Professional associates - Стручни соработници

Индикатори за следење на детето при неговиот упис во прво одделение (Алатка)

Дадените индикатори претставуваат своевиден инструмент за следењето на постапките и однесувањето на детето при неговиот упис во прво одделение. Овој инструмент е поделен во неколку подрачја, а секое подрачје содржи индикатори. Во однос на индикаторите претставникот од Комисијата за упис на првачиња (обично тоа е училишниот педагог/психолог) ги бележи реакциите на детето на тој начин што во однос на секој индикатор бележи позитивен или негативен одговор и истовремено во однос на одговорот изнесува одредена забелешка.

  1. Поле „Слобода на движење“
  • Слободно се движи низ просторијата
  • Детето не се двои од родителите
  • Повремено оди кај родителите
  • Цело време седи на страна
  • Не сака воопшто да седи во просторијата

2. Поле „Однесување кон другите деца“

  • Приоѓа кон другите деца
  • Разговара со останатите деца
  • Им ги зема играчките, материјалите, нагледните средства
  • Им подава играчки, материјали, нагледни средства
  • Сака да игра заедно со другите деца
  • Сака да игра сам/а

3. Поле „Однесување кон дидактичките средства“

  • Само ги допира и разгледува
  • Ги користи со внимание
  • Ги фрла и не внимава на нив
  • Има желба да прави нешто со нив
  • Не прави ништо со нив/ не покажува никаков интерес

меце

4.Поле „Однесување кон родителот“

  • Не се двои од родителите
  • Не бара поддршка од родителите
  • Бара во активностите да му се придружат и родителите
  • При давањето одгвори бара помош од родителите
  • Од родителите бара одобрување при изнесувањето на одговорот
  • Не бара помош од родителите дури и тогаш кога тие му се обраќаат

5. Поле „Однесување кон непознати“

  • Слободно комуницира со непознати
  • Се срами од непознати
  • Не сака да комуницира со непознати
  • Ги исполнува задачите кои му се доверени од непознато лице
  • Не ги исполнува задачите кои му се доверени од непознато лице
  • Само може да води разговор со непознато лице

6. Поле „Однесување на родителите кон детето“

  • Постојано го набљудуваат и го следат детето
  • Повремено го следат детето
  • Постојано го поттикнуваат
  • Повремено го поттикнуваат
  • Му сугерираат одговори
  • Се вклучуваат со дополнувања на одговорите кои ги дава детето
  • Му ги негираат одговорите
  • Кога процениле дека има потреба му помагаат на детето
  • Не му помагаат на детето кога за тоа има потреба

1st-day-of-1st-grade

7. Поле „Говор“

  • Манифестира правилен изговор на сите гласови
  • Пелтечи
  • Правилно и целосно склопува реченица
  • Користи малку зборови при давање одговор
  • Како одговор користи само „Да“ и „Не“
  • Детето има сиромашен речник
  • Не го познава јазикот на кој треба да ја следи наставата
  • Делумно го познава јазикот на кој треба да ја следи наставата

8. Подрачје „Прашања наменети за детето“

  • Како се викаш?
  • Кога ти е роденденот?
  • Колку години имаш?
  • Дали имаш брат или сестра?
  • Како се вика братот, односно сестрата?
  • Кој е поголем ти или твојот брат/сестра?
  • Каде живееш/ дали ја знаеш адресата каде живееш?
  • Како се викаат твоите другари/ки?
  • Која ти е најомилена игра?
  • Што сакаш најмногу да гледаш на телевизија?
  • Дали и колку играш на компјутер/таблет/мобилен телефон?
  • Како го поминуваш денот?
  • Дали имаш баба и дедо?
  • Каде живеат тие?
  • Дали некогаш си патувал со воз или авион / дали би сакал / зошто?
  • Каде сакаш да одиш на летен одмор?
  • Каде најмногу патуваш?
  • Дали сакаш да одиш на училиште / Зошто?
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.