School - Училиште

Петто подрачје (5) од самоевалуацијата -„Училишна клима – Етос“

Дадениов текст претставува продолжение на текстовите „Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ , Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“ и Четврто подрачје (4) од самоевалуацијата – „Поддршка на учениците“

Создавањето на пријатен амбиент во кој се остварува воспитно-образовниот процес, вклучувајќи ги тука покрај материјално-техничките услови и меѓусебните односи на сите ученици во реализацијата на процесот, ја претставуваат климата на училиштето.

Програмското подрачје за самоевалвација Училишна клима – Етос содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Училишна клима и односи во училиштето
  • Промовирање на постигнувањата
  • Еднаквост и правичност
  • Соработка со родителите и со локалната заедница

Во однос на првиот оддел Училишна клима и односи во училиштето карактеристични прашања се:

  1. Дали односот меѓу наставниците и односот помеѓу наставниците и учениците се базира на взаемно почитување?
  2. Дали односот меѓу учениците од ист или од различен пол или од различно етничко потекло се исполнети со почитување?
  3. Дали односите меѓу учениците со различни способности или со различни пречки во умствениот или физичкиот развој се базираат врз взаемно почитување?
  4. Какви проблеми се присутни во врска со поведението и дисциплината? Какво влијание имаат тие врз машките и женските деца и учениците од различно етничко потекло? Како училиштето реагира на таквите проблеми?
  5. На кој начин училиштето е отворено, каков е односот и соработката со надворешните лица, од посредното и непосредното опкружување?
  6. Кои се тие аспекти што ги прават учениците и наставниците од обата пола да бидат горди на своето училиште?

Во однос на вториот  оддел Промовирање на постигнувањата карактеристични прашања се:

  1. Што прави училиштето да ги промовира личните постигнувања на сите ученици (момчиња и девојчиња), вклучувајќи ги и оние со послаби способности за учење?
  2. Дали давањето признанија/пофалби е присутно во сите подрачја на активностите во училиштето и се однесува и на учениците со послаби способности за учење?

Во однос на третиот оддел „Еднаквост и правичност карактеристични прашања се:

  1. Што прави училиштето за да обезбеди еднаквост и правичност за сите ученици, вклучувајќи ги машките и женските деца, учениците со посебни образовни потреби и учениците од различно етничко потекло?
  2. Како училиштето им помага на наставниците тие подеднакво да ги третираат сите ученици?
  3. Како училиштето следи сите ученици да добиваат подеднаков третман?

Во однос на четвртиот  оддел „Соработка со родителите и со локалната заедница карактеристични прашања се:

  1. Како училиштето ги поттикнува родителите да се вклучат во образованието на своите деца, и на кој начин тие се вклучуваат во животот на училиштето?
  2. На кој начин се комуницира со родителите и какви информации им се даваат на родителите за училиштето?
  3. Како училиштето соработува со другите заинтересирани учесници во образованието од локалната заедница, на пр. локалните стопански организации, фабрики, културни центри, итн.? Какво влијание имаат локалните власти врз училиштето и обратно?
  4. Дали училиштето има организирани или неформални контакти со пазарот на работна сила?
  5. Како училиштето соработува со фабриките или локалните стопански организации во врска со практичното оспособување на учениците?
  6. Какви мерки се преземаат за да се адаптира обуката кон потребите на работата/занимањето, доколку е потребно?
  7. Како и колку често училиштето соработува со другите училишта? (интернет, посети итн.)

1123-28September-Ben-Gregory-Ring-2

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани за програмското подрачје „Училишна клима-Етос“ и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско  подрачје се:

  • Одделенски дневник
  • Записник од одделенски совет
  • Пријави
  • Летописна книга на училиштето
  • Записници од посета на советниците и инспекторите
  • Записници од училишен одбор
  • Записници од Совет на родители
  • Списанија
  • Пофалници
  • Записник од Наставнички совет
  • Пријави од страна на родители, извештаи од состаноците на службата и директорот со наставниците кои биле пријавени.
  • Записници од одделенски дневници
  • Проекти
  • Сметки од донирани средства
  • Записници од родителски средби
  • Договори (Спогодби)
  • Спогодби за преземање работници
  • Фотографии

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета за наставници
  • Анкета за ученици
  • Анкета за родители
  • Интервју со директорот
  • Набљудување

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање податоци од наставниците
  • Тим за собирање податоци од вработените
  • Тим за собирање податоци од учениците
  • Тим за собирање податоци од родители
  • Директор
  • Педагошко-психолошката служба

Student-1

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

Јаки страни 

  • Добра соработка со родителите
  • Добри меѓунационални односи
  • Задоволство кај вработените што се членови на овој коллектив
  • Добра соработка со педагошко-психолошката служба и управата

Слабости

  • Редовноста на учениците од 9-то одделение не задоволува
  • Недоволна снабденост со потребни нагледни средства за примена на современа настава
  • Немање фискултурна сала
  • Застарен и недоволен инвентар (прозори, врати, клупи, столови, неонски светилки и др.)
  • Оштетена надворешна фасада

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример: Училишната клима претставува наша гордост покажуваат анализите на документацијата, а особено исказите на анкетираните наставници, родители и ученици. Нашето училиште е од мешан етнички состав и наставата се одвива на три јазика. Исто така во нашето училиште се одвива настава за ученици со посебни потреби. Во училиштето постои големо задоволство од меѓусебната комуникација меѓу вработените без разлика на етничката припадност и полот. Голем број на наставници изразуваат задоволство што се членови на овој коллектив, а задоволни се и од меѓусебната соработка во однос на редот и дисциплината, соработката со родителите, соработката со педагошко-психолошката служба и управата. Особено сме горди што резултатите покажаа дека и кај учениците меѓусебното почитување е на високо ниво без разлика на полот, етничата припадност или социјалната положба. Раководството на училиштето со почит се однесува кон сите вработени поради што мнозинството испитаници искажаа доверба во истото. Истото важи и за односите меѓу наставниците и стручната служба.

Како пречка за целосно искажување на задоволството по оваа прашање претставува недостатокот на голем број нагледни средства делумно условите за работа во училиштето. Одредена слабост покажуваат и односите меѓу наставниците и учениците од 9-то одделение што резултира со чести отсуства на учениците.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни потподрачја (оддели), во рамките на ова подрачје,  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

  • Негување на внатрешните односи во училиштето особено односите со учениците од осмо одделение, како и односите со родителите.
  • Осовременување на инвентарот во училиштето.
  • Набавка на нагледни средства со цел зголемување на задоволството и мотивираноста кај сите вработени, особено кај учениците.
  • Малтерисување на надворешната фасада

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.