Teachers - Наставници

Очекувани резултати (исходи од учењето) и препораки за нивно пишување

Очекуваните резултати од учењето се во тесна причинско-последична врска со наставните цели. Тоа подразбира дека од целите произлегуваат очекуваните резултати, односно исходите од учењето. Очекуваните резултати (исходи од учењето) претставуваат јасно искажани компетенции во однос на очекуваните знаења, вештини и способности, ставови кои учениците треба да ги стекнат и можат да ги прикажат по завршувањето на одредено одделение, тема / програмско подрачје или наставен час. Тие треба јасно да манифестираат што учениците треба да знаат и начинот како тоа можат  да го направат во однос на стекнатото знаење, вештини и ставови.

Очекуваните резултати или исходите од учењето не се искази кои експлицитено ги набројуваат и опишуваат воспитно-образовните содржини, нивната цел не е да посочат што треба наставникот да работи. Тие конкретно се насочени кон учениците и нивните активности, од тие причини при нивното пишување се користат активни глаголи (од Блумовата таксономија) кои ги прикажуваат активностите на учениците, пример: опишува, препознава, применува, интегрира, анализира, споредува итн.

Очекуваните исходи и резултати од учењето се важни затоа што на наставниците им овозможуваат основа за: содржините преку кои ќе ги поучуваат учениците, осмислување наставни методи и стратегии кои ќе ги применуваат, активности кои учениците треба да ги изведуваат, дефинирање задачи за вреднување на напредувањето на учениците, следење на наставниот програм кој го реализираат .

Очекуваните исходи и резултати од учењето се важни затоа што на учениците ќе им овозможат: јасна рамка на насочување на нивното учење, јасна и конкретна слика што треба да знаат на крајот од одредено одделение, тема / програмско подрачје, целина, наставна содржина, јасна артикулирана основа за проверка на сопствените постигнувања.

Очекуваните исходи и резултати од учењето се важни затоа што на родителите им овозможуваат создавање јасна слика за видот и длабочината на знаењето, ставовите и вредностите кои нивното дете ќе ги стекне во училиште и успешно ќе им помогната во следењето и напредувањето на нивните деца.

Top-10-Reasons-Why-Education-Is-Important-1

За да очекуваните исходи и резултати од учењето ги имаат претходно изнесените карактеристики, при нивното пишување може да помогнат следните препораки:

  • Треба да се тргне од прашањето што е тоа што учениците треба да знаат и да бидат во состојба да го направат по завршувањето на крајот од одредено одделение, тема / програмско подрачје, целина, наставна содржина.
  • Треба да се тргне од примена на активен глагол кој не е премногу општ и нејасен, а тоа значи избегнување на глаголите: развива, увидува, доживува, чувствува и сл.
  • Ученичките постигнувања треба да ги опфатат сите елементи на компетенциите: подрачја на знаење, вештини, вредности и ставови.
  • Како што спомнавме претходно, при изборот на глаголи кои се однесуваат на компетенциите пожелно е да се користат глаголите поврзани со Блумовата таксономија со цел процесот на поучување да кореспондира со стандардите и критериумите кои го поддржуваат нашиот образовен систем, а од друга страна процесот на поучување да не се заснова само на меморирање факти, туку да биде поврзан и со разбирање, примена, анлиза и синтеза.

Други корисни препораки поврзани со очекуваните исходи и резултати од учењето се:

  • постигнувањата на учениците секогаш треба да бидат опишани како активности кои се мерливи,
  • при пишувањето на постигнувањата на учениците започнете со фразата „Учениците ќе…..“
  • при пишувањето на постигнувањата на учениците избегнувајте употреба на сложени тврдења и непознати зборови,
  • избегнувајте употреба на компаратив (подобро или повеќе) затоа што тие подразбираат мерење пред и по учењето.

Следува потсетник кој ќе ви помогне да ги проверите очекуваните исходи и резултати од учењето кои ги имате претходно дефинирано:

  • Дали секој исход го имате опишано со помош на еден активен глагол?
  • Дали ја имате одбегнато употребата на пасивните фрази (да стане свесен, да биде запознат, да е изложен и сл.)?
  • Дали во исходите и резултатите од учењето се вклучени различни нивоа на сложеност според Блумовата таксономија?
  • Дали исходите и резултати од учењето се мерливи?
  • Дали исходите и резултатите од учењето се поврзани со целите и наставната содржина?
  • Дали во однос на  исходи и резултати од учењето се издвоени одредени клучни компетенции?

Откако ќе ги дефинирате исходите и резултатите од учењето за конкретен наставен час, рангирајте ги според нивната важност и степен на сложеност. Оваа постапка ќе ви помогне рационално да управувате со расположливото време и да постигнете повеќе важни цели истовремено. Во однос на ова ќе ви помогнат следните прашања:

  • Кои се најважните поими, идеи или вештини кои сакам сите ученици да бидат во состојба да ги разберат и применат?
  • Зошто се тие важни?
  • Доколку немам доволно расположливо време за реализација кои исходи може да бидат изоставени?
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.