Teachers - Наставници

Воведниот дел од часот при реализирање нова наставна содржина

Во наставата постои мислење дека воведниот дел од часот при реализација на нова наставна содржина треба да трае од 5 до 10 минути. Во однос на ова има бројни дискусии дали воведот бил под или над ова време и колку е практично наставникот постојано да гледа во часовник за да се држи до предвидената временска рамка од 5 до 10 минути.

Наставната пракса покажала дека не е потрбно при реализацијата на нова наставна содржина наставникот круто да се држи до временската рамка на воведниот дел од часот, а тоа значи да трае од 5 до 10 минути. Воведниот дел на часот зависи од многу фактори, некои од нив се: тежината на следните активности на часот, начинот на реализирање на наставната содржина, содржината на воведниот дел, возраста и развојните карактеристики на учениците, наставниот предмет, редот на наставниот час во текот на денот, работниот ден во текот на неделата, замореноста на учениците, атмосферските прилики, дали е претпладневна или попладневна смена во училиштето итн. Од споменатото може да се констатира дека временското нормирање на воведниот дел од часот не е неопходно и е поврзано со многу услови. Пример, наставникот може на самиот почеток од часот да постави круцијално, суштинско прашање користејќи ја наставната техника „закачалка“, каде ќе го привлече вниманието и љубопитноста на сите ученици и тие ќе сакаат во текот на целиот час внимателно да го следат предавањето на наставникот за да дојдат до посакуваниот одговор на поставеното прашање, а наставникот може веднаш по поставувањето на прашањето да помине на главниот дел од часот и реализацијата на новата наставна содржина. Исто така во воведниот дел временската рамка од 5 до 10 минути може да се почитува доколку наставникот структурално така го испланирал текот на наставниот час. Сепак, со оглед на тоа што во нашите училишта наставниот час трае 40 минути во основните училишта и 45 минути во средните училишта, наставникот пред реализацијата на новата наставна содржина треба да ги има испланирано сите фази од часот и неопходното време потребно за реализација на истите. Од тие причини временското траење на воведниот дел на часот треба рационално и економично да се реализира за да може што побаргу да се премине на главниот дел на часот на кој учениците ќе се запознаат со новата наставна содржина и поимите поврзани со неа. Одолговлекувањето на воведниот дел за сметка на главниот дел од часот може да ги остави покуси учениците за нови знаења и поими од причина што во тој случај наставникот нема да има време исцрпно и целосно да ја реализира новата наставна содржина и да ги објасни новите поими поврзани со неа.

вов

Тука сакам да направам една мала дигресија и да кажам едно мое согледување од мојата досегашна пракса од повеќегодишното работење каде имам забележано дека наставниците од одделенска настава имаат поголем проблем околу држењето до временската рамка при реализирањето на еден наставен час, за разлика од предметните наставници во основните и средните училишта каде ова не е пракса. Оваа појава се должи на тоа што одделенските наставници предаваат само во една иста паралелка и работат само со едни исти ученици и знаат често временски да навлезат од еден во друг час без притоа да водат сметка дека некој друг наставник треба да влезе во паралелката за да го одржи својот час. Ова посебно се однесува за наставата од 1 до 4 одделение каде во паралелката работи само одделенскиот наставник (и наставникот кој предава англиски јазик). Праксата покажала дека не може да се направи јасна дистинкција на реализација на наставен час по фази во прво одделение, барем во првите 2-3 месеца додека учениците се привикнуваат на училишниот  живот од причина што учениците се сè уште мали и се запознаваат со училиштето и поимите поврзани со него. Исто така тие немаат толкава моќ и концентрација да издржат 40 минути на едно место и да бидат внимателни во однос на активностите кои се реализираат на самиот наставен час.

Вистински пристап за успешна реализација на воведниот дел од часот имаат оние наставници кои во првите минути од часот ќе успеат учениците емоционално да ги придобијат и интектуално да ги активираат за часот кој треба да се реализира. На тој начин тие ќе го добијат целосното внимание од учениците и реализацијата на новата наставна содржина ќе оди лесно и продуктивно. Од голема важност е наставникот да знае успешно да го направи преминот од воведна фаза во главна фаза на наставниот час. Обично тоа е моментот кога наставникот го има целото внимание на учениците, кога сите погледи на учениците се насочени кон него, кога во училницата владее потполна тишина и сите ученици го следат и слушаат наставникот, односно моментот кога наставникот ќе процени дека се создадени поволни и објективни услови во училницата и субјективни услови кај учениците. Ова е најсоодветниот дел кога наставникот треба да премине од воведна во главна фаза на наставниот час.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.