Teachers - Наставници

Мобилната технологија (иднина) во функција на образовниот процес

Со напредогот на технологијата се зголемува разновидноста на помошните средства за учење. За ова посебно треба да бидат свесни наставниците бидејќи учениците уште од најмали нозе поседуваат различна мобилна технологија. Задачата на наставниците е да ги насочат учениците како таа мобилна технологија правилно да ја користат во насока на стекнување нови знаења. Мобилното учење подразбира учење базирано на напредна технологија на било кое место и во било кое време. Најдобри резултати во однос на ова учење постигнуваат скандинавските земји и некои земји од Источна Азија. Во овие земји наставниците навремено ги препознале потенцијалите на мобилното учење од причина што тие наставници увиделе дека нивните ученици во денешно време користат разновидни мобилни направи кои може да се применат, меѓу другото, и во едукативни цели. Мобилното учење може да се реализира на најразлични места вклучувајќи ја училницата, домот, надвор во природа итн.

mbb

Како најзастапени и најдостапни мобилни уреди кои ги користат децата, а може да се насочат за мобилно учење се: мобилните (паметни) телефони, таблети, МП3 и МП4 плеери, конзоли за играње, нетбок комјутери, лаптоп компјутери. За мобилното учење преку паметен мобилен телефон меѓудругото потребен е и интернет. Користејќи го овој уред учениците можат во кое било време и на кое било место да се стекнат со информации потребни во нивниот секојдневен образовен процес. Наставникот треба да му посочи на ученикот и истовремено да го научи дека неговиот паметен телефон освен што служи за комуникација и споделување информации на социјалните мрежи истиот може да се коиристи и како учебник, ециклопедија, речник итн. Од него учениците може да добијат различни коирисни информации кои ќе им послужат во секојдневното учење по сите наставни предмети. Сите паметни телефони нудат можност преку одредени апликации (аппстор, овистор, андроид маркет) да се преземат разни книги или едукативни алатки и апликации за учење. Со напредокот на технологијата може да се каже дека во скоро време од електронско учење ќе се премине на мобилно учење. Како поткрепа на ова е современиот начин на живеење и брзиот технолошки развој. Денес буквално во еден паметен мобилен телефон, или уред сличен на него (таблет) може да се соберат информации и податоци многу повеќе отколку што може да има во една училишна библиотека или медиотека. Мобилното учење во однос на класичниот начин на учење има повеќе предности, некои од нив се:

  • може да се одбере местото за учење (во училиште-училница, дома, во природа, во кафетерија итн.),
  • ученикот може да избере време во кој било дел од денот за учење,
  • учениците темпото на учење го приспособуваат согласно нивните можности и нивните потреби,
  • преку овој начин на учење информациите на ученикот му се постојано на располагање за сопствено усовршување и напредување,
  • ученикот може онлајн да се вклучи на одредени предавања интересни за него и активно да учествува на истите,
  • секојдневно му се на дофат разни едукативни апликации и програми,
  • покрај она што го учеле во училиште имаат можност темата, односно наставната содржина да ја прошират преку најразлични достапни информации и истите да ги видат како функционираат и визуелно,
  • имаат можност преку различни апликации и програми она што го учат да го научат уште подобро преку симулации,
  • нуди учење на далечина,
  • доколку ученикот има одреден здравствен физички проблем преку овој начин на учење наставата може да ја следи и од дома.

mb

Во однос на мобилниот начин на учење од голема важност е овој вид учење да биде прифатен првенствено од самите наставници. Тоа подразбира наставниците да знаат добро да ракуваат со мобилната технологија и истовремено истата да ја користат за време на часовите. На тој начин наставниците ќе им дадат личен пример и ќе ги насочат учениците како да ја користат мобилната техологија за учење поврзано со наставните содржини и цели кои произлегуваат од наставната програма за соодветниот наставен предмет. Факт е и тоа дека постојат и многу неразјаснети прашања во однос на учењето преку мобилната технологија. Овој начин на учење денес е на самиот почеток и служи како поткрепа на традиционалниот начин на учење. Но, исто така е факт и тоа што денес постојат голем број на онлајн апликации и материјал за учење, а новото време на живеење преку брзиот напредок на техологијата наметнува ова учење сè повеќе и повеќе да станува реалност. Во многу блиска иднина нема да се поставува прашањето дали мобилното учење е изводливо, туку ќе се разгледуваат можностите како тоа ќе може ефикасно да се вклопи во образовните програми, без разлика дали ќе стане збор за техолошки или методски пристап. Мобилното учење истовремено претставува предизвик и можност. Треба да се има предвид дека мобилната технологија во рацете на денешните генерации ученици денес и во блиска иднина може да се искористи како силно средство за учење.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.