Teachers - Наставници

Како се води професионалното досие на наставникот?

http://www.bro.gov.mk/docs/pd/pravilnik_za_formata_sodrzinata_i_nacinot_na_vodenjeto_na_profesionalnoto_dosie_na_nastavnikot_i_strucniot_sorabotnik_vo_osnovno_usiliste.pdf

http://www.bro.gov.mk/docs/pd/pravilnik_za_formata_sodrzinata_i_nacinot_na_vodenjeto_na_profesionalnoto_dosie_na_nastavnikot_i_strucniot_sorabotnik_vo_srednoto_usiliste.pdf

Во однос на водењето на професионалното досие постојат одредени пропишани правила. Професионалното досие треба да се води во печатена форма. Задолжително се води на македонски јазик со употреба на кирилско писмо. За останатите припадници од другите заедници кои воспитно-образовниот процес го изведуваат на својот мајчин јазик, професионалното досие задолжително се води на македонски јазик и кирилско писмо и јазикот и писмото на заедницата на која наставникот припаѓа.

За наставникот професионално досие отпочнува да се води со самото негово вработување и истото континуирано треба да се надополнува во текот на целиот негов работен век.

За наставникот професионалното досие го води училишниот стручен соработник, во меѓусебна соработка и договор со лицето за кое е тоа наменето. Додека професионалното досие за училишниот стручен соработник го води директорот на училиштето, во договор и соработка со лицето за кое е тоа наменето.

Професионалното досие во себе задолжително треба да содржи материјални докази кои служат како потврда на она што е претставено во професионалното досие. Во прилог на досието задолжително се дава фотокопија од материјалниот доказ, додека оргиналот се доставува само при вршењето на упис на податокот.

За сите податоци во професионалното досие на наставникот треба да има материјални докази. Материјалните докази се поврзани и се во согласност со податоците, па така како најчести материјални докази се сертификати, потврди и уверенија. Копии од корица и подкорица на објавен стручен труд или содржината на списанието, односно публикацијата и копија од првата страница на списанието/публикацијата кеде е објавен трудот на наставникот. Потврди од организации и институции каде наставникот учествувал во проект, со копија од приложен објавен извештај од истражувањето, публикација или друг материјал каде може да се види името и улогата на наставникот, стручниот соработник во проектот, односно истражувањето, или решенија од организации и институции за формирање стручни тимови за истражувања и проекти во коишто може да се види името на наставникот во тимот. Кога наставникот учествувал на одредени стручни конференции и советувања како материјален доказ се приложуваат поканите од организаторот, како и копии од билтен, информатор, извештај од совтувањето, односно конференцијата каде може да се види називот на на стручниот труд и името на наставникот како автор на истиот. Како материјални докази се сметаат и податоци за наставникот од листата за самоевалвација спроведена во училиштето, со печат и потпис на директорот, податоци за наставникот од извештајот во врска со интегралната евалвација, а спроведена од страна на Државниот просветен инспекторат, податоци од Националниот извештај за работата на наставниците и стручните соработници, подготвен од Државниот испитен центар, податоци од извештајот за работата на наставникот од страна на Бирото за развој на образованието.

Доколку се случи наставникот да го промени училиштето во коешто го изведува воспитно-образовниот процес, му се изготвува ново професионално досие, а во прилог се остава претходното досие, со печат и потпис на директорот од училиштето. Доколку се пополни професионалното досие на наставникот, се отвора ново професионално досие, а постоечкото досие се става во прилог на новоотвореното.

Професионално досие-1

 Професионалното досие во прилог на кариерниот развој на наставниците

Професионалното досие во кариерниот развој на наставникот има многу значајна улога. Првенствено, Училишната комисија за кариерен развој на наставниот кадар без професионалното досие не може да постапува (кариерниот развој, односно напредувањето на наставниците и стручните работници сè уште не е во функциј во училиштата во нашата земја), односно да го врши напредувањето на наставниците во звања. Училишната комисија напредувањето на наставниците го врши врз база на Професионалното досие, односно според постигнатите резултати кои се бележат во професионалното досие и тоа: учество на наставникот на обуки, учество на наставникот во реализација на семинар во училиштето како кореализатор на семинар организиран од друга институција, издадени стручни трудови на наставникот од областа на образованието, учество на наставникот во акциски и развојни планирања, проекти, стручни советувања и конференции, резултати од спроведената училишна самоеавлуација, резултати од интегралната евалвација, извештај за наставникот од спроведеното екстерно проверување, (екстерното проверување повеќе не е во функција) посета на советник од Бирото за развој на образованието,  стекнати сертификати и дипломи.

Од кажаново може да се заклучи дека Професионалното досие претставува база на податоци, во кои се чуваат сите битни информации поврзани со работата на наставникот, а се исклучително важни и влијаат во неговото кариерното напредување.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.