форми и методи на работа
  • Незадоволителен е успехот на учениците со поголем број неоправдани и изостаноци
  • Недоволна информираност на родителите за критериумите на оценување на учениците
  • Лоши услови во дел од санитарните чворови

download (1)

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример– Од анализираната документација и спроведените интервјуа, анкети и набљудувања може да се констатира дека поддршката што ја добиваат учениците во нашето училиште од страна на наставниците, педагошко– психолошката служба и раководството е на завидно ниво. Се води доволно грижа за емоционалните, физичките и социјалните потреби на учениците. Се почитува личноста на ученикот, неговото мислење и сугестии и владее позитивна комуникација и задоволителна соработка. Сепак битен сегмент во воспитно-образовната работа е начинот на презентирање на материјалот како и средствата преку кои тој треба што појасно да им се пренесе на учениците. Во тој процес пречка се веќе наведените слабости кои секако можат да се надминат во иднина. Исто така соработката со педагошко–психолошката служба со учениците и наставниот кадар е на завидно ниво земајќи ја предвид нивната стручна оспособеност и додатна едукација која секако и во иднина ќе се надополнува, а се во интерес за што поголема ефикасност во однос на стручната помош што ја нудат. Меѓутоа, треба да се применат начини за што поголемо приближување на соработката на службата со родителите.

Кога ќе се подобрат можностите и начините на работа интересот кај децата за следење на настава ќе биде поголем, бројот на неоправдани изостаноци ќе биде помал, учениците ќе бидат позадоволни, покреативни со поголема волја за работа и желба за успех и секако ќе бараат поддршка не за да ги задоволат основните потреби туку за да достигнат што повисоко ниво на напредок од било кој аспект.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни подподрачја (оддели), во рамките на ова подрачје,  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето.

  • Набавка на нови наставни средства и помагала за изведување на кабинетска настава со цел поефикасна, посовремена и поквалитетна реализација на предвидените наставни содржини
  • Дообучување на наставниот кадар за примена на современи форми и методи на работа
  • Поголема афирмација на работата на училиштето со цел родителите што повеќе да бидат вклучени во активностите и реализацијата на воспитно образовната работа на училиштето
  • Реновирање на санитарните чворови со цел подобрување на хигиенските услови во училиштето

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.