Teachers - Наставници

КРЕАТИВЕН НАСТАВНИК

Многу често наставниците се прашуваат дали наставникот се раѓа креативен? Одговорот е дека тоа не е вродена дарба туку е особина која се стекнува и негува. Креативноста наставникот истата ја стекнува преку напорна работа и напуштање на старомодниот начин на работење на сметка на креирање и примена на новите можности кои ги нуди современиот живот. Тоа значи дека наставникот треба да го преиспита начинот на постигнување на зацртаните цели кои сака да ги реализира употребувајќи соодветни наставни средства, методи и техники. Квалитетот на креативниот наставник произлегува од неговите особини како што се: отвореност за нови идеи, спремност за прифаќање на предизвиците, самодоверба, желба за иновативно и поинакво работење. Креативните наставници за време на нивниот развој имале можност да се анализираат себеси и да учат на сопствените грешки. Тие пред себе имале модел (нивните родители, роднини, постари колеги) на креативни луѓе од кои учеле. Сепак наставникот за да биде креативен потребно е упорно да работи на својата професионалност преку самостојно изготвување на квалитени планирања, подготовка на соодветен наставен материјал и средства за работа, планирања, организирање и реализирање на активностите на часот. Во однос на сите наведени активности важно е наставникот да има креативен пристап при планирањето, организирањето и применетото за време на часовите. Ова се постигнува со желба, упорност и истрајност. Мотивацијата е составен дел во креирањето на иновативноста, а таа може да се согледа преку задоволството на наставникот од она што го има вложено и добиено како краен исход од позитивните постигнувања на учениците. За да се ослободи целосно креативноста потребни се два предуслова и тоа психолошка сигурност и психолошка слобода. Психолошката сигурност произлегува однадвор од надворешното опкружување. Наставникот се чуствува сигурно во она што го работи доколку неговото опкружување, неговите колеги го прифаќаат и имаат позитивен став и однос на она што тој го работи. Психолошката слобода подразбира непречено слободно креирање и користење на идеи и отвореност кон нови искуства и континуирана сопствена самоевалуација на сметка на евалуација на другите. Креативните наставници се трудат да го намлата сопствениот стрес, стресот на колегите со кои работат и стресот на учениците на кои им предаваат. Тоа го постигнуваат на тој начин што на учениците им даваат доволно време за изразување, создаваат пријатна атмосфера за работа, го поттикнуваат и охрабруваат ученикот или соговорникот во нивната меѓусебна комуникација, ја поттикнуваат и охрабруваат меѓусебната соработка, размената на идеи за сметка на хиерархиската поставеност.

creative-teacher-logo

  • Креативниот наставник ги сподредува поимите кои ги објаснува со предметите кои се поврзани со секојдневниот живот, со нешто што им е блиско и интересно на учениците.
  • Креативните наставници им даваат до знаење на учениците дека и тие учат некои работи од нив. Инсистираат да ги заменат улогите – тие да ги научат на нешто ново. Ова е проверено квалитетен метод и секогаш дава одлични резултати. Еднаш месечно добро е да се смени улогата на ученик-наставник.
  • Креативниот наставник кога постауват прашање, не очекува веднаш точен одговор од ученикот, смета дека е подобро заедно со ученикот да дојдат до одговорот. Се труди да го разбере начинот на кој учениците размислуваат за проблемот. Кога ќе забележи нов интересен начин на кој проблемот би можел да биде решен, им укажува на истиот.
  • Во најголем број случаи креативниот наставник има своја веб страница и ги поттикнуваат учениците активно да ја користат неа. На тој начин наставникот е во дополнителе контакт со своите ученици.
  • Креативниот наставник ги користи информациите кои ги има за учениците во примери поврзани со наставата на умесен и пристоен начин имајќи ја предвид нивната приватност и притоа ги прашува дали им одговара тоа што употребил пример од нивниот живот. На тој начин им дава до знаење дека му е важно нивното мислење.
  • Креативниот наставник за време на неговите предавања со учениците споделува примери од неговиот живот поврзани со наставните содржини со цел учениците да не го доживуваат како строг авторитет кој предизвикува непријатна атмосфера, туку како некој кој им  е близок.
  • Креативниот наставник ги користи имињата на учениците при поставување на прашања упатени кон нив со цел тие да знаат дека наставникот нив ги уважува и почитува.
  • Креативниот наставник ги учи учениците и за животот, а не само за материјалот. Им посочува како не треба да се учат само работи кои ќе им бидат практично применливи во животот, туку и за оние кои ќе ги збогатат со знаење, општа култура и информираност, работи што ќе им значат во животот, како своевидно животно искуство.
  • Креативниот наставник ги прашува учениците за тоа што би смениле во учебникот со цел да дознае што им се допаѓа, а што не, што им  е тешко и неинтересно. На тој начин тој од нив добива одговори на кој начин тие го совладуваат наставниот материјал и кој начин за учење за нив е најлесен и најинспиративен.
  • Креативниот наставник често знае своите предавања да ги започне со мотивирачка приказна. Приказна која навидум нема никаква врска со лекцијата. Но, креативниот наставник знае како да ја постави приказната така да не биде очигледно за што зборува. По некое време, учениците несвесно се обидуваат во приказната на наставникот да ја откријат врската со материјалот, дури и ако таму навистина ја нема.
  • Креативниот наставник знае да организира часови кои не се конкретно поврзани со предметот кој тој го предава. На тие часови тој разговара со целото одделени за сè што ќе му падне на памет. Темите не се поврзани со материјалот на ниту еден начин. На тој начин следи во колкава мера учениците сепак ја поврзуваат темата со предметот. Целта му е на учениците да им укаже колку конкретниот предмет е вклучен во сите сфери на живот, односно во колкава мера не можеме да се заобиколи наставниот предмет додека се разговара за други работи. На тој начин, индиректно им укажува на учениците за значењето на наставниот предмет кој тој го предава.
  • На креативниот наставник доколку му биде пронајдена грешка од страна на ученикот тој ја прифаќа дури и го пофалува ученикот, а потоа ги мотивира учениците додека предава тие да ги откриваат грешките во неговото предавање (се разбира, доколку ги има), на тој начин наставникот сака да ги поттикне учениците поактивно да го следат додека предава.
  • Согласно предметот кој го предава креативниот наставник, тој учениците ги носи надвор од училишните простории (посета на разни институции, објекти, историски знаменитости, природни убавини итн.) со цел тие да можат да ги прошират сопствените видици и сознанија, затоа што смета дека дружењето и учењето надвор од училиштето позитивно ќе влијае на целокупниот образовен процес. Тој ги поврзува новите сознанија со наставата, а на следниот час организира сумирање на впечатоците и разговор за тоа доживување.
  • Креативниот наставник е насочен кон наградување, а не кон казнување на учениците. За таа цел тој креира најразлични начини како да ги мотивира и поттикне учениците за учење. На пример, секое прашање кое ученикот ќе му го постави или секое размислување во однос на наставниот материјал, секој одговор, го претвора во можност за дополнително наградување. Ваквиот начин на учениците влијае стимулативно.
  • Креативниот наставник им дозволува на учениците сами да состават тест за проверка на знаењата на тој начин што секој ученик составува по едно прашање, а потоа тој сите ги поврзува во еден тест, кој тест го решаваат учениците. Додека го составува тестот, им дозволува на ученицитетие да го одредат бројот на прашања  и тежината на истите. Така, сите активно учествуваат во проверката на знаењата на учениците.
  • Креативниот наставник го карактеризира и духовитоста. Често комбинира смешните случки со материјалот. Се труди секој час да го направете интересен.
  • Креативниот наставник го почитува трудот на учениците кога сакаат да бидат интересни, па дури и тогаш кога не се. Се труди да влијает на формирањето на нивниот смисол за хумор.
  • Креативниот наставник го бодри и јакне натпреварувачкиот дух кај учениците, но истовремено не дозволува тоа да внесе раздор меѓу нив.
  • Креативниот наставник организира часови на кои на учениците им дава можност, секој од нив според своето мислење да си даде оцена себеси и своите соученици со образложение зошто така мисли и приота им укажува максимално да бидат реални во нивните искази. Овие оценки, секако не ги запишува во дневникот. Меѓутоа, на овој начин создава вистинска слика за тоа каков е ставот на учениците во однос на нивното учење и учењето на нивните соученици.

kreativen.jpg

Креативниот наставник во текот на своето работење честопати ја преиспитува сопствената работа со цел да утврди кои се неговите слаби страни појавени во неговото работење и по откривањето на истите работи нив да ги отстрани, а истовремено ги анализира и неговите силни страни кои дополнително ги јакне и ги споделува со неговите колеги како добар начин за реализирање на успешен образовен процес.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.