Parents - Родители

Влијанието на стилот на семејното воспитување на развивањето на самодовербата кај децата

Стилот на семејното воспитување многу влијае на развивањето на самодовербата кај децата. Постојат четири стила на семејно воспитување: авторитарно, попустливо, незаинтересирано и авторитативно. Секој од овие стилови има различно влијание на особините на детето и развивањето на самодовербата.

Обидете се да направите самоанализа кој од понудените стилови на воспитување го користите најчесто

Авторитарен родител

Авторитарните родители се многу строги, со многу барања од децата. Дисциплината ја постигнуваат со закани и казни. Кон нивните деца покажуваат низок степен на толеранција и топлина. Ја почитуваат послушноста, авторитетот и традицијата. Комуникацијата е еднонасочна, а одлуките што ги донесуваат не ги објаснуваат.

 

Детето чии родители се однесуваат авторитарно е: незадоволно, повлечено, несигурно, се грижи како да ги задоволи своите родители, а не како да го реши проблемот, на девојчињата им недостасува мотивација за постигнувања, а момчињата се агресивни
Попустлив родител

Попустливите родители многу се насочени кон детето. Тие настојуваат сè да му удоволат, манифестираат многу топлина и позитивни чувства. Од детето не бараат ништо и сè му дозволуваат.

 

Детето чии родители се однесуваат попустливо е: најчесто добро расположено, нема чувство за одговорност, има слаба самоконтрола, не е сигурно, разгалено е, незрело, агресивно е ако не го добие тоа што го сака.
Незаинтересиран родител

Незаинтересираните родители се преокупирани со себеси, не ги интересира многу што се случува се нивното дете, ја избегнуваат двонасочната комуникација

Детето чии родители се однесуваат незаинтересирано: има променливо расположение, нема контрола на сопственото однесување, не го интересира училиштето, склоно е кон различни пороци и деликвенто однесување.

 

Авторативен родител

Авторитативните родители покажуваат топлина и грижа за детето. Барањата од него ги прилагодуваат соодветно на возраста и способностите или нешто повеќе. Комуникацијата е двонасочна. Го прашуваат детето за мислење и водат грижа за неговите чувства и ги објаснуваат одлуките што ги донесуваат.

Детето чии родители се однесуваат авторитативно: има самодоверба, има високо самопочитување, сигурно е во себе, спремно е да прифати ризик, има нагласена потреба за достигнувања, има добра самоконтрола и координација.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.