Students - Ученици

НЕУСПЕХОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОСУДУВА ОД НЕГО ТРЕБА ДА СЕ УЧИ

Се поставува прашањето дали неуспехот може да помогне во учењето на учениците? Одговорот е дека може и тоа во голема мерка доколку успееме учениците да ги научиме да учат на сопствените грешки. Учениците не треба да ги учиме да се плашат од неуспех иако неуспехот предизвикува одредени непријатности и нè поттикнува да се откажеме од она што сме планирале да го направиме или од она што сме го посакувале.

Наставникот треба да го научи ученикот да не се плаши од неуспех, туку да го научи од него да извлече поука и во иднина да не ги прави истите гршки. Евидентно е дека учениците се плашат од неуспех, не само во училиште, туку и во нивниот приватен живот. Стравот е присутен во далеку поголема мерка од реалните последици кои би можел да ги донесе неуспехот. Лошо е што голем број ученици неуспехот го доживуваат како доказ на сопствена неспособност и сметаат дека се лица кои имаат ниска општествена вредност. Врз основа на тоа тие сами себе се осудуваат и сметаат дека неуспехот е нешто од кое треба да се чувствуваат понизно и да се срамат. Одредени ученици причината за сопствениот неуспех ја бараат кај другите од нивното опкружување, подготвени се да осудат сè и секого околу себе. Постојат ученици кои одбиваат да го признаат неуспехот трудејќи се од петни жили неуспехот да го претстават како успех , а во тоа и самите себе се убедуваат, но ги убедуваат и оние околу себе дека неуспехот всушност е нивно големо достигнување. Има и такви ученици кои плашејќи се од неуспех ќе се повлечат самите во себе во некој имагинарен свет од кој е многу тешко да се разубедат да излезат надвор и да се соочат со реалниот живот.

            Наставникот треба да им предочи на учениците дека неуспехот е составен дел од животот, дека е човечки да се греши, но исто така да им предочи дека тие од грешките трба да учат и да се трудат во иднина да не ги повторуваат.

            Да се грши и не е толку страшно, проблемот не е во грешките кои ненамерно ги правиме, туку во нашиот однос кон нив. Грешејќи не нанесуваме голема штета на самите себе, туку не е добро да ги занемаруваме грешките, односно да одбиваме да научиме нешто од сопствените гршки кои ги правиме на тој начин што истите не сакаме да ги признаеме осудувајќи се себе си или пак оние околу нас. Исто така не е добро да се повлечеме во себе од реалноста која не опкружува со цел да ја задржиме илузијата дека сме идеални и непогрешливи. Неуспехот од кој сакаме нешто да научиме е многу покорисен од успехот кој може да не остави заслепени.

happykid

            Во однос на успехот и неуспехот кои се составен дел од човековиот живот наставникот треба да ги учи учениците реално да се соочат со нив. Голем број ученици тешко може да посочат што сакаат во животот, односно јасно да ги дефинираат нивните суштински цели и желби. Често се случува да посакуваат желби и да остварат цели кои ги немаат самите донесено, туку во однос на нив се споредуваат со оние околу себе од потесното и поширокот опкружување. Многу ученици може јасно да посочат што не скаат, но потешко им оди кога треба да посочат што сакаат, кои се нивните стремежи и кој е нивниот животен пат. Учениците треба да се научат како успешно да го одберат нивниот животен пат за да знаат како да стигнат до нивната посакувана цел. Наставникот треба на учениците јасно да им посочи што е успех согласно нивните потреби и желби и да се потруди да им објасни како се доаѓа до истиот. Наставникот треба да се труди да го научи ученикот да не создаде лажна претстава за себе која лесно може да прерасне во негово уверување, која ученикот ќе се труди на секој можен начин да ја одржува, а која всушност  претстава само е една лажна слика. Поголемиот број ученици ќе се трудат да ја докажат исправноста на својата искривена перцепција за реалноста иако таа е невистинита и негативна, а тоа ќе се должи на нивната несвесност за реалноста. Спротивно на ова постојат и добар број ученици кај кои не е евидентна амбициозноста. Тие ученици едноставно не се борат да ги достигнат своите цели, нив ги карактеризира и одликува марзливоста, а некои и страв. Овие ученици треба да бидат поттикнати од наставниците нивните цели да извираат од нив самите, треба да им се посочи дека остварувањето на целите ќе ги донесе до потполно задоволство и оствареност, овие ученици треба да бидат научени да не се плашат од успехот, затоа што ако се плашат од преземање чекори за постигање на одредени успеси тие никогаш нема да ги достигнат посакуваните цели, едноставно наставникот треба да се насочи кај нив да ја поттикнува амбициозноста и желбата. Наставникот ќе ги препознае овие ученици доколку кај нив забележи отсуство на залагање за оставурвање одредена цел, самодеструктивно однесување, потешкоти при носењето одлуки и неспособност за решавање одредени проблеми, недостаток на мотивација, постигнување резултати кои не се во согласност со способностите на ученикот, чувство на вина, конфузност  и анксзиозност кога ќе постигне одреден неуспех, привлекување внимани преку истакнување на сопствените недостатоци со цел да се покаже сожалување кон него, работите ги прават спротивно од она што е исправно и се свесни за таквите несоодветни постапки, ги потценуваат сопствените успеси.

law-school-success

Учениците трба да се научат дека лесно не се постигнува сканиот успех. Не може посакуваните соништа да се реализираат преку ноќ. Очекувањата дека големите цели ќе се достигнат брзо без да се вложи голем труд предизвикуваат учениците да не се радуваат на помалите постигнати успеси, а кои пак мали успеси ја чинат големата слика на големиот успех. Тоа кај учениците доведува до губење на трпението и откажување пред да се дојде до вистински посакуваната цел. Учениците треба да ги научиме дека сè што е вредно и значајно не се постигнува лесно и едноставно. Учениците треба да ги научиме да планираат. Работите кои се вршат без јасно дефиниран план се површни без суштинска длабина. Учениците треба да ги научиме да се соочат со причините за неуспехот затоа што на тој начин ќе научат во иднина како неуспехот треба да се претвори во успех. Доколку за нашиот неуспех ги обвинуваме другите, не правиме ништо добро затоа што нема да можеме да ги видиме сопствените недостатоци и нема да можеме во иднина тие недостатоци да ги отстраниме.

Во однос на промените, потребно е да ги научиме учениците дека за постигнување на успех потребно е првично самите себе да се сменат, а потоа да ги менуваат другите. Обратниот редослед нема да не води никаде. Доколку за нашиот неуспех секогаш ги обвинуваме другите, тоа значи дека ние не сме самостојни, тоа значи дека постигнувањето на успехот не зависи од нас туку зависи од другите. Горделивоста, нарцисоидноста и суетноста се често поврзани со крајниот исход наречен неуспех. Тие го спречуваат ученикот да побара објективна повратна информација и да дознае што е тоа што погрешно го прави и го спречува да го достигне посакуваниот успех. Учениците треба да ги научиме да бидат трудољубиви да не очекуваат дека успехот ќе дојде сам од себе, судбоносно. Треба да знаат дека животот ги наградува делата, а не желбите идеите и размислувањата. На учениците треба да им предочиме дека тие не се сезнајковци, мора да знаат дека најдобро се учи преку споделување на стекнатото знаење, да немаат одбојност и недоверба кон одредени авторитети (наставник, директор, претставници од стручната служба итн.). Ученикот секогаш треба да смогне сили за да биде отворен за стекнување нови знаења кои наставникот му ги нуди. Ученикот не смее да биде љубоморен, бидејќи љубомората е непријател на успехот и една од основните причини која предизвикува страв од постигнување успех. Љубомората посебно е присутна во оние моменти кога имаме сомнеж во сопствените компетенции и вредности. Учениците треба да ги научиме дека дисциплината е клучен елемент кој води до остварување на посакуваната цел. Дисциплината претставува продукт кој доаѓа преку наша самоконтрола на она што е во нас. Дисциплината претставува способност преку која она што го имаме започнато ќе го донесеме до крај.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.