School - Училиште

Како треба да биде опремена училницата (согласно норматив)

Во однос на уреденоста на училишниот простор постои „Норматив за простор, опрема и наставни средства“ и тоа посебно за училиштата од основно и посебно за училиштата од средно образование. Согласно овој норматив определен е бројот и квадратурата на училниците во училиштето, опремата која е потребна за непречена реализација на наставниот процес и наставните средства кои помагаат при реализација на наставните содржини. Прописите и насоките во нормативот се дадени за реализација на еден квалитетен воспитно-образовен процес односно успешна реализација на наствниот материјал за наставните предмети и нивните специфичности во делот на простор, опрема и наставни средства, а кои се во согласност со новото време на живеење во кое се бележи брз технолошки развој во однос на сите сфери од животот на човекот, каде истовремено се бараат и соодветни услови за создавање позитивна училишна клима, услови за квалитетен и здрав живот на учениците. Преку обезбедувањето соодветни просторни услови, опрема и наставни срества, како и нова ИКТ се очекува од страна на наставниците и учениците непречено, квалитетно и во целост да се реализираат целите предвидени со наставните програми.

            Училницата како втор дом на учениците каде тие поминуваат еден добар дел од денот треба да биде соодветно опремена, да биде чиста, уредена и доволно осветлена. Во истата треба да има функционални наставни средства, учебни помагала и опрема.

 Неопходни визуелни средства во една училница се: фотографии во однос на наставниот материјал кој се изучува, паноа кои ги следат програмските подрачја за соодветниот предмет, шеми, апликации и дијаграми. Исто така важно е да се води сметка за важноста на уметничкиот и дидактичкиот квалитет на сликата/фотографијата/апликацијата во однос на бојата, големината и за тоа колку се тие јасни.

Во однос на аудитивните средства кои се користат во една училница потребно е да се има: ЦД-а со снимени содржини (прилагодени на возраста на учениците) по тематика предвидена со програмата (наставни филмови, образовни филмови, документарни филмови).

Од аудиовизуелни средства во училницата потребно е да се има дигитални содржини согласно целите и содржините од наставната програма за соодветното одделение и образовен период како и едукативни софтвери – избор на текстови според наставниот план и програма.

Училничко книжевно катче опремено со соодветна стручна литература за дадениот предмет, списанија поврзани со наставниот предмет, прирачници, лексикони, стручни речници, енциклопедии, стручна методска литература, тематски збирки во однос на наставната програма.

Денес најголемиот број училишта во нашата земја  имаат барем по една елктронска (смарт) табла, која помага во реализацијата на поинтересен и поуспешен час, искрено се надеваме дека во иднина опремувањето на училниците во училиштата ќе биде со многу побрза динамика .

Во училницата треба да има и соодветна опрема (маси, столчиња, шкафови и друг мебел) согласно возраста и образовниот период на учениците. Во однос на училишните столчиња и маси пожелно е истите да бидат мобилни и лесно приспособливи за индивидуална работа, работа во парови и работа во групи. Училницата треба да биде обоена во светли бои кои позитивно ќе влијаат на расположението на учениците, а едниот ѕид од училницата најмалку 2/3 треба да биде застаклен за да може училницата да има доволно дневна светлина. Кај учениците треба да се всадат навики дека училниците иако не се нивна лична сопственост, тие се простории каде учениците поминуваат половина од денот, па затоа тие за нив треба да се грижат и да ги чуваат да бидат чисти и функционални, а нагледните средства, опремата и мебелот треба да го чуваат и да не го оштетуваат.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.