Students - Ученици

Направете го учењето забавно – учење со разбирање & учење напамет

Факт е дека секое човечко суштество сака својот живот да го минува во опкружување кое кај него ќе поттикне пријатност, задоволство и насмевка на лицето. Насмевката претставува еден начин преку кој го исаткнуваме нашето задоволство и позитивни чувства. Од тие причини насмевката треба да биде наш секојдневен сопатник. Кај децата насмевката се јавува спонтано, тие не знаат истата да ја одглумат, таа кај нив е присутна кога тие се среќни и се чувствуваат пријатно.

Кога на детето ќе му кажете дека е дојдено време тоа да се запише и да посетува училиште не можеме со сигурност да очекуваме дека ќе биде восхитено и со задоволство ќе ја прифати таа нова промена во неговиот живот. Во овој случај наставникот ја има главната улога во новото опкружување на детето, па затоа тој треба да има срдечен пристап и да му објасни на ученикот дека во училиште децата учат и си играат, дека тоа е место каде тие ќе запознаат многу нови другарчиња. Кога наставникот на детето ќе му ги спомене зборовите „игра“ и „другари“ училиштето нему ќе му стане место кое кај него ќе предизвика позитивен интерес и ќе сака да го посетува истото. Треба да го имаме предвид и тоа дека добар дел од децата се плашат од непознато, па затоа покажуваат одредено негодување и отпор. Од тие причини потребно е на детето наставникот да му посочи што му е нему познато и што ќе предизвика кај него доза на сигурност, а тоа како што веќе рековме се зборовите „игра“ и „другари“ кои нему му се познати и кои му влеваат доза на сигурност, интерес и позитивни чувства.

Поголемиот број деца се љубопитни и со самото учење на говорот кај нив се појавува потреба да поставуваат безброј прашања,  на тој начин тие го збогатуваат својот речник со нови поими. За жал, праксата покажува дека крајот на љубопитноста кај децата почнува да се намалува кога тие ќе почнат да посетуваат училиште, посебно тоа е евидентно во првите неколку одделенија од основното образование, а таа тенденција продолжува и во погорните одделенија. Поголемиот број ученици почнуваат да покажуваат антипатија кон училиштето, посебно кога ќе дојдат во средно училиште. Училишните обврски, учењето, одговарањето, решавањето, пишувањето за нив претставуваат потешкотија од која сакаат што побргу да се оттргнат. Мал е бројот на ученици кај кои е присутен почетниот елан за учење.

Се поставува прашањето зошто е тоа така, не може да се каже дека интересот за учење и мрзливоста кај нив се јавува сама од себе. Тие тоа го учат и примаат од поблиското и поширокото опкружување во кое живеат. Ова покажува дека треба да се смени парадигмата на перцепција на образовнииот систем каде се продуцира учениците да учат првенствено за оценка. На оценката не треба да се гледа како главна цел која треба да се реализира, а која цел најчесто не е ни на самиот ученик, туку е цел првенствено на нивните родители. На ваков начин кај учениците се поттикнува чувство дека тие не учат за себе и дека преку учењето треба да постигнат нешто за себе, туку учат да ги задоволат желбите на нивните родители, да ја обезбедат наградата која им е ветена од родителите. Наспроти ова треба кај учениците да се поттикнува учење преку интерес за полињата за кои тие покажуваат желба, односно учењето за нив да не преставува една мачна обврска туку да претставува задоволство и уживање.

Сите деца не се исти, секое има сфера на сопствени интереси, поседува одреден талент кој треба да се поттикнува и надоградува. Секако, учениците треба да поседуваат одреден степен на знаења по сите наставни предмети, но првенствено на ученикот треба да му се овозможи тој целосно да се посвети и истовремено да се усовршува во областа за која покажува интерес, односно одреден талент. На ваков начи кај ученикот се раѓа љубов кон учењето, училиштето и навика за усвојување на нови знаења.

Во оваа насока наставникот треба да излезе од матрицата преку која тој од ученикот бара знаење само од учебниците за да може на крај да го вреднува со одредена оценка, наставникот од учениците треба да бара тие да ги достигнат целите од наставната програма за соодветниот предмет и согласно усвоеноста на целите од наставната програм да формира соодветна оценка. Наставникот не треба да бара од ученикот знаење научено напамет и проста репродукција на наученото. Не е целта ученикот да стекне знаење научено напамет од причина што истото кратко трае и не е научено со разбирање. Односно нема да знаат преку потпрашања да го образложат она што го учеле. Не е во ред ученик една наставна содржина од учебникот научена напамет да ја раскаже без ниту една грешка, а да не знае самостојно да каже сопствено видување за наставната содржина срочено во три реченици.

Наставникот треба првенствено да го поттикнува и развива кај учениците талентот и креативноста. Не сме направиле ништо ако учениците на часовите се неми посматрачи и пасивни субјекти. Секој час учениците треба да се активираат преку поттикнувачки прашањеа преку кои ќе се бара тие да ги изнесат сопствените видувања и размислувања за она што се учи, да дадат одговор за она што се учи видено од нивен агол на перцепција. Доколку на часовите не се применува интерактивна настава преку која учениците за време на целиот час ќе бидат активни субјекти, кај учениците ќе ја потиснеме нивната креативност и интерес за учењето и училиштето, односно потребата за стекнување на нови знаења, едноставно ќе ги претвориме во „готовани“ на кои треба сè да им биде сервирано, без тие да вложат одредена креативна активност за да стигнат до одредена цел која претходно ќе им биде поставена да ја усвојат. Наставникот треба да се потруди, да испланира, а потоа и реализира час на кој учениците ќе уживаат, час на кој ќе се бара тие да комбинираат, истражуваат, дебатираат, разменуваат сопствени ставови и видувања за новите поими кои се усвојуваат на часот. На ваквите часови наставникот дава совети и насоки а не заповеди, на тој начин наставникот ја буди љубопитноста, мотивираноста и креативноста кај учениците, тој треба да биде успешен модератор на сопствениот час, ако работи така кај учениците ќе побуди интерес за учење и стекнување нови знаења, училиштето за учениците ќе претставува место во кое тие ќе се чувствуваат пријатно и задоволно и со интерес истото ќе го посетуваат. Доколку наставникот не предизвиува никаков интерес кај учениците преку начинот на предавање и доколку на тој начин се наметне мислење кај учениците дека тие доаѓаат во училиште само да репродуцираат знаење од учебникот за кое подоцна ќе добијат оценка, тогаш училиштето за нив ќе претставува средина во која тие нема да се чувствуваат пријатно и задоволно.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.