Students - Ученици

УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Наставниците се најважниот елемент кој придонесува преку мотивирање на учениците тие да покажат соодветен интерес за наставниот процес. Наставникот исто така мора да се потруди да ги мотивира и родителите и тие да имаат соодветен интерес како да ги натераат своите деца да покажат љубов кон училиштето и наставата. Наставниците на специјално подготвени родителски средби треба да ги научат родителите да применуваат одредени стратегии за мотивација за учење на нивните деца во нивните домови. Наставникот колку и да се залага и да ги подучува учениците за време на часовите, учениците на крајот од денот се враќаат во нивните домови каде треба да го повторат наставниот материјал кој го учеле во училиште. Секако, дома нема да биде и наставникот, затоа е добро родителите секогаш да бидат на располагање кога децата од нив ќе побараат одредена помош поврзана со наставниот материјал.

Наставникот при првите средби со своите ученици уште веднаш треба да гради позитивен однос со нив за да тие кон него создадат позитивна слика, а на тој начин таа позитивна слика ќе се пренесе и на наставниот предмет и наставните содржини кои ги предава наставникот. Наставникот не смее стереотипно да предава, да влезе во училница, да праша дали има отсутни ученици, да го запише часот и да започне со предавање или испрашување, а на крај од часот едноставно да си стане и да си замине. Овој начин воопшто не е добар и нема никогаш да вроди со плод. Доколку на часовите често ви се случува учениците да ве прашуваат уште колку има до крајот на часот, кога ќе ѕвони, тоа е лош знак, тоа треба да ни даде до знаење дека часовите не им се интересни и едвја чекаат да завршат без разлика на тоа колку наставните содржини по тој предмет се интересни и примамливи. Сетете се само колку пати сте слушнале како некои наставници биле или сè омилени и сакани помеѓу нивните ученици без разлика што тие предавале математика или физика (едни од предметите потешки за учење и разбирање според учениците), а учениците по истите предмети на часовите за наставните содржини и материјал кој требало да се усвои покажувале висок степен на интерес. Ова се должело на тоа што овие наставници поимите и наставните содржини кои требало да ги предаваат ги поврзувале со предметите и случувањата од секојдневието на учениците, со нешта кои им за нив се блиски и интересни. Ваквите наставници секогаш се во тек со актуелните случувања во светот на учениците. Во предвањата користат термини кои се блиски до учениците (во ова наставникот не смее да претера), на тој начин им кажуваат дека ги разбираат. На ваков начин на комуникација со учениците многу бргу се привлекува нивното внимание, а штом успеете како наставник да го добиете нивното внимание тогаш и реализацијата на наставниот материјал и разбирањето на истиот од страна на учениците ќе оди на правилен начин.Наставникот треба да се потруди во училница да создаде една позитивна атмосфера за работа. Расположениот наставник секогаш во училницата создава позитивна атмосфера, а позитивното расположение се пренесува и на учениците.

preschool375

Многу е битно учениците да воочат кај наставникот дека тој се грижи за нив, дека се радува на нивните постигнати успеси и дека го онерасположуваат несуспесите на учениците. Ученикот кој создал позитивна слика за својот наставник многу повеќе ќе се труди на неговите часови и во однос на материјалот кој кај него не предизвикува баш и некој голем интерес. Мотивираноста на наставникот е еден вид на заразна болест, колку е тој помотивиран за работа и неговите ученици ќе се трудат да го следат примерот на мотивираност на наставникот, и обратно, колку наставникот е понемотивиран, толку понемотивирани ќе бидат и неговите ученици. Мотивираните наставници реализираат одлични часови. Нивните часови се одлично испланирани и реализирани. Нивните часови изобилуваат со интеракција во која учениците се постојано вклучени, учениците ги поттикнуваат да создадат сопствено, индивидуално видување и размислување за нештата. Мотивираните наставници претставуваат позитивен модел за своите ученици. Наставникот при предавањето треба да ги стимулира учениците преку правилно избирање на активности кои кај учениците ќе побудат соодветен интерес. Понекогаш ова изгледа многу тешко за реализација од причинии што наставникот реализира однапред дефинирана наставна програма. Но, токму ова за наставникот треба да претставува дополнителен предизвик преку кој тој ќе ја истакне сопствената креативност и иновативност. За да реализира наставникот примамлив час за учениците, тој треба добро да ги познава, а тоа подразбира да го знае интересот на учениците, на пример, какви книги сакаат да читаат, какви филмови сакаат да гледаат, кои спортови посебно ги интересираат, со кое хоби се занимаваат и сл. Успешен ќе биде оној наставник кој наставната содржина и новите поими кои треба да ги усвојат учениците успешно ќе ги поврзе со нивното секојдневие, односно она што нив ги интересира. При реализација на наставните содржини наставникот на учениците треба да им понуди разновидни задачи согласно нивниот интерес. Од голема важност е при избирањето на изборните предмети да им се даде целосна афтономија на учениците каде тие самите ќе го изберат изборниот предмет согласно она што ги интересира без тоа да изборниот предмет им биде натурен или пак наместо нив изборниот предмет да им го избере училишната управа. Истото се однесува и при изборот на ученичките секции во кои тие членуваат. Од голема важност е во своите предавања наставникот да вметне разноликост, а тоа подразбира предавањата да не му наликуваат едно на друго од причина што таквите предавања се монотони за учениците. На таквите монотони предавања се губи интересот и концентрацијата на ученикот во однос на она што предава наставникот. Од тие причини потребно е наставникот да користи една цела лепеза од различни нагледни средства, како што се: разни видови презентации, готови апликации и филмови преземени од интернет итн. Исто така за поинтересна настава, наставникот треба да користи и различни наставни техники и стратегии. Наставниците треба да ги насочат учениците самостојно да ги избираат целите кои сакаат да ги достигнат и реализираат. Голема е можноста наметнатите цели од страна на наставникот учениците да не ги достигнат и усвојат. Притоа наставникот треба да ги научи учениците како да ги поставуваат целите согласно нивната возраст и образовен период, а тоа подразбира целите да бидат остварливи и мерливи. За добро реализираните цели наставникот треба да ги награди учениците, така што тие ќе се чувствуваат како корисни и успешни членови на училишната заедница и општо како успешни членови на општеството во кое живеат и творат. На тој начин тие ќе добијат потврда за нивниот ангажман, а тоа ќе ги мотивира и понатаму да бидат вредни и успешно да ги планираат и реализираат зацртаните цели. Како што кажавме и претходно, учениците треба да бидат активни субјекти за време на часот, а не пасивни субјекти без право на глас. Наставникот во никој случај не смее да им го одземе правото учениците да бидат активни и да изнесат свои видувања и размислувања поврзани со наставата. Со сигурност може да се каже дека поголемиот број ученици сакаат активно да учествуваат на часот, на тој начин кај нив се јакне нивната самодоверба. Преку ваков начин на работа учениците може да разменат различни гледишта и идеи, односно спротивставени ставови поврзани со наставните содржини каде би се развила една дебата, која на крај би резултирала со изнаоѓање на едно вистинско и правилно видување или пак решение. Согласно природата на наставниот предмет наставникот може да организира и симулации каде учениците ставени во одредена улога треба да извршат одредена задача дадена од наставникот. На ваков начин уште повеќе ќе се зголеми интересот и мотивацијата на учениците за соодветниот наставен предмет. Многу е битно наставникот кај учениците да ја поттикнува нивната љубопитност, тој на учениците треба да им овозможи тие слободно да поставуваат прашања на кои треба да им даде и посвети соодветно внимание. Доколку учениците почуствуваат дека нивните прашања се запоставени од страна на наставникот и дека на нив тој не им придава никаква важност, тогаш и интересот на учениците ќе спласне и тие ќе станат пасивни за време на часовите.

image3_s

Наставникот поттикнувајќи ја љубопитноста кај учениците истовремено создава атмосфера учениците активно да истражуваат и самостојно да дојдат до одредени решенија. Наставниците кои од своите ученици бараат наставниот материјал да го поврзуваат со нивниот реален живот и сфера на интерес, кај нив поттикнуваат поголем интерес и желба за учење. На ваков начи учениците побргу и полесно учат. Наставникот не треба да се доведе во ситуација учениците да се прашуваат зошто ова го учиме и за што тоа ќе ни користи во животот. Како што веќе кажавме, наставникот наставните содржини треба да ги поврзува со примери од практичниот живот. На учениците треба да им се покаже како научениот материјал може да им биде од корист во различни ситуации од животот, посебно во однос на она што ги чека во нивниот понатамошен живот. На ваков начин наставникот учениците ги подготвува полесно да добијат одговори на нивните предизвици и барања кои ги очекуваат во иднина. Факт е дека најстимулативно кај учениците во образовниот процес делуваат оценките и пофалбите. Преку оценките учениците се врднуваат за постигнатиот успех во однос на усвоениот наствен материјал, па затоа праксата покажала дека тие се многу важни во нивното школување. Има и ученици кои не се задоволуваат со нивните добри оценки или пофалби од страна на наставниците. Овие ученици често сакаат да добијат писмени пофалби кои ќе им бидат доставени на нивните родители, да бидат јавно истакната нивната успешност пред целото училиште или да бидат привелегирани во паралелката или училиштето (претседател на училишна заедница во паралелка или претседател на училишната заедница во училиште). Постојат различни ученици, некои лесно ги реализираат добиените задачи и обварски, а пак други колку и да се трудат успехот кај нив не доаѓа толку лесно или пак е делимичен. Од тие причини наставникот не треба да го вреднува и пофалува крајниот успех туку трба да му даде и соодветно значење и на процесот на учење и трудот кој го вложува ученикот. Кога се вреднуваат и пофалуваат учениците наставникот предвид треба да го има вложениот труд на ученикот и она што тој го постигнува, а не да се има предвид личноста на ученикот. Треба да се знае дека пофалбите позитивно влијаат на работата и успехот на ученикот додека пак критиката делува дестимулативно и антимотивирачки. Од тие причини добро е наставникот пофалбите за ученикот да ги изнесува јавно пред неговите соученици, а критиките и укажувањата насамо, во четири очи. Наставниците треба почесто да ги пофалуваат учениците, на таков начин им се дава до знаење дека се на правилен пат и дека работите ги извршуваат онака како што треба, а со самото тоа дека нивната активност и добро сработената задача е видлива, односно не се занемарува. Покрај оценките и пофалбите за учениците од голема важност е тие да добиваат јасни и целосни повратни информации. Повратната информација на ученикот треба да му се даде веднаш по завршувањето на работната задача со цел тој да знае колку била успешна неговата активност и постигнат резултат за да знае каде згрешил, односно што треба да поправи. И негативната информација е информација за ученикот, но истата треба внимателно да му се пренесе на ученикот за да таа кај него не предизвика одбојност или дестимулирање. Затоа внимателно треба да се бираат зборовите со кои таа ќе биде соопштена. На пример: ти можеш повеќе, ова е добро но ти знаеш да го сработиш уште подобро, во иднина потрудисе уште повеќе и сл.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.