ОБРАЗОВАНИЕ

Седмо подрачје (7) од самоевалуацијата – „Раководство, креирање политика“

Дадениов текст претставува продолжение на текстовите „Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ , Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“ , Четврто подрачје (4) од самоевалуацијата – „Поддршка на учениците“ , Петто подрачје (5) од самоевалуацијата -„Училишна клима – Етос“ и Шесто подрачје (6) од самоевалуацијата – „Ресурси“

Програмското подрачје за самоевалвација Раководење, креирање политика содржи оддели во рамките на подрачјето и тоа:

  • Управување/Раководење со училиштето
  • Цели и креирање на училишната политика
  • Развојно планирање

Во однос на првиот оддел „Управување/Раководење со училиштето“ карактеристични прашања се:

e5f154c4034075ef389e749e6b696d26

  1. Каква е структурата на раководењето во училиштето (училишен одбор, директор на училиштето и други раководни лица). Дали во неа има правична застапеност на мажи и жени и на етнички заедници за кои училиштето обезбедува услуги?
  2. Дали се јасно дефинирани надлежностите за управување и за административни задачи?
  3. Како раководниот тим соработува во размена на идеи и разрешување на проблеми?
  4. Колку често раководниот тим одржува состаноци ? Колку неговите членови се редовно присутни на состаноците и како состаноците се водат? Кој е одговорен да го обезбедува и да го поттикнува  присуството на состаноците?
  5. Дали и како одделните подрачни училишта се вклучени во раководната структура?
  6. Каков однос има раководниот тим со другите субјекти во училиштето, на пр. Како се консултираат другите субјекти, а особено учениците и како другите субјекти добиваат информации за одлуките на раководниот тим?

Во однос на вториот оддел „Цели и креирање на училишната политика“ карактеристични прашања се:

  1. Дали училиштето има политика и правилници во врска со дисциплината и дисциплинските мерки, поведението, насилничкото однесување, сексуалната злоупотреба и дискриминација?
  2. Кои се постапките во креирањето училишна политика? Кој сѐ е вклучен во неа?
  3. Дали за таквата политика се информираат сите заинтересирани субјекти (наставници, родители и ученици), Како?
  4.  Каква политика имате во врска со давањето поддршка на учениците, за унапредување на здравјето, разрешувањето на кризни состојби или за друга релевантна локална проблематика?
  5. Каква политика имате за учениците со различни способности и предиспозиции?
  6. Каква е јазичната политика на училиштето?

Во однос на третиот оддел „Развојно планирање“ карактеристични прашања се:

School-Management-System-Software-a-Practical-Solution

  1. Кој е одговорен за годишното планирање? Дали постојат активности за долгорочно планирање?
  2. Како планирањето се базира врз податоци?
  3. Како обезбедувате планирањето да биде реално, и да вклучува практични инструменти за следење на неговиот напредок?
  4. Колку планирањето ги опфаќа и потребите на подрачните училишта? Како се консултираат подрачните училишта?

Во делот собирање на податоци, се наведени податоците кои се собрани за програмското подрачје „Раководство, креирање политика“ и  методите кои се користени за обработка на документите. Најчести документи кои се прегледуваат во ова програмско  подрачје се:

  • Основни податоци за училиштето
  • Статут на училиштето
  • Записници од состаноци на Училишен одбор
  • Записници од состаноци на Наставнички совет
  • Годишната програма за работа
  • Записници од состаноци на Советот на родители
  • Соопштенија
  • Записници од состаноци на ученичката заедница
  • Програми за реализација на проекти од граѓански карактер
  • Записници од индивидуални средби со ученици
  • Оперативни Наставни планови и програми за ученици со посебни потреби

Методите кои најчесто се користат за собирање на податоците се:

  • Анкета за ученици
  • Интервју со претседател на училишен одбор
  • Анкета за наставници
  • Интервју со директорот
  • Анкета за родители

Субјекти кои најчесто се вклучени во собирањето на информациите се:

  • Тим за собирање на податоци од ученици
  • Тим за собирање на податоци од родители
  • Тим за собирање на податоци од наставници
  • Членови на работната група

Резултати кои ги претставуваат клучните јаки и слаби страни. На пример:

Јаки страни 

  • Во училиштето функционираат сите органи и тела предвидени со Законот за основно образование
  • Надлежностите се јасно разграничени меѓу директорот, училишниот одбор, наставничкиот совет како највисоки органи во училиштето и советот на родители како помошен орган
  • Демократско водење на состаноците од страна на раководството
  • Вклученост на подрачните училишта во повисоките органи на училиштето
  • Еднаков третман на сите ученици
  • Мултијазично училиште со меѓусебна доверба кај учениците
  • Опфатеност на подрачните училишта во годишната програма за работа на училиштето

Слабости

  • Недоволна застапеност на женскиот пол во структурата на раководење со училиштето
  • Немање поблиски политики и правилници во врска со девијантните појави кај учениците
  • Недоволна вклученост на сите субјекти во креирањето училишна политика
  • Различно уредени и опремени училници
  • Немање активности за долгорочно планирање
  • Недоволна опременост на училиштето

Во делот анализа на резултатите се дава подетална евалвација на подрачјето.

school-management-system

На пример- Кога станува збор за раководењето во училиштето функционираат сите органи и тела предвидени со Законот за основно образование, при што секој со своите надлежности придонесува за поуспешно функционирање на училиштето. Во дел од органите се јавува недоволна застапеност на претставници на женскиот пол особено припаднички на албанската и турската етничка група. Радува фактот што во училиштето има редовност и конструктивност на предвидените состаноци, при што важно е да се напомене дека присуството на претставници од подрачните училишта е на високо ниво. Одлуките во училиштето се проследени со консултации меѓу вработените и постои задоволителна информираност и на другите субјекти. Но сепак треба да се истакне дека креирањето училишна политика се одвива недоволно организирано како и утврдената состојба за немање поолитика и правилници за учениците кои се неодговорни. Во училиштето се работи на зголемувањето на училишната доверба, педеднаков третман на учениците со различни способности и предиспозиции особено се внимава мултиетничноста во истото. Со годишната програма за работа на училиштето наставниците се информираат на наставнички совет.

Учениците, наставниците и родителите искажаа висок степен на задоволство од односот со раководството. Притоа ги искажаа и своите забелешки дека не им се допаѓа тоа што изгледот на училниците не е еднаков, имено некои класови се делумно реновирани, самоиницијативно од страна на одредени одделенија, додека пак други треба целосно да се реновираат. Спротивно на ова големо е задоволството од заедничките простории како што е кабинетот по информатика. Прифатливо за учениците е и воспоставениот ред и дисциплина во училиштето како и односот со наставниците. Родителите исто така сметаат дека управата ефикасно работи. Наставниците пак се особено задоволни од функционирањето на наставничкиот совет, одделенскиот совет, а особено стручните активи на одделенските и предметните наставници. Долгорочното планирање во училиштето не се практикува, додека годишното е поткрепено со податоци од претходната година, а поретко со анализа на неколку изминати години.

На крајот, се претставуваат идните активности, односно приоритетни подподрачја (оддели), во рамките на ова подрачје,  кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето:

  • Поголема вклученост на жените во структурите на раководење во училиштето
  • Организирано креирање училишна политика и преземање активности за долгорочно планирање
  • Подеднаква опременост на сите училници во училиштето, согласно намената и потребите.

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.