Students - Ученици

Околу создавањето навики на учениците за ефективно учење

Многу истражувања спроведени досега покажале дека децата до 12 години или оние од одделенска настава учат без поголеми проблеми и учењето за нив претставува своевидно задоволство. Во овој период, а посебно во првите одделенија децата учењето го разбираат како еден вид игра, односно тие учат низ игра. Во ова голема улога има и самиот пристап на наставникот во однос на концепцијата на неговите предавања. Битно е учениците уште од најмали нозе да не почуствуваат дека учењето им е наметнато затоа што кон сè што се наметнува автоматски се создава отпор. Од тие причини особено е важно учениците од првите одделенија на своето образование  преку игра и забава да стекнат работни навики кои подоцна во текот на нивнотот школување ќе им биде од голема важност. Во подоцнежните години од своето образование преку стекнатите работни навики во почетните одделенија на учениците работните задачи ќе им бидат многу полесни, односно поприфатливи. Детето во овој почетен образовен период не треба премногу да се оптеретува со голм број училишни и домашни обврски, потребно е сите обврски да бидат согласно неговата возраст и интересот кој го покажува во тој период. Доколку се постапи вака, во погорните одделенија ученикот сите обврски ќе ги прифаќа без да покаже некој значаен отпор кон истите. Родителите на децата уште од најмала возрат треба да им всадат работни навики, но тоа не треба да биде преку наметнување, туку преку  еден вид игра. На пример: ајде да ги собереме играчките, ајде да го уредиме дворот, ајде да ги измиеме садовите, ајде да ги измиеме забите, ајде да го фрлиме ѓубрето, ајде да ги наместиме алиштата и сл. Стекнувањето вакви навики од најмала возраст од голема важност се и во однос на работните навики поврзани со училиштето. Децата кои од најмала возраст стекнале вакви работни навики во иднина полесно учат самостојно и полесно прават ралзика помеѓу битното и помалку битното, полесно управуваат со расположливото време, самостојно доаѓаат до одговори на поставени барања и прашања.

Праксата покажува дека поголемиот број ученици учат на потешкиот можен начин, напамет го учат наставниот материјал, а потоа нучениот наставен материјал просто го репродуцираат во училиште и за тоа добиваат одредена оценка. Ваквиот начин на учење понатаму станува пракса и ги следи преку целиот нивен живот. Сетете се колку стиходворби имаме научено од збор до збор за врме на нашто основно образование, а колку од нив денес памтиме, можеби 3-4 и тоа при нивната целосна интерпретација правиме и грешки. Ова се случило затоа што нив никогаш не сме ги сместиле во нашата „долготрајна меморија“. Ова е само еден прост пример дека учењето напамет не е од голема корист. Ваквиот пристап преку учење напамет кај ученикот може да создаде аверзија кон учењето, односно да предизвика намалување на желбата за учење. Во мојата пракса од осумнаест години како просветен работник може да заклучам дека многу е мал бројот на наставници кои учениците ги насочуваат да размислуваат и учат на тој начин што ќе ги поврзуваат идеите, фактите, дотогаш стекнатите знаења со наставниот материјал. Наставниците трба да ги поттикнуваат учениците самостојно да учат и тоа преку еден соодветен пристап таканаречен умни мапи. Умните мапи претставуваат асоцијативен разгранет дијаграм (нешто налик на техниката „грозд“) поврзан со наставната содржина која се изучува. Тоа функционира на следниов начин: на поголем лист празна бела хартија, А4, на средината се става насловот на наставната содржина или клучниот поим во однос на истата, потоа од централиниот поим се разгрануваат повеќе лини, пожелно е линиите да се во боја, а над линиите се пишуваат имињата на останатите важни поими поврзани со наставната содржина. Потоа, од секоја од нацртаните линии се разгрануваат други линии на кои се пишуваат поими кои произлегуваат од неколкуте главни поими кои се претходно напишани на линиите во боја и сè така додека на листот хартија не се напишат сите поими од наставната содржина по степен на важност и приоритетност. На ваков начин на еден лист хартија ќе создадеме умна мапа која ја претставува наставната содржина поврзувајќи ги клучните зборови на неа според степенот на приоритет на поимите од наставната содржина. На ваков начин ученикот ќе може да воочи како логички се поврзани помите во наставната содржина, дали можеби има направено одредена грешка во однос на поврзувањето и сл. Преку ваков пристап на учење ученикот активно учи да размислува и истражува, учи да ги одвои поважните од помалку важните факти. Овој пристап на учење покрај тоа што е корисен со сигурност може да се каже дека е и забавен и цело време ученикот го држи да биде концентриран на она што го работи.

iStock_000073673617_Full

Во однос на домашните задачи, уште од најмала возраст е потребно децата да ги поттикнуваме самостојно да работат на домашните задачи поврзани со училиштето. Наставникот треба да им посочи на родителите дека нивната улога во однос на домашните задачи е надзорна, односно тие треба да бидат само контролори, а не и реализатори при изготвувањето на домашната задача. Родителите може само да ги поттикнуваат и поддржуваат нивните деца и секако, доколу на детето нешто не му е јасно тој теба да му се објасни, но не и да му ја сработи домашната работа. Доколку родителот директно се вклучи во изработката на домашната задача ризикува неговото дете недоволно да ја разбере наставната содржина за која има домашна задача и на некој начин го поттикнува тоа да стане мрзеливо очекувајќи некој друг да ги сработи неговите задачи. Подобро ќе биде детето да појде во училиште без домашна задача и на тој начин да се соочи со последиците кои би произлегле, отколку детето да стекнува навики некој друг место него да ги извршува работните задачи без разлика од кој вид да се тие и од каде истите да произлегуваат. По завршувањето на домашната задача детето треба да се поттикне истата да ја провери дали ја има точно сработено. Доколку вие како родител не можете соодветно да одговорите на оваа задача, побарајте помош од вашето блиско опкружување, баба, дедо, постар брат, сестра, роднина или сосед. Следно што треба да се направи е да се пофали детето, на тој начин го мотивираме детето, кај него се раѓа онаа внатрешна мотивација и поттик и во иднина на секоја задача тоа ќе ѝ пристапи со соодветна сериозност и важност. Во однос на домашните задачи уште треба да се каже дека тие треба позитивно да влијаат на ученикот затоа што преку нив ученикот врши проверка колку ја совладал и до кој степен ја усвоил новата наставна содржина. Секако, тука треба нешто да напоменеме (нешто што постојано им го сугерирам на наставниците за време на моите стручни увиди и стручно-советодавни посети) , а тоа е наставниците при давањето на домашната задача да внимаваат таа да биде временски (време за изработка) усогласна со возраста и одделението на ученикот и истата да бара креативност, иновативност истражувачка работа, а не проста репродукција како на пример: препиши го текстот или препиши ги и одговри ги прашањата кои се дадени во однос на учената содржина.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.