School - Училиште

За значењето на резулататите од самоевалвацијата

Ова е последниот текст од циклусот текстови посветени на училишната самоевалуација: Самоевалуација на училиштето“, „Прво подрачје (1) од самоевалуацијата – „Планирање и подготовка на наставата“ , Второ подрачје (2) од самоевалуацијата – „Водење педагошка евиденција и документација“Трето подрачје (3) од самоевалуацијата – „Учење и настава“ , Четврто подрачје (4) од самоевалуацијата – „Поддршка на учениците“ , Петто подрачје (5) од самоевалуацијата -„Училишна клима – Етос“Шесто подрачје (6) од самоевалуацијата – „Ресурси“  и Седмо подрачје (7) од самоевалуацијата – „Раководство, креирање политика“

Преку самоевалвацијата училиштето прибира податоци за своето работење во дадени области и врз база на собраните податоци создава слика за себе каде е и каде треба да биде во иднина во сите сфери од неговото работење, односно успешно функционирање. На овој начин и наставниците  создаваат слика за себе, колку се тие успешни во своето работење и што треба да подобрат за да бидат поуспешни, а со самото тоа да напредуваат во својот кариерен и професионален развој.

            Спроведувањето на самоевалвацијата во училиштето како процес не е еднократен. Таа треба да се спроведува по заокружувањето на еден циклус активности за промена, за да се констатира дали преземените активности резултирале со отстранување на слабостите и унапредување на состојбата во училиштето.[1]

            Континуираното стекнување знаења кај наставниците создава потенцијал за нивниот професионален и кариерен развој и битно влијае во квалитетното структуирање на воспитно-образовниот процес.[2]

Root1

            Во кариерниот развој на наставниот кадар учествува Комисија составена од: еден одделенски наставник и наставник по предметна настава, педагог, односно психолог во училиштето, еден родител, директорот на училиштето, член на училишниот одбор кој е претставник од основачот и советник од Бирото. Од претходно кажаното може да се согледа дека, речиси, сите фактори вклучени во училишната самоевалвација учествуваат и во кариерниот развој на наставникот.

При напредувањето на наставниците во соодветното звање покрај резултатите од интегралната евалвација училишната комисија задолжително ги зема

предвид и резултатите од самоевалвацијата содржани во Националниот извештај за работата на наставниците и стручните соработници.

Основното училиште по завршувањето на секоја четврта учебна година може да врши напредување од најдобрите вработени од редот на наставниците во секое од пропишаните звања и може да предложи од најдобрите  вработени од редот на наставниците да напредуваат во уште повисоки звања пропишани со Законот за основно образование, а  на предлог на Наставничкиот совет.

[1] Петроска Бешка – Виолета,  „Самоевалвација по мерка на детето“,Скопје, Биро за развој на образованието, 2011.
[2] Peter Aubusson, „Teacher Learning and Development: The Mirror Maze“ Self-Study of Teaching and Teacher Education Practices, 2006.

 

Ј.Б.

(Извадок од магистерскиот труд на авторот)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.