Management staff - Раководен кадар

Комуникацијата на директорот со наставничкиот колектив

Човекот е суштество кое доколку сака да опстане мора да комуницира притоа ги изнесува своите ставови и мислења, согласувања или несогласувања со одредена работа, преку комуникацијата тој ги искажува своите барања.

Комуницирањето претставува пренос на информации, согласување, пренесување на пораки и искуства, создавање нови знаења, идеи и услови без кои не може да се одвива работниот процес. Но, пред сé комуницирањето претставува вештина, а секоја вештина може да се научи и унапреди. Според вештината на комуницирање може и да се идентификуваат успешните училишни директори од оние помалку успешните. Најуспешните директори се свесни дека добар дел од својот успех го постигнале благодарение на своите добри комуникациски вештини. Од тие причини овие директори постојано вложуваат во себе, во развивање на своите комуникациски вештини. Оние помалку успешни директори треба да знаат дека меѓу другото за своето не толку успешно водство голем удел има и нивната лоша комуникацијата.

Комуницирањето може да се подели на невербално и вербално. Невербална комуникација е онаа која опфаќе сé освен употреба на зборови во пишувана и усна форма (држење на телото, движењето на телото, рацете, визуелната комуникација, интонацијата и дикцијата и т.н.). Вербалната комуникација е употреба на зборови во усна и пишана форма.

images

Комуникацијата на директорот со своите наставниците може да биде формална, а тоа подразбира официјален протокол со работни информации, поврзани со училишното работење (состаноци, извештаи, белешки, добиена пошта). Што се однесува до неформалната комуникација за неа треба да се каже дека во себе содржи 75% точни информации. Извори на неформалната комуникација најчесто се неформални контакти засновани на неформални средби (ручек, пиење кафе, излет и сл.). Значењето на неформалната комуникација е од големо значење, ова посебно треба да го знаат директорите. Во текот на неформалната комуникација луѓето се поприлично слободни и искрени во изнесувањето на своите ставови и размислувања.

Директорот во својата комуникација трба да го применува непосредниот и посредниот начин на комуникација. Непосредната комуникација ја одредува близината со соговорникот. Преку непосредната комуникација лицата вклучени во неа комуницираат без посредници лице в лице, директно.

Непосредната комуникација се одвива преку состаноци. Таа започнува со меѓусебно поздравување со цел да се остави позитивен впечаток. Таквиот начин на комуникација кај соговорниците влева доверба и оптимизам.

Посредната комуникација се одвива со посредство на техниката, односно телефон, факс, интернет, пошта и т.н. При овој вид комуникација треба посебно да се внимава затоа што комуникацијата не е директна, односно посредна. Доколку се случи одредена забуна во смисла на погрешно разбирање на пренесената информација ќе треба подолг период истата да се исправи, односно да се каже она што навистина се мисли.

Кај комуникацијата уште разликуваме интраперсонална и интерперсонална комуникација.

Интраперсоналната комуникација подразбира комуницирање со самиот себе, што би значело систематизирање на мислите, размислување, одлучување пред јавно да се искаже размислувањето пред наставничкиот колектив. Директорите од време на време сметаат дека меѓу другите обврски немаат време за интраперсонална комуникација, односно самопреслушување пред нештото да се искаже јавно, а последица од тоа може да бидат донесени брзоплети и непромислени одлуки. Успешните директори еден дел од своето време го планираат за интраперсонална комуникација, за да можат да ги средат мислите, а со самото тоа да можат да носат квалитетни одлуки и да избираат помеѓу повеќе можности.

Интерперсоналното комуницирање е комуницирање преку кое се разменуваат пораки и информации со еден или повеќе наставници. Првенствена цел на интерперсоналната комуникација е преку размена на идеи и информации да се поттикнат нови идеи и да се пренесат знаења. Директорот со своите наставници интерперсонално комуницира преку,  телефонски разговори, состаноци, пишани и усни договори, е-маил и др. Во зависност од интерперсоналните комуникациски способности на директорот во голема мера зависи крајниот исход на постигнатите резултати на наставничкиот колектив.

_0001_layer_7_1

Комуникацијата може да се подели и на еднонасочна, двонасочна и повеќенасочна. Еднонасочната комуникација подразбира пренесување на наредби, директиви, задачи, предлози, информации, мислења, типична е за директорот. Двонасочната комуникација подразбира пренесување на информации, мислења, идеи, искуства. Ваквиот начин на комуникација остварува директорот со своите наставници за да може да одреди како се одвиваат планираните активности.

Комуникацијата може да биде уште вертикална и хоризонтална. Хоризонталната комуникација подразбира рамноправен начин на комуникација. Тоа подразбира рамноправно комуницирање во училиштето. Ваквиот начин на комуникација во колективното работење се покажал како најдобар. Комуникацијата во колективниот начин на работа треба да се заснова на хоризонталниот начин на комуницирање затоа што на тој начин на комуникација се постигнуваат најдобри резултати. Во ваквиот начин на комуникација учествуваат сите вработени во училиштето. Формите на комуникација се непосредни разговори, состаноци, дописи, телеконференции (комуникација која сé уште не навлегла доволно во работењето на училиштата. Ваквите примери кај нас се минимални) итн.

Вертикалниот начин на комуникација подразбира комуникација на различни хиерархиски нивоа во едно училиште. Ваквиот начин на комуникација го користи директорот на училиштето како негов водач. Овој начин на комуникација е наредбодавен и како таков многу малку се користи во колективниот начин на работа. Овој начин се одвива во две насоки од горе на доле и од доле на горе. Од горе на доле се користи кога директорот на своите наставници им задава задачи и насоки за работа, а од доле на горе се користи кога наставниците му поднесуваат извештај за сработеното на директорот.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.