Students - Ученици

РАЗВИВАЊЕ КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ

Уште од најмали нозе учениците треба да ги учиме критички да размислуваат, но пред да го сториме тоа, треба да бидеме целосно подготвени како наставници, точно да знаеме што е критичко мислење. Критичкото мислење претставува сложен процес кој резулитра со анализа и вреднување на тврдењата, пронаоѓање логички оправдувања за тврдењата, споредба со други спротивни тврдења, темелна анализа на тврдењата и приговорите и конечно заземање став. Критичкото мислење подразбира обработка на информации, решавање проблеми, донесување одлуки, учење.

Критичкото мислење ги негува и развива следните интелектуални вредности:

  • Логичност
  • Јасност
  • Прецизност
  • Објективност
  • Релевантност
  • Конзистентност
  • Кохерентност
  • Длабина

kriticko-1

 Овој вид мислење овозможува дистанцирање од сопствените предрасуди и размислувања и доаѓање до поткрепени и логични заклучоци во однос на она што го работиме и во однос на она во што вистински треба да веруваме. Критичкото мислење се заснова на критериуми, рационални аргументи, точни проценки, вреднување засновано на логички и контекстуални заклучоци, тоа се корегира само себеси и многу зависи од контекстот. Овој вид мислење подразбира да сме целосно свесни за сопствениот процес на размислување, сознавање и носење заклучоци. Ова важи и за емоциите и мотивот кои се интегрален дел од нашето размислување, но сопственото размислување секогаш (кое најчесто се темели на емоции) треба да се држи под контрола кога станува збор за критичкото мислење.

            Критичкото мислење во современиот воспитно-образовен процес има позитивна конотација. Новиот концепт на настава се труди да го минимизира стариот концепт кој беше заснован на тоа да ученикот механички го помни наставниот материјал без сопствено мислење за него, ваквиот начин на мислење современата настава има за цел да го надмине. Од наставникот во современото време на настава се бара кај учениците да го поттикнува и развива критичкото мислење и вештините поврзани со него. Во однос на кажаново како поткрепа произлегува дека новото демократско општествено живеење креира граѓани кои трезвено размислуваат, преиспитуваат, вреднуваат и носат промислени одлуки; граѓани кои имаат развиено критичко мислење кое мислење одговара на современиот општествен граѓански живот; граѓани кои преку критичкото мислење успешно се справуваат со брзите промени во општеството, големата количина на достапни информации кои треба правилно да се селектираат преку еден активен и промислен критички пристап.

Критичкото размислување во себе ги содржи следните интелектуални способности:

  • Способност за поврзување на претходно стекнатите знаења и информации од различни подрачја.
  • Способност да се синтетизираат добиените информации.
  • Способност за анализа на стекнатите поими, гледишта и информации.
  • Способност за оправдување на сопствените гледишта и ставови.
  • Способност за разгледување на предметот по кој се расправа од различни гледишта.
  • Способност за интерперцепција на информациите.
  • Способнос за замислување на можна ситуација.
  • Способност за вреднување на информациите и гледиштата.
  • Способност да се насочи сопственото размислување во точна насока.
  • Способност за формирање ставови и застапување на истите со идеи.
  • Способност да се организираат нештата во една смислена целина.
  • Способност за преземање активна улога во процесот на учење.
  • Способност да се разликуваат релевантни од ирелевантни информации во однос на даден контекст.
  • Способност за надгледување и проценување на сопственото разбирање на информациите.
  • Способност за разликување на оправдани и неоправдани тврдења.

kriticko

Наставниците трба да ги научат учениците дека критичкото мислење не значи само негативно мислење засновано на анализа од која треба да произлезе некоја грешка или недостаток. Критичкото мислење треба да биде процес на неутрално и непристрасно размислување, ослободено од сите облици на предрасуди со цел правилно да се провери одредено мислење или тврдење без разлика дали тоа тврдење е на некого или е лично наше. Критичкото мислење нема за цел да создаде ситуација каде сите ученици ќе размислуваат подеднакво. Тоа подразбира два ученика кои добро ги разбираат принципите на критичкото размислување да дојдат или изнесат различни видувања и заклучоци бидејќи нивните почетни тези, вредности и принципи се разликувале. Во однос на критичкото мислење треба да се знае и фактот дека секогаш кај учениците ќе постојат разлики во перцепцијата и основните емотивни потреби кои ќе доведат учениците да размислуваат различно. Критичкото мислење нема за цел да ја загрози индивидуалноста, карактерот или личноста на ученикот, тоа има за цел да ја зголеми перцепцијата за поголема објективност при проверката на одредени тврдења со кои ученикот се среќава. Критичкото мислење не служи за обесхрабрување или смена на чувствата кај учениците или нивните лични емотивни размислувања, тоа е процес кој служи за проверка на точноста на фактите. Емоциите се составен дел од животот на човекот кои му даваат смисла за постоење. Критичкото мислење не може да ги надополни емоциите, но може да ни помогне да се дистанцираме од одредени сопствени убедувања и предрасуди, да ни помогне да направиме проверка на истите и на тој начин да дојдеме до засновани и логички решенија и заклучоци во однос на тоа што да правиме и во што да веруваме. Нашите емотивни размислувања не тераат да носиме одредени одлуки, затоа е корисно ваквите емотивни одлуки да се во согласност и преиспитани преку нашите критички размислувања и одлуки. Никој не се раѓа со смисла за кртичко размислување, тоа се учи, а се учи од најмали нозе во кругот на семејството и за време на воспитно-образовниот процес во училиште.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.