Teachers - Наставници

Форма и содржина на професионалното досие на наставникот

За секој наставник во основното и средното образование задолжително се води професионално досие кое треба да содржи 32 страници, на хартија формат А4. Секое професионално досие има корица на која е напишано „Професионално досие на наставникот и стручниот соработник во основното/средното училиште‘‘, како и податоци за името на училиштето, местото и општината каде тоа се наоѓа и работи.

На првата страница од професионалното досие е напишан називот „Професионално досие на наставникот и стручниот соработник во основното/средното училиште‘‘, податоци за : името на училиштето; местото каде се наоѓа тоа училиште; името на општината каде припаѓа училиштето; податоци на наставникот, односно стручниот соработник; име и презиме, работна позиција, наставниот предмет по кој ја реализира наставата, степен и вид на образование, колкаво е работното искуство во воспитно-образовната работа, звање на наставникот; место за потпис на директорот и печат на училиштето.

 Следните страници се поделени по подрачја кои содржат податоци поврзани со воспитно-образовниот процес на наставникот. Страниците од 2 до 5 се исти и треба да содржат: податоци за учество на наставникот на обуки; тема на обуката на која учествувал наставникот; име на организаторот на обуката (обуки извршени од страна на Бирото за развој на образованието и акредитирани програми и понудувачи на обука); времетраење на обуката (во часови); датум кога се одржала обуката, и вид на издадениот сертификат – дали обуката е само посетувана или истата е завршрена со тоа што практично е применето наученото од истата под надзор на стручни лица. Во врска со истата треба да има и материјален доказ во прилог.

Следните две страници, 6 и 7 се идентични и треба да содржат податоци за наставникот, за учество како реализатор или кореализатор на семинари во училиштето организирани од други институции, тука пред сè се мисли на дисеминација на семинари/обуки/работилници кои наставникот ги следел, а потоа наученото го дисеминира во матичното училиште пред останатите колеги. Овој дел треба да содржи: тема на обуката; организатор на обуката; времетраењето изразено во часови; датумот на одржување на тие семинари; местото каде се реализира; бројот на учесници кои ја следат обуката и материјален доказ како прилог.

Податоците за објавени материјали и трудови од сферата на образованието се наоѓаат на четири страници во професионалното досие на наставникот и тоа почнувајќи од страница 8, па се до страница 11. Сите четири страници помеѓу себе се идентични. Меѓудругото во овој дел треба да стои: наслов на публикацијата, односно стручниот труд; име на издавачот; година на издавање; место на издавање и материјален доказ во прилог.

Страниците од 12 до 15 помеѓу себе се исти и содржат податоци поврзани со учеството на наставникот во развојни и акциски истражувања; меѓународни и домашни проекти; сопствени излагања на  конференции и стручни советувања и тоа: назив на истражувањето, односно проектот, конференцијата; која е улогата на наставникот во проектот, односно истражувањето; времетраење на изтражувањето или проектот; каде се има одржано конференцијата и материјални докази во прилог.

Следните две страници 16 и 17 се исти и во себе содржат податоци од извршената самоевалвација и тоа: просечна оценка од самоевалвацијата; година кога е спроведена самоевалвацијата; материјални докази како прилог и забелешки.

Интегралната евалуација, односно податоците поврзани со неа се претставени на страница 18 и страница 19 од професионалното досие. Тие помеѓу себе се идентични, во себе содржат: просечна оценка од интегралната евалвација; година кога се спровела интегралната евалуација; материјални докази како прилог и забелешки.

Страниците од 20 до 25 помеѓу себе се идентични и во себе содржат оценка за наставникот од Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници  поврзани со екстерното проверување; година кога е спроведено екстерното проверување; предметот по кој е спроведено екстерното проверување; материјални докази поврзани со истото, како и забелешки (со укинувањето на екстерното проверување, овие страници од Професионалното доси не се во функција).

Следните две страници, 26 и 27 се исти и се однесуваат на информации, односно во себе содржат податоци за датумот на посета на наставникот од страна на советник од Бирото за развој на образованието; цел на посетата; материјален доказ во прилог и забелешка.

Страниците 28 и 29 во себе содржат информации за стекнатите сертификати, признанија и дипломи, кои наставникот ги има стекнато и смета дека се од интерес со неговиот професионален развој и усовршување и смета дека е корисно да ги приложи, и тоа: предмет за издавање за сертификат, уверение (обука, натпревар и слично); име на организаторот; времетраење на часови на обуката; датум кога е издаден сертификатот или некој друг податока, како и матријален доказ во прилог.

Последните три страници 30, 31 и 32 помеѓу себе се идентични и содржат податоци за: датумот на предавање; вид на прилогот, (сертификат, уверение и слично); потпис на наставникот; потпис на одговорното лице за досието.

http://www.bro.gov.mk/docs/pd/profesionalno_dosie_osnovno_obrazec.pdf

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.