Students - Ученици

Како да ги научиме учениците да учат со разбирање

Основен услов за секое учење и усвојување на знаења во однос на сите наставни предмети е поседување добри вештини за читање. Главен предуслов за успешно читање е навремен јазично-говорен развој, што подразбира способност за помнење и концентрација, како и аудио и визуелна перцепција. Овие способности кај детето се развиваат уште во неговите предучилишни денови и овие когнитивни процеси добро е да бидат усогласени кај него уште од неговиот ран детски развој со цел детето да се насочи успешно да чита со разбирање.

Имајќи предвид дека целта на читањето е да се разбере пишаниот текст, важно е кај децата да се развиваат примарните вештини со цел учењето во однос на читањето да биде успешно. Ученикот да го разбере пишаниот текст најпрвин треба да го препознае зборот, поточно буквата (графемата) и да знае да ја поврзе со соодветнио глас (фонема), а потоа сите гласови да ги спои во збор кој има смисловна целина. На тој начин учениците во почетните одделенија учат да го разберат напишаниот збор, односно реченица. За успешно читање со разбирање различни видови текстови потребно е еден текст да се чита повеќепати. На учениците треба да им се предочи дека текстот се чита повеќепати со цел подобро да се разберат сите негови делови. Исто така треба да им се посочи дека во однос на одредена тема доколку прочитаат повеќе различни текстови, во тој случај ќе го прошират сопственото знаење и разбирање во однос на темата. Многу корисен пристап при читањето со разбирање е активирање на постоечкото знаење во однос на темата за која читаат. Од голема важност е учениците да се запрашаат што знаат во однос на таа тема за која читаат, затоа што може да го поврзат постоечкото знаење и искуства со новите сознанија поврзани со таа тема. Доколку  при првото читање тие не знаат ништо во однос на темата за која читаат преку овој пристап тие ќе се присетат на некои работи кои ќе ги асоцираат и мотивираат за учење, а на тој начин ќе им се олесни целокупниот процес на читање. Преку поврзување на постоечките искуства со новите сознанија за темата за која учат, процесот на учење ќе им биде многу полесен на учениците. Друг корисен пристап во читањето со разбирање е пронаоѓање и бележење на клучните зборови во текстот кои треба да се издвојат. На овој начин ученикот визуелно ги согледува клучните зборови во текстот и на тој начин полесно му е читањето со разбирање, односно усвојувањето на новите информации поврзани со зададената тема за учење. Ова добро им е познато на повеќето учебникари кои во методскиот пристап при пишувањето на учебник се трудат клучните зборови од дадената наставна содржина да ги истакнат преку потцртување, потемнување или пишување закосено за да им биде полесно на учениците кога читаат и усвојуваат знаења во однос на нова наставна содржина. Друг корисен пристап при читањето со разбирање на нов текст е прераскажување на истиот. Преку прераскажување на текстот со сопствени зборови учениците полесно ја разбираат суштината на истиот и полесно стекнуваат  нови знаења. Преку овој пристап, односно прераскажување на текст, ученикот се присетува на одредени поединости кои во поинаква ситуација би можеле да бидат занемарени, и ги разјаснува одредени поими кои при читањето не му биле доволно јасни. Важен пристап при читањето со разбирање е и пристапот кој се заснова на поставување прашања додека се чита текстот. Ученикот додека го чита текстот потребно е истовремено да си поставува себеси прашања со цел полесно да ги осознае информациите кои произлегуваат од него. Преку поставувањето прашања додека ученикот го чита текстот може полесно да врши поврзување на постоечкото знаење со новите сознанија и информации и истовремено да добие соодветна насока како да го насочи понатамошното учење во однос на темата која ја изучува.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.