Management staff - Раководен кадар

Делегирање работни задачи од страна на директорот на наставниците

Доколку директорот на училиштето сака да постигне врвни резултати, одредени работни задачи треба да ги делегира на наставниците. Директорот колку и да е способен не може да сработи сé. Паметните училишни директори голем број работни задачи ги делегираат на своите наставници, а тој само го контролира текот на нивното извршување и крајниот исход.

Делегирањето претставува одлука кому одредени задачи ќе му бидат доверени, а кои ќе се останат кај директорот. Правилното делегирање подразбира препуштање на другите одредени задачи кои би сакале и самите да ги работите. Понекогаш може да се случи одредени задачи да се нема кому да се делегираат. Тоа значи дека директорот ќе мора сам да сработи некои работни задачи кои не се во негов ранг.

Делегирањето не е само пренесување работни задачи на некој од наставниците, преку делегирањето се бара од наставникот кому му е делегирана одредена задача, односно одговорност или овластување задачата да ја заврши во името на неговиот директор. Но треба да се знае дека директорот и понатаму е одговорен и тој е оној кој ќе ги сноси сите одговорности.

Некои директори делегирањето го сметаат како можност да се решат од сите задачи кои се премногу досадни или тешки. Ваквиот начин на делегирање не е добар затоа што наставниците тоа сигурно ќе го почуствуваат и може да создадат негативно мислење за нивниот директор. Делегирањето на досадни задачи ќе ја намали мотивираноста кај наставниците, а делегирањето на претешки задачи е опасно за директорот што тоа може да му го поткопа авторитетот во училишниот колектив.

shutterstock_80932948

Одлуката на директорот за тоа кому ќе му додели одредена задача не зависи само од проценката за способноста на наставникот кому ќе му биде доделена задачата иако тоа е многу клучно. Во делегирањето треба да се одбере наставник кој има знаење, вештини или преку обука брзо може да ги стекне. Предвид треба да се земат и други карактеристики, на пример како наставникот ќе ја прифати задачата која ќе му биде делегирана. По правило делегирањето треба да поттикнува. Директорот треба да го пронајде оптималното ниво на делегирање, со тоа самиот ќе работи поефикасно, и успешно ќе го мотивира својот училиштен колектив.

517444131

      При делегирањето наставникот мора да разбере што е и зошто нештото е делегирано. Директорот мора прецизно да ги одреди ограничувањата во делегирањето, за да може оној на кому му се делегирани задачите да создаде слика за задачите и местото кое го зазема. Директорот треба да даде објаснување како ќе го надгледува извршувањето на делегираните задачи и како ќе го процени резултатот. Тој на самиот почеток треба јасно да го одреди начинот на надзор, односно контрола, но исто така треба да нагласи дека е отворен во секој момент и стои на располагање за помош и давање совети. На самиот почеток тој треба целиот наставнички колектив да го информира за тоа дека одредена задача му е доделена на некој наставник со цел да не дојде до одредени збрки и недоразбирања, а на тој начин наставникот кому му е доделена задачата се мотивира преку јавно признание делегираната задача да ја завршат успешно. По завршувањето на делегираната задача од голема важност е истата да се оцени како е завршена. Директорот во најголем дел при проценката треба да се задржи на она што е добро сработено. На тој начин се мотивира наставникот кому му е доделена задачата во понатамошните активности, односно работни задачи да постигнува уште поголеми успеси. Оценувањето на сработеното може да користи како информација за директорот до каде е развојот на неговите наставници.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.