Students - Ученици

Учениците и знаењето

Наставникот секогаш треба да му предочи на ученикот дека тој пред сè учи за да стекне трајно знаење кое ќе му биде корисно во неговиот живот. Имајќи предвид дека поседувањето на соодветни информации е од голема важност за непречено функционирање во новонастанатите текови на општественото живеење кое живеење е брзо и динамично, тоа налага информациите и знаењето да се стекнат преку соодветно образование од причина што информираниот и образованиот ученик без поголеми потешкотии може да се соочи со сите општествени предизвици без разлика какви и да се тие. Како синоними на знаењето има повеќе термини кои посоодветно го објаснуваат овој поим. Учењето е еден од тие поими кој претставува своевиден процес за стекнување одредени вештини и знаења кои предизвикуваат одредени промени во понатамошното однесување на ученикот. Преку тренинг се увежбуваат дотогашните стекнати вештини и знаења. Обуката претставува стекнување и надоградување со неопходни знаења и вештини преку практична работа. Образувањето претставува стекнување нови знаења и надоградување на веќе постоечките со нови знаења преку теориска и практична работа.

Образовниот процес формално се реализира во рамките на образовните институции на една држава, без ралика дали тие институции се државни или приватни. Тие образовни институции етапно се поврзани и така поврзани го претставуваат образовниот систем од основно па сè до високо образование. Во таа смисла секоја земја креира свој специфичен образовен систем, но сепак образовните системи имаат и заеднички обележја кои се однесуваат на нивоата и траењето на образованието. Поимот знаење може различно да се толкува и набљудува од причина што во однос на истиот вклучени се различни генерации кои овој поим различно го перцепираат согласно нивната возраст, интелект, физички и психички карактеристики и можности. Општата цел на воспитно-образовниот процес во контекст на знаењето е стекнување нови сознанија. Многубројните истражувања во оваа насока се фокусирани на истражување на сознајните способности како крајна цел од воспитно-образовниот процес, а тоа значи способност на учениците да го разберат општеството, успешно да ги решаваат проблемите и да усвојат различни знаења од интеракцискиот процес. Според истражувања добиени од Универзитето Стендфорд (САД), вкупното човечко знаење создадено до 1900 година се удвоило до 1950 година, а од тогаш па наваму човековото знаење се удвојува на секои 5 до 8 години. Овие податоци недвосмислено укажуваат дека наставниците треба да имаат сериозен пристап кон знаењето како процес и на учениците да им укажат колку е битно знаењето и примената на истото во нивниот понатамошен живот. Како поткрепа на ова и тоа што на почетокот на 21-от век се соочуваме со големи промени во однос на општествениот живот и економскиот живот кој станува посложен, времето во кое живееме е непредвидливо, професиите драстично се менуваат (некои професии целосно изумираат, а на нивно место доѓаат нови кои до сега не постоеле), сè помалку може да се потпреме на минатото како патоказ за иднината.

Во новото време пропратено со нови животни текови секој ученик треба да е свесен дека учењето претставува негова лична одговорност од која ќе зависи неговата идна професионална компетентност во животот, а тоа значи дека учениците кога ќе станат вработени луѓе треба да преземат одговорност за сопствените знаења вложени во продуктот кој ќе произлезе како краен производ или услуга. Од ова може да заклучиме дека учениците кога ќе бидат возрасни луѓе ќе можат забрзано да учат, меморираат и креативно да размислуваат, ќе бидат подготвени без проблем да го обновуваат и надоградуваат старото знаење со ново знаење и ќе може да сметаат на лесна приспособливост во новото време и услови.  Факт е дека знаењето претставува основен ресурс кој овозможува компонирано функционирање на останатите ресурси, а тоа се: работната сила, капиталот и средствата за призводство.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.