Parents - Родители

Кому да се обрати родителот за информации поврзани со воспитанието и образованието на неговото дете

На родителот информации за училиштето може да му дадат: директорот, стручните соработници, сите наставници и административно-правната служба од училиштето. Информации од организациско-технички аспект како: во колку смени се работи; кои проекти и програми се спроведуваат; дали наставата се реализира кабинетски;  кои изборни и факултативни настави предмети се изучуваат; дали во училиштето им е обезбеден оброк на учениците и други информации од овој вид родителите може да добие од директорот, стручните соработници, сите наставници и административно правната служба. Информациите поврзани со плановите на училиштето што ќе се работи во наредната или наредните години освен од директорот и стручната служба, родителите може да добијат од годишната програма за работа на училиштето во која треба да бидат зацртани краткорочните и долгорочните задачи.

C7EPyetWkAYVuj3

Информации поврзани за неговото детет во однос на: успехот, предметот за кој покажува посебен интерес, активноста на часовите, одговорноста, самодовербата, редовноста, дисциплината, односот кон другарите и наставниците, иницијативноста родителот може да добие од одговорниот на паралелката (одделенскиот, односно предметните наставници), како и од стручните соработници (педагог, психолог, социолог).

Доколку родителот има одредени забелешки во однос на работењето на училиштето или некои предметни наставници, најнапред треба да се обрати и да разговара со одговорниот наставник на паралелката. Може да разговара и со наставникот по соодветниот предмет, стручниот соработник (педагог, психолог, социолог) и секако, со директорот на училиштето. Доколку родителот и понатаму не е задоволен од преземените мерки за надминување на укажаните забелешки, тој согласно Законот за основно, односно средно образование може писмено да се обрати до органот на управување на училиштето – училишниот одбор. Согласно природата на барањето (проблемот), родителот може да се обрати и  до Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието или пак до Министерството за образование и наука.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.