Management staff - Раководен кадар

Училишниот директор и мотивацијата на наставничкиот колектив

Еден од петте најкористетни зборови во организациското работење е зборот мотивација. Една од најважните задачи во колективното работење на училишниот директор е да ги мотивира своите вработени. Таа задача се состои од способност за комуницирање, давање сопствен пример, создавање предизвик, храбрење, прибирање повратни информации, вклучување на другите во работењето, делегирање, професионален развој, информирање, известување и осигурување на праведно наградување. Секој може да се мотивира самиот себе, а директорот треба да ги мотивира своите вработени. Мотивацијата е таа која ги поттикнува луѓето на одредено однесување. Доколку од некого сакаме да заврши успешно одредена работа најдобро е да се дознае како тоа лице да се мотивира. Кога станува збор што е тоа што влијае на мотивацијата? Би кажале дека влијаат:

  • нечијата способност, знаење и вештина;
  • очекувања од работата во согласност со уверувањата;
  • влијание на другите – самопотврдување и признавање;
  • можности за напредување кои ги создава самата работа;
  • очекување награди и признанија.

За да се постигнат успешни резултати во училишното работење директорот треба да ги поттикне своите вработени преку различни постапки, едни од поефективните се:

–     јавно пофалување, а дискретно критикување;

–     делегирање во поголем обем;

–     оставање што посамостојно наставниците да ги извршуваат работните задачи;

–     барање мислење од наставниците за одредена работа;

–     наставниците не треба да се потценуваат;

–     директорот треба да застане зад своите наставници, во нивна одбрана, доколку има потреба;

–     создавање чувство кај наставниците дека се дел од училишниот колектив.

job satisfaction

            На наставниците во училиштето треба да им се овозможат одредени погодности за нивниот ангажман во вид на осигурување професионална иднина, создавање пријатно социјално опкружување за време на работењето, поттикнување лично задоволство, углед и развој.

            Во мотивирачкиот процес од голема важност е личното задоволство кое се создава преку контрола, предизвик, креативност и финансии.

            Директорот на училиштето врз наставниците може да влија преку давање позитивни примери, со своето однесување и давање јасни пораки. Исто така влијае и преку изнесување позитивни ставови, правилно оценување на вложениот труд, преку изнесување уверливи причини, нудење разновидни можности, како и преку совладување на отпорот поврзан со промените со помош на преговарање, информирање, вклучување, охрабрување. Директорот наставниците успешно ќе ги мотивира доколку:

  • ги отстрани сите демотиватори, открие што сакаат наставниците, им покаже како да го добијат она што го посакуваат;
  • биде добар слушател, биде разбран;
  • им каже на наставниците дека одредена работа ја извршуваат добро;
  • му покаже на наставникот дека има потполна доверба во него;
  • доколку пренесува позитивни информации;
  • поставува предизвици;
  • избегнува сарказам;
  • во училиштето вработува наставници кои шират позитивна енергија и постигнуваат успех.

Мотивирањето на наставниците претставува мотивирање на колективот како целина, а тоа на директорот ќе му успее доколку на наставниците им обезбеди добри услови за работа, им ја објасни мисијата на училиштето, на наставничкиот колектив му одреди цел која треба да ја постигне, промовира идентитет на училиштето, успесите ќе ги дели со сите вработени во училиштето, ќе внимава училишната атмосферата да биде позитивна. Директорот својот колектив успешно ќе го мотивира и доколку не биде воздржан во давањето на пофалби за добро сработени задачи. Директорот треба да биде срдечен, во одредени ситуации подобро е да се пофали исходот, односно сработеното, а не извршителите. Во одредени ситуации директорот на училиштето меѓу вработените треба да внесе и натпреварувачки дух, но притоа на сите наставници треба да им даде можност за докажување. Многу е важно да се избере правилно време, а со самото поттикнување да се знае што се сака да се постигне, треба да се дефинираат однапред натпреварувачки правила, а на најдобрите подобро е да им се доделат награди отколку пари.

Мотивација

За време на водењето на училиштето лошите резултати и лошото работење треба да се критикува. Но, тоа треба да се стори внимателно да не се демотивираат вработените во училиштето. Затоа најдобро е да се одбере вистинското време за критика и тоа да биде дискретно, не во јавност пред сите наставници во колективот. На наставникот кому му е упатена критиката треба да му се даде до знаење дека се критикува неговиот лош резултат, а не неговата личност. За време на давањето критика најдобро е наставникот да се гледа право во очи за да му се даде до знаење чии напатствија треба да почитува и следи. За време на критиката треба да се изнесат издржани и вистинити работи. Наставникот кому му е упатена критиката треба да знае дека го цените, а исто така дека го цените и досегашниот вложен труд за остварување на доделените работни задачи. На крај најдобро е да се определи датум за повторна средба на која ќе се разгледа дали со критиката се подобрило нешто во неговото однесување и работење.

Од досега кажаното за мотивацијата, водството и тимското работење може да се каже, доколку еден директор на училиште сака неговиот колектив да постигне врвни резултати, треба неговите наставници да ги мотивира, а начините за мотивација треба самиот да ги изнајде во зависност од видот на училиштето, бројот на вработените, расположливите средства кои му се на располагање за мотивација и сл.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.