Students - Ученици

Стилови на учење (тест-како наставникот да открие кој стил на учење најмногу му одговара на ученикот)

Како наставници многу е важно да откриеме, а потоа да укажеме и посочиме кој стил за кој ученик е соодветен за учење. На оваа проблематика треба да посветиме доволно внимание уште на самиот почеток при запознавањето со учениците со цел да знаеме кој стил на учење има секој ученик и како да им пристапиме на учениците во однос на нивното учење. Во конкретниов случај ќе ги посочиме четирите стила на учење според Peter Honey и Alan Mumford. Тие издвоиле четири стила на учење, а согласно стилот на учење така и го именувале ученикот. Според нив, односно стилот на учење постојат: активист, теоретичар, прагматичар и ревизор. За сите ќе кажеме по неколку збора, а потоа ќе дадеме тест кој би можел да помогне при класификацијата на учениците, кој ученик на кој стил на учење припаѓа.

Stilovi

Активистот ужива да биде во центарот на вниманието. Кај него владее голем ентузијазам во однос на практичните активности. Активистот штом ја заврши зададената работна задача веднаш сака да премине на друга работна задача без да посвети внимани и да види како ја решил претходната и што ново научил од неа. Како наставници овие ученици треба да ги подучуваме преку: играње улоги, обука, проектни активности, учење во природа.

Теоретичарот го карактеризира учењето преку поставување прашање каде ќе ги бара одговорите со помош на логиката и претпоставките. Овие ученици во однос на работните задачи имаат рационален пристап и тежнеат да бидат објективни. Најмногу им одговара учењето засновано на: истражување, учење на далечина, читање, учење во класична училница, дополнителна литература, предавање, прашања и одговори.

Прагматичарот постојано бара корелација помеѓу учењето и практична примена на она што го научил. Сака да знае како научените нешта функционираат во пракса. Најмногу им одговара учењето кое се базира на: менторско работење, поставување цели, решавање студии на случај, учење засновано на наставни техники.

Ревизорот сака да учи на тој начин што работите сака да ги гледа од различни агли пред да донесе решение во однос на зададената работна задача. Сака темелно да изанализира што научил ново пред наученото да го применува во пракса. На овие ученици најмногу им одговара да учат преку: добивање на повратна информација, групна дискусија, набљудување, менторско работење, следење на филм или видео.

Следи тест со кој може да одредите за секој ученик кој стил на учење му е близок и му одговара. Постапката за решавање на овој тест се базира на тоа што ученикот треба да избере 25 од понудените 40 одговори за кои смета дека најмногу ја карактеризираат неговата личност и притоа да ги забележи понудените одговори.

  1. Сакам да разговарам со останатите во однос на тоа како нештата треба да се сработат.
  2. Понекогаш ги набљудувам активностите на другите.
  3. Сакам да читам и на тој начин да учам.
  4. Целосно се предавам на новите предизвици и практични активности.
  5. Сакам да експериментирам кога треба да завршам некоја работна задача.
  6. Потребно ми е време да се навикнам на новите идеи.
  7. Учењето преку следење на видеа и филмови ми помага при учењето нови наставни содржини.
  8. Сакам однапред дефинирани проекти на кои можам веднаш да пристапам со работа.
  9. Ми одговара учење засновано на учење на далечина каде се применува е-технологија.
  10. Уживам кога наставникот ме води при решавањето на работната задача.
  11. Честот можам да ги предвидам резултатите од работната задача.
  12. Ја испитувам и истражувам логиката која стои зад претпоставките.
  13. Сметам дека дискусијата е најдобар начин за учење.
  14. Ги споредувам моите решенија со решенијата на другите.
  15. Поставувањето на прашања многу ми помага при учењето.
  16. Учењето надвор од училница или дом за мене се интересни.
  17. Се распрашувам за сè што е поврзано со работната задача.
  18. Сакам практична обука/работа.
  19. Често ги истражувам прашањата и наставните содржини за учење.
  20. Сакам да ја анлизирам работната задача пред да ѝ пристапам.
  21. Моето учење се заснова на класичен начин на учење.
  22. Сакам да учам на тој начин што за наученото ќе направам презентација.
  23. Сакам да учам на тој начин што наставникот предава.
  24. Сакам да учам на тој начин што ќе ги слушам размислувањата на другите.
  25. На работната задача сакам да ѝ пристапам веднаш.
  26. Пред да ја започнам работната задача сакам да ја согледам визуелно.
  27. Сакам да учам преку студија на случај.
  28. Често замислувам како нештата треба да се сработат.
  29. Се трудам да ја испланирам работата во однос на секоја работна задача.
  30. Во учењето сум самоук.
  31. Најдобро учам кога ја следам работата на некој друг.
  32. Учам преку класификација на идеите за да ја решам работната задача.
  33. Сакам да учам преку примена на техниката „бура на идеи“.
  34. При учење сум многу организиран.
  35. Најдобро учам преку практични вежби или играње улоги.
  36. Сакам да учам преку истражувачки работни задачи.
  37. Постојано ги гледам предизвиците и можностите во моето опкружување.
  38. Учам кога ги набљудувам другите.
  39. Најдобро учам со наставник (помошник).
  40. Сакам решавање на проблеми.

learning-styles

До посакуваниот резултат на кој стил на учење припаѓа ученикот ќе се дојде на тој начин што ќе се заокружат 25 од понудените 40 одговори. Потоа се одредува полето во табелата каде ученикот има дадено најмногу одговори. Полето каде има дадено најмногу одговори одговара на стилот на неговото учење.

АКТИВИСТ 1 4 8 16 18 25 30 35 37 40
РЕВИЗОР 3 6 9 12 14 15 20 23 32 36
ТЕОРЕТИЧАР 2 7 13 21 24 26 28 31 33 38
ПРАГМАТИЧАР 5 10 11 17 19 22 27 29 34 39

Доколку се случи ученикот за секој стил да има дадено по 6 или 7 одговори, тоа значи дека ученикот сè уште нема изградено сопствен стил за учење, во тој случај наставникот треба на ученикот да му помогне тој да го изгради сопствениот стил за учење, преку активен труд, залагање и работа на уште 3-4 одговори кои одговараат на посакуваниот стил за целосно да го заокружи истиот.

Ова не значи дека ученикот треба да го отфрли она што го карактеризира во однос на другите стилови, туку тој ќе има еден стил кој го карактеризира и кој најдобро му прилега во учењето. Важно е да се напомене дека е добро да се применуваат и останати успешни техники и стратегии карактеристични за другите стилови со цел полесно да се научи наставниот материјал, а со самото тоа да се постигнат посакуваните цели поврзани со образовниот процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.