Teachers - Наставници

Наставните планирања во наставниот процес

Планирањето на наставата претставува своевиден креативен процес кој на наставникот му нуди систематски и осмислено да ги реализира и следи саканите цели и исходи во однос на учениците пред истите да се спроведат практично во училница. Резултатите од планирањето претставуваат поврзана рамка од логично-последователни односи и задачи кои создаваат услови за ефикасно и ефективно учење и подучување. Планирањата не треба да претставуваат формална обврска преточена на хартија, туку реални активности кои постојано треба да се спроведуваат во работењето со учениците. Истите постојано треба да се ревидираат, прилагодуваат и менуваат согласно потребите на учениците.

Планирањето на наставата претставува витален процес на учење и подучување. Преку правилното планирање на образовниот процес наставникот секогаш ќе биде добро организиран и функционален, на тој начин учениците ќе имаат можност да се стекнат на побрз и полесен начин со поголем број нови знаења и ќе можат без проблем да ги усвојат планираните цели поврзани со наставните содржини. Наставниците кои ја планираат својата работа без никакви потешкотии и со леснотија може да се носат со непредвидливите ситуации во текот на реализирањето на наставниот час и сите активности поврзани со истиот.

При изготвувањето на планирањата наставниците вршат интеграција на постоечкиот наставен план и наставна програма со карактеристиките и спецификите на учениците и одделението, нивните претходни знаења во однос на наставниот предмет, можностите и покажаниот интерес, а во насока на создавање што повеќе креативни пристапи во однос на учењето и истражувањето, осамостојување на учениците во однос на активностите и развој на уневрзални компетенции.

Планирањата секогаш треба да ги имаат предвид индивидуалните и развојните карактеристики на учениците, нивниот стил и пристап кон учењето и да бидат доволно флексибилни за да може лесно да се прилагодат на потребите на учениците. Пожелно е при изготвувањето на планирањата наставниците предвид да ги имаат и семејствата на учениците. Друг многу битен момент во изготвувањето на истите е вклучување на релевантни стручни лица кои ќе придонесат од аспект на планирање, следење и вреднување на планирањата за да учењето биде синхронизирано и поддржано.

Планирањето на наставата претставува цикличен процес кој бара постојана рефлексија, следење и евалуација, вклучување на системско набљудување, како и други стратегии на формативно следење и проценување со цел да може успешно да се прилагодат содржините и динамката на работење со развојот и учењето на учениците.

Со право може да се каже дека планирањето на наставата за наставниците претставува еден од најкомплицираните процеси во однос на описот и пописот на наставничките задачи бидејќи истиот бара определени вештини и искуство. Од тие причини многу наставници (што е и пожелно) планираат тимски на ниво на актив со цел заеднички да дојдат до најдобри идеи кои ќе ги прилагодат на нивните паралелки, а потоа да согледаат како тие ќе се реализираат во практичната настава.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.