Во училиштата среќаваме деца кај кои процесот на учење на читање и пишување се одвива значајно поспоро отколку кај другите деца, со многу повеќе напор, а со многу помалку успех. Еден дел од овие деца до крајот на првата година предвидена за описменување, па и во втората половина од наредната година воопшто неумеат да читаат. Некои од нив не ја стекнуваат вештината за читање и кога ќе станат возрасни. Доколку се работи за ученици со просечни интелектуални способности причина може да биде дислексија.
Што е дислексија?
„Дислексија (dys – слаб, лош; lexis – јазик, збор) претставува јазично втемелена потешкотија со конституциско потекло, а ја карактеризираат тешкотии во декодирањето на прочитаниот збор (читање – разбирање). Овие тешкотии се неочекувани во однос на возраста, интелектуалните и образовните способности, а не се резултат на општите развојни или сензорни пореметувања, како што се оштетување на вид или слух (според Orton Dyslexia Society Research Comittee, 1996)“[1].
Клучни потешкотии кај децата со дислексија се потешкотии во процесите на спојување на букви и слогови и автоматско читање на цели зборови, што е често пропратено со недоволно разбирање на прочитаното и потешкотии кај усменото изразување. Самата дислексија не претставува единствено проблем на читањето, туку се работи и за говорен и психомоторен проблем.
Дислексијата се јавува во следните форми:
Дислексија со недоволно формиран усмен говор
|
Недоволно развиен усмен говор или благи пречки во изговорот (метла – мекла)
Сиромашен речник Слаба слушно-говорна меморија (не може точно по ред да повтори 3 до 5 зборови). |
Дислексија со недоволно формирана визуелно-просторна перцепција
|
Уреден усмен говор
Тешко снаоѓање во временски и просторни низи (лево-десно; пред–потоа; редослед на денови во неделата или месеци во годината) Замена на букви со слична форма (коњ-кон; Елен-Злен) |
Комбиниран тип на дислексија
|
Читање буква по буква во долг период
Читање напамет Замена на самогласки (кај-кој) Испуштање на гласови (марка – мака) Додавање на гласови (брада – барада) Заменување на слогови во зборот (телевизор – летевизор) Прескокнување на редови Повторување на делови одз борот (клупапа) Замена на слични гласови (к – г, т – н, д – н) |
[1]Бјелица Ј., ГалиќЈушиќ И., Посокхова И., Првчиќ И., Ристер М., ПавлиќКотиеро А., Приручник о дислексији, дисграфији и сличнимтешкоќама у читању, писању и учењу, Загреб, 2005
Извор: „ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО“ Прирачник за стручни соработници во основните училишта