School - Училиште

Шесто подрачје (6) од самоевалуацијата – „Ресурси“

Дадениов текст претставува продолжение на текстовите „Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ , Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“ , Четврто подрачје (4) од самоевалуацијата – „Поддршка на учениците“ и Петто подрачје (5) од самоевалуацијата -„Училишна клима – Етос“

Програмското подрачје за самоевалвација Ресурси содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Сместување и просторни услови
  • Наставни средства и материјали
  • Персонал
  • Развој на персоналот
  • Финансиско работење во училиштето

Во однос на првиот оддел „Сместување и просторни услови“ карактеристични прашања се:

  1. Дали училиштето има адекватни училници, заеднички простории и санитарни простории?
  2. Дали капацитетите се користат оптимално и дали нив може да ги користат сите членови во училиштето?

Во однос на вториот оддел „Наставни средства и материјали“ карактеристични прашања се:

0095054a8234bbe6c8bae74f76224e7d

  1. Дали училиштето има стручна литература и наставни помагала за наставниците?
  2. Доколку има училишна библиотека, како таа ги задоволува потребите на учениците?
  3. Дали набавениот потрошен материјал ги задоволува потребите на училиштето (пенкала, хартија, креди итн.)?
  4. Како училиштето ги утврдува потребите за наставни средства и материјали?
  5. Како училиштето ја следи ефективната и ефикасната употреба на наставните средства и материјали?

Во однос на третиот оддел „Персонал“ карактеристични прашања се:

  1. Дали целиот персонал (машки и женски) е редовно присутен на работа според прописите? Што прави училиштето за да ја следи и да ја обезбеди присутноста на персоналот?
  2. Каква е состојбата со работното искуство, квалификациите и стручноста на персоналот (машки, женски персонал, различно потекло)?
  3. Дали училиштето има стратегија за ангажирање на персоналот со повисоки квалификации и стручност во обезбедување помош/поддршка на колегите?

Во однос на четвртиот оддел „Развој на персоналот“ карактеристични прашања се:

  1. Какви постапки се користат за оценување на работата на наставниците и за идентификување на нивните потреби за професионален развој (индивидуално и на ниво на училиште)?
  2. Кои критериуми се користат за оценување на приоритетите за развој на кадарот?
  3. Што прави училиштето во давањето поддршка на оние наставници коишто сакаат да ги подобрат своите стручни способности?
  4. Дали училиштето има мерки за поттикнување/наградување на работата на наставниците?
  5. Како училиштето ги следи и им дава помош на наставниците-приправници?

Во однос на петиот оддел „Развој на персоналот“ карактеристични прашања се:

  1. Кои се постапките со кои се обезбедува финансиското работење да биде добро спроведувано и контролирано?
  2. Кој сè е информиран за училишниот буџет и за трошоците? Дали информациите за училишниот буџет им се достапни на родителите и на локалната заедница?
  3. Како училиштето го обезбедува планирањето на финансиските средства и работењето првично да ги одразува потребите на подрачните училишта, доколку има такви?

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани за програмското подрачје „Ресурси“ и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско  подрачје се:

  • Пописни листи од кабинетите и библиотеката
  • Статистиката на училиштето
  • Од педагошка-психолошката служба (список од стручни материјали)
  • Барања за реновирање на училишните добра
  • Книга за дежурни наставници
  • Прегледите за основни податоци на училиштето
  • Статистички показатели од Министерство за образование и наука, Локалната самоуправа и од Училиштето.
  • Записници на стручните активи
  • Протоколи за посетени часови
  • Одделенски дневник
  • Записници од анализа на отворените часови
  • Извештаи на педагогот и менторот

dscn3993

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета со ученици
  • Интервју со библиотекар
  • Анкета со наставници
  • Анкета со родители

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање на податоци од ученици
  • Индивидуален претставник од тимот за собирање податоци
  • Тим за собирање на податоци од наставници
  • Тим за собирање на податоци од родители

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

Јаки страни 

  • Максимална искористеност на постоечките простори
  • Соодветен и стручен наставен кадар кој се одликува со редовност и посветеност кон училишната организација
  • Отворена соработка меѓу наставниците, меѓу наставниците и стручната служба, меѓу наставниците, стручната служба и директорот
  • Подеднаква распределеност на финансиските средства меѓу централното и подрачните училишта
  • Подготвеност на родителите за нивно вклучување во работата на училиштето
  • Училиштето располага со доволен фонд на книги предвидени за учениците од нижите оделенија
  • Наставниците сакаат и бараат стручно усовршување соодветно на нивниот предмет

Слабости

  • Оштетена и дотраена кровна конструкција која ги доведува во опасност учениците и вработените
  • Недоволен капацитет на парните котли (еден не работи)
  • Дотраен парен котел кој не ги задоволува потребите за затоплување
  • Немање спортска сала
  • Недоволно опременост на постоечките кабинети
  • Евидентираната стручна литература не ги исполнува барањата и потребите на наставниците по сите наставни јазици
  • Училишната библиотека располага со мал број лектирни изданија на сите три наставни јазици
  • Недоволно познавање на компјутерска технологија од страна на наставниците
  • Недоволна информираност на наставниците за работа со современи форми и методи

Strategy- Business Unit Strategy

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

На пример: Училиштето во однос на ресурсите исполнува дел од барањата на современите текови во образованието. Поконкретно, училиштето располага со голем број адекватни простории, но од друга страна на училиштето му недостасува фискултурна сала. Училиштето се одликува со посветен стручен и редовен персонал на кој му недостига стручна литература и наставни помагала со цел подобрување на севкупниот развој на ученикот. Родителите бараат подобрување на условите во училиштето и изјавуваат подготвеност за нивна поголема вклученост во работата на училиштето. Финансирањето во училиштето е согласно предвидените законски процедури. Во училиштето постои соработка меѓу сите вработени која е отворена и насочена кон севкупно подобрување на состојбите во училиштето. Тоа се гледа од честите отворени часови кои ги организира педагошко-психолошката служба и наставниците и на истите се присутни наставници кои предаваат на различен наставен јазик. Особено вреди да се истакне дека училиштето ги исполнува критериумите за праведна и еднаква можност на обата пола и сите етнички групи за користење на училишните услови.  Главен недостаток е нефункционалната кровна конструкција и недоволниот капацитет на парниот котел. Последново е главен фактор кој во последните неколку години го отежнува, а понекогаш и целосно го прекинува одвивањето на воспитно образовниот процес во училиштето. Може да се заклучи дека училиштето и покрај тешкотиите успева донекаде успешно да се справи со променливите потреби на учениците.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни потподрачја (оддели), во рамките на ова подрачје,  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето:

  • Обезбедување нова кровна конструкција на училиштето
  • Купување нов парен котел
  • Овозможување обука на наставниците за работа со нови форми и методи,  стручна обука и обука за работа со современи нагледни средства (проектор, компјутери, ДВД плeер, лабораториска опрема и сл.) при реализацијата на кабинетска настава

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Advertisements

1 reply »

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.