Students - Ученици

ТРЕТИРАЊЕ НА ДЕЦАТА КАКО ВОЗРАСНИ – КАКО ДА СЕ СООЧАТ СО РЕАЛНОСТА

Како наставници треба да знаеме дека децата се живи суштества, а тоа значи да се соочиме со фактот дека тие во одредени моменти може да бидат нервозни, нетолерантни, да го подигнат тонот на зборување, дури и да манифестираат и недолично однесување. И ние, возрасните, има моменти кога го правиме истото и за тоа не сносиме никакви последици. Ова не значи дека ваквото однесување на учениците треба да биде казнувано, но исто така не треба секогаш да им биде и дозволено да се однесуваат како тие сакаат, само затоа што се човечки суштества. Како наставници треба учениците да ги научиме:

  • да се однесуваат пристојно,
  • да ги научиме дека своите фрустрации не треба да ги насочат кон другите од нивното опкружување,
  • да ги научиме како да се соочат со сопствениот бес, лутина, фрустрација, тага и разочарување.
  • да ги научиме дека е неприфатливо да бидат груби према останатите.

Како наставници пред да ги научиме учениците како правилно да се однесуваат треба да знаеме и ние како наставници правилно да се однесуваме, а тоа подразбира дека не смееме да бидеме груби спрема нив. Нам како наставници ни е потребен соодветен степен на пристојно однесување, но пред сè потребен ни е и соодветен степен на толеранција. Како наставници треба да бидеме самокритични, иако сме возрасни лица, академски граѓани, научени на соодветни стандарди на правилно општествено однесување, во одреден момент ни се случува да кажеме нешто што не е прифатливо, грубо, да ја треснеме силно вратата од училницата или да го повишиме гласот при комуникација со учениците. Ова се должи на фактот што наставниците не се роботи, и наставниците се човечки суштества од крв и месо и ним им е потребно некој да им каже убав збор, и тие сакаат да бидат пофалени за сработеното. Од ова произлегува како што наставниците се човечки суштества од крв и месо, така и учениците се живи суштества кои имаат свои потреби, и тие сакаат да бидат пофалени да добијат одредено признание за добро сработената задача, а не само да добиваат наредби поврзани со учењето. Ние наставниците сме луѓе со најразлични обврски, имаме стресни ситуации, како во приватниот така и во службениот живот. И ние сме нормални едноставни луѓе кои многу работиме и се трудиме и се случува понекогаш и да грешиме. Често се случува за одредена ситуација која произлегла од нашето несоодветно однесување да пронајдеме адекватно оправдување. Но, кога претходно кажаново е случај за однесувањето на учениците, често не се трудиме да дознаеме кои се причините на ученикот за таквото негово неприфатливо однесување. Веднаш ги оквалификуваме како непослушни и им делиме совети за добро однесување. Несоодветно е да бараме од некој да неправи нешто што всушност ние го правиме. Доколку ние како наставници не сме во состојба секогаш пристојно да се однесуваме и да бидеме љубезни, тогаш како би можеле да очекуваме од нашите ученици пристојно да се однесуваат. Треба да знаеме дека учениците допрва учат и се сретнуваат со сите предизвици во животот, тие не се сè уште емоционално зрели личности, тие се личности кои немаат речиси никакво животно искуство и не е прифатливо да бараме тие да се однесуваат посоодветно од нас. Целосно е во ред од учениците да бараме однесување кое ќе го красат високи стандарди на однесување како што се љубезност, внимателност и сл. Но, и ние како наставници треба да имаме исто такво однесување кое на учениците ќе им служи како пример. Како наставници треба учениците да ги научиме кон другите да не бидат груби и неодговорни. Учениците исто како и нивните наставници треба да знаат дека треба да се одговорни за нивното однесување и постапки. Наставникот за учениците е пример и ако може да се каже втор родител. Затоа, постојано треба на учениците да им се укажува како треба пристојно да се однесуваат. На учениците наставникот најдобро ќе им укаже како правилно да се однесува кога тој ќе им служи како личен пример со неговото однесување. Како наставници треба да ни биде на ум дека во одредени ситуации толеранцијата и разбирањето може да бидат најдобри учители.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.