Management staff - Раководен кадар

Визијата и мисијата како дел од училишното водството имплементирани во колективното работење

Водено од својот директор секое училиште сака да биде успешно во своето работење, од таа причина се изготвува визија и мисија според која ќе се делува понатаму. Овие две компоненти се многу важни за да се разбере, кој сме, што сакаме да постигнеме и како тоа ќе го постигнеме за да бидеме конкурентни во обласата на нашето делување како на локален така и на глобален план. Дефинирајќи ја својата визија и мисија и она што сака да се постигне преку нив во суштина го трасираме патот и целта кон успехот.

      Кога станува збор за визијата таа треба да биде едноставно дефинирана, со цел да може да биде прикажана во неколку реченици, да биде поттикнувачка, но и разбирлива со цел однесувањето да биде  прикладно со целта.

      Визијата во себе содржи одредени барања, но и реално зацртана цел која треба да се оствари во одреден период кој претходно сме го поставиле. Таа може да се спореди со желбите и соништата кои сме ги имале кога не сме биле оптоварен со нејзиното (не)остварување.

vision (1)

            Визијата ја создаваме самите, односно ја градиме според сопствените желби, способности и можности. Визијата може да биде прикажана преку следниов пример „Ние сме успешно училиште со целосно високо образован кадар во кое сакаат да се запишат како ученици сите деца од градот. Остваруваме врвни резултати на општинските, републичките и меѓудржавните натпревари. Во нашето училиште сака да работи секој наставник во нашиот град“. Значи визијата претставува нешто што сакаме, нешто кон кое тежнееме, нешто што би не исполнило целосно и истовремено би не мотивирало, нешто што сакаме да постигнеме.

mission-statement

            Во ваква ситуација кога станува збор за визијата се поставува логично прашање како да се оствари истата? Визијата се остварува со помош на мисијата и пресудните фактори за постигнување успех. Таа се однесува на начинот на кој ја остваруваме визијата, преку делување. Мисијата треба да биде искажана преку активностите со кои се остварува целта. Преку примерот истакнат претходно кој се однесуваше на визијата за создавање успешно училиште мисијата може да се претстави како: „Преку тимски начин на делување, перманентна едукација на наставниот кадар, следење на светските иновации и трендови во образованието, нашето училиште ќе има светла иднина, односно ќе го постигне планираниот успех.“. Мисијата не служи само како карта според која ние би се движеле, таа ни служи и како споредба од време на време да се спореди реалноста со достигнувањето на посакуваните желби, односно ни служи за проверка уште колку ни треба да ја оствариме зацртаната визија.

            Што се однесува до визијата и мисијата поврзани со колективното работење во едно училиште треба да се знае колку вработените како составен дел од училиштето се запознати со визијата и мисијата, односно дали како директор (водач) на едно училиште сте им ја објасниле зацртаната визија и мисија на вработените. Праксата покажува дека многу вработени не знаејќи за зацртаната организациската визија и мисија често доаѓаат во конфликт во организациското работење водени од сопствената зацртана визија и мисија, а тоа значи несовпаѓање на личната визија и мисија со  онаа визија и мисија на училиштето. Заради ваква состојба често може да се слушнат коментари на незадоволство од страна на вработените дека се вработени во „лошо училиште“.

            Често во пракса се случува одредено училиште да нема изградено своја визија и мисија според која ќе се води во своето работење. Ваквата појава кај вработените создава демотивација во начинот на работа, а со самото тоа училиштето постигнува лоши резултати во своето работење.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.