Teachers - Наставници

НАСТАВНИЧКАТА ПРОФЕСИЈА КАКО ПРЕДИЗВИК

Пред да се каже било што за оваа професија, првенствено треба да се знае дека наставничката професија е многу одговорна. Пред наставникот се наоѓаат млади лица кои треба да се обликуваат, создаваат и правилно насочуваат. Од тие причини да се биде наставник не значи да се биде само стручњак во дадената област, туку тоа претставува и висок морален чин кој длабоко е сврзан со самата наставничка професија.

            Пред влезот во училиштето добриот наставник го остава својот приватен живот и лични проблеми и со насмевка на лицето влегува во училиштето, а на крајот од своето работно време повторно си ги зема оставените „работи“ пред училишниот влез. Наставниците треба да знаат, во зависност од тоа дали се одделенски или предметни, дека секојдневно се опсервирани и на некој начин се тема на разговор на најмалу 30 па сè до 180 ученици и нивните семејства. Тоа значи дека наставникот секојдневно е предмет на опсервација и тема на разговор во исто толку семејства, а замислете, тој ден ако во пола од семејствата дојдат гости или ученикот со своето семејство оди на гости, тој број на опсерватори на наставникот уште повеќе ќе се зголеми. Затоа, наставникот пред своите ученици нема приватен живот, нема проблеми, нема грижи, во училиште тој е само нивен пример од кој учениците треба да учат. Добар наставник е оној наставник кој знае како да ги поштеди своите ученици од неговите лични проблеми и кој знае да им овозможи среќен и безгрижен ден во училиште. Добриот наставник поставува јасни цели, применува високи стандарди на однесување и соодветно го троши своето време во училница. Неговите часови се осмислени и организирани како учениците да стекнат нови знаења. Подготвувањето на наставникот за час треба да биде целосно пропратено со креативност. Тоа не значи дека подготовките треба да бидат само од аспект на формални  хартиени докази, овие докази вистински треба да бидат ставени во функција на еден добро осмислен и реализиран час. Кога наставникот размислува за концепцијата на часот секогаш треба да се стави во улога на ученик и да замисли дали така осмислениот час за него, како ученик, би бил интересен и примамлив. Доколку заклучи дека на часот нешто му недостасува и дека не е интересен, колку е веројатно дека таквиот час би им се допаднал и на учениците? Неорганизираниот, неодговорниот и хаотичниот наставник не може да има квалитетни и добри предавања. Добриот наставник за време на предавањата е јасен, прецизен, коректен и доследен. Доколку на часот од некој наставник учениците излегуваат деморализирани, поспани, збунети без чувство дека нешто корисно научиле, тогаш наставникот треба да се запраша дали ја избрал вистинската професија. Комуникацијата е битен сегмент од наставничката работа на која постојано треба да се работи. Наставникот кој обично има проблем во комуникацијата со луѓето, ќе има проблем и во комуникацијата со учениците. Доколку тој не може да го задржи вниманието со своите соговорници, може да замислиме колку тој професионално ќе може да го задржи своето внимание со неговите соговорници на работа, во случајов пред сè учениците. Комуникацијата со луѓе е вештина на која наставникот сериозно треба да работи постојано. Преку развивање на добра комуникација наставникот автоматски ги намалува потенцијалните несогласувања со неговите ученици и колеги. Наставникот треба да се труди да биде авторитет.

teacher

Без стекнат авторитет нема реализација на добар воспитно-образовен процес. Треба да се знае дека авторитетот не се стекнува преку давање лоши оценки и пренагласена строгост за време на часовите. Авторитетот не се стекнува преку воведување војничка дисциплина, тој се гради постепено преку взаемна доверба и покажана стручност. Со учениците не е пожелно да се градат пренагласени другарски односи, наставникот треба да го задржи својот професионален однос на релација наставник-ученик, но секако дека не треба целосно да се запостават и потценат учениците. Најдобро е да се најде соодветен баланс и да се има соодветно разбирање и за потребите на учениците. Добриот наставник не треба да има свои миленици меѓу учениците. Добриот наставник има подеднаков однос и однесување кон сите ученици без да фаворизира или минимализира некој од нив. Тој е спремен на сите да им посвети соодветно внимание и да им даде соодветна помош согласно неговите надлежности како наставник.  Добриот наставник никогаш нема да застане пред учениците да предава доколку за тоа не е подготвен. Добриот наставник секогаш е подготвен да застане пред учениците и да реализира интересен и креативен час на кој час на најголемиот број од учениците ќе им биде сè јасно. Ова се постигнува преку таканареченото доживотно учење, следење на сите новитети во наставниот процес, следење на модерната технологија и постојано следење стручна литература. Кај добриот наставник секое негово предавање е интересно, се труди секогаш да има поинаков креативен пристап при реализацијата на наставните содржини со цел учениците полесно и целосно да го совладаат новиот наставен материјал. Добриот наставник за време на предавањето често користи примери од секојдневниот живот на учениците и ситуации кои нив им се блиски. Добриот наставник не се потпира само на учебникот, тој за него претставува само едно од многуте наставни помагала за успешна реализација на наставен час. Наставникот многу често покрај улогата на предавач и педагог, мора да биде и социолог, психолог едноставно да знае да ја контролира ситуацијата во училиштето. Мора да знае да балансира во работењето со учениците, да ги контролира сопствените емоции и да не заборави дека тој управува со целокупната ситуација во училницата. Наставникот кој тоа не може да го реализира нема да биде успешен во својата работа. Никој од наставникот не очекува нешто невозможно или премногу. Едноставно, оваа професија покрај стручното знаење бара и талент во работата со децата.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.