Teachers - Наставници

РАКОВОДЕЊЕ ВО УЧИЛНИЦА

Факт е дека секоја паралелка или клас има свои специфики, во секоја паралелка/клас има ученици со посебни карактеристики кои придонесуваат класот/паралелката да функционираат различно од останатите. Затоа, како наставник кога влегувате во одредена паралелка/клас може да воочите различна атмосфера. Различностите на учениците допринесуваат паралелката/класот да функционира со различна динамика во однос на останатите паралелки/класови во училиштето. Во таа смисла доколку поединците во паралелката/класот се подобро функционално поврзани таа паралелка/клас поквалитетно ќе функционира во однос на останатите. Во теоријата и праксата може да се сретнат разни стиловни на раководење манифестирани од страна на наставниците. Кој стил на раководење ќе преовладува во училницата зависи од личните карактеристики на наставникот, односот помеѓу наставникот и учениците, односот помеѓу самите ученици, односто на учениците кон нивните училишни обврски, поставеноста на наставникот спрема учениците што преставува и една од најважните карактеристики која ќе го одреди стилот на раководење со паралелката/класот.

Од мојата повеќегодишна пракса на различни работни места и позиции во воспитно-образовното работење можам да издвојам 4 стила на раководење. За сите ќе кажам по неколку збора.

стил-1

Индиферентен стил на раководење каде учениците имаат голема слобода во однос на своето работење и однесување. Наставникот е индиферентен во однос на учениците, тој е преокупиран со своите лични проблеми и не посветува големо внимание во однос на случувањата во училницата и воспитно-образовната дејност. На своите работни задачи како наставник не им придава големо значење и на својата работа е посветен минимално. Инцијативата и динамиката на работата во училницата им ја препушта на учениците. Ваквиот наставник гледа што помалку да дојде во конфликтни ситуации со учениците, а во однос на вреднувањата на учениците во голема мерка е попустлив. Во неговата работа не може да се забележат новитети и смета дека нема потреба од воведување на истите. За време на часот на овој наставник учениците наметнуваат свое темпо и правила на работа. Овој наставник со нетрпение чека да дојде крајот на денот, крајот на неделата, односно крајот на учебната година и да биде што подалеку од неговите секојдневни работни обврски.

Емоционалниот стил на раководење е насочен кон потребите и реакциите на учениците и врз основа на истите наставникот ги гради и носи одлуките поврзани со активностите во училницата. Ваквиот стил на раководење е насочен кон реакциите на учениците и нивните потреби, и според истите наставникот презема акција на делување. Ставот на наставникот кој го применува овој начин на раководење се базира на филозофијата во училницата да се создаде позитивна клима за учење бидејќи тој смета дека веселата атмосфера во училницата е многу попродуктивна од онаа во која делува стравот и неудобноста. Начинот на предавање на овој наставник е насочен кон потребите на учениците иако е можно тие да не се во согласност со наставните содржини, програма и план. Ваквиот наставник секогаш има позитивни чувства и однос кон учениците и постигнувањата на учениците многу му значат. Во одос на работата на учениците во училницата помеѓу нив поттикнува партнерски и соработлив однос на сметка на натпреварувачкиот однос. Во училницата каде работи овој наставник тенденцијата е да владее една семејна атмосфера и поврзаност помеѓу учениците, а учениците имаат позитивен однос кон ваквиот наставник.

talk

Автократскиот стил на раководење се заснова на користење власт и моќ. Овој начин на раководење е карактеристичен за традиционалниот начин на работење, а наставникот кој го применува овој стил на раководење има поставено високи очекувања од учениците. На часовите од наставникот кој го применува овој стил на раководење владее беспрекорен ред, дисциплина и работа. За време на часовите ваквиот наставник има доминантна улога во однос на учениците. Наставникот кој го применува овој стил на раководење го карактеризира строгост и за време на неговите предавања не е пожелно учениците да поставуваат прашања или пак да го прекинуваат во предавањето. Неговиот начин на работа е строго структуиран и е временски поврзан. Во неговото работење составен дел се казните и заканите. На часовите од овој наставник владее атмосфера на страв, додека тој зборува учениците не смеат да зборуваат. Омилени му се учениците кои на неговите часови се послушни не приговараат и ги извршуваат работните задачи онака како што тој им кажал.

Демократскиот стил на раководење се базира на атмосфера каде на учениците им е дозволено слободно да изнесат сопствени видувања и размислувања и подеднакво со наставникот да учествуваат во носењето одлуки. Наставникот кој го применува овој стил на раководење за време на своите предавања најчесто го користи дијалошкиот метод на работа. Ваквиот наставник знае добро да ги идентификува карактеристиките и потребите на секој ученик во паралелката и секогаш како мотивација поставува еден степен повисоки барања во однос на можностите на ученикот. При носењето на одредени одлуки ваквиот наставник сака да отвори дискусија со учениците каде тие ќе ги изнесат своите видувања и размислувања во однос на крајниот исход. За време на неговите предавања секој ученик слободно може да го прекине доколку нешто не му е јасно и има потреба од доплнителни објаснувања. Наставникот кој го практикува овој стил на раководење секогаш го има предвид мислењето на учениците и кон истите покажува соодветна грижа и разбирање во однос на секој нивен проблем. На часовите на овој наставник владее пријателска атмосфера и истиот има пријателски однос кон учениците. Во работењето со учениците се труди кај нив да ја поттикне самодовербата и самопочитта. На учениците им има дадено слобода самите да го изберат начинот како ќе учат, но и самите да ја сносат одговорноста во однос на резултатите кои ќе произлезат од начинот на учење кои самите го одбрале.

                Дали се најдовте во искажаните стилови на раководење, на кој стил на раководење вие како наставник припаѓате?

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.