Teachers - Наставници

Новото време-општествениот напредок-професионалниот развој на наставниците

Училиштето е подготвителна станица во која човекот поминува добар дел од својот живот. Нема да згрешиме доколку кажеме дека образованието денес доцни во спроведувањето на реформите кои ги бара новото време, а исто така се создава и одреден отпор во прифаќањето на новитетите кои неминовно мора да се спроведат во образованието.

Новото време на живеење се карактеризира со глобализација и тоа во сите сфери од човековиот живот, каде секоја нација се стреми да го задржи својот културен идентитет за да не биде стопена во таа глобализација. Новото време на работење и живеење овозможува учениците само во текот на основното образование да се стекнат со знаења и информации со кои нивните дедовци и баби се стекнувале за време на нивното целокупно образование. Се случува брзо застарување на знаењата, односно стекнатите знаења за кратко време да станат нефункционални. Во одредени професии околу 50% од стекнатото знаење и информации застаруваат во рок од 5 години. Со развојот на информациско-технолошките средства за работа многу алатки минуваат во историјата како музејски експонати, а истите до пред 30 години активно се користеа во сите организации. Денес доминираат организации со помал број на вработени каде поголемиот број од нив е ангажиран во организацискиот и раководниот дел од работењето, отколку непосредно во производствениот дел од работењето.

24c5b8a1d2719a8fb022cc5d9b18bba0

Од ова произлегува дека новото време и трендови на живеење бараат од образованието учениците да ги подготви на поинаков начин во однос на оној кој функционирал до пред неколку десетици години. Новото време нема да бара учениците  кога ќе станат зрели личности да поседуваат само готово знаење, од нив ќе се бара да можат стекнатото знаење практично да го применат преку воочување, дефинирање и решавање на проблемот, преку креирање нови решенија. Учениците треба да бидат добри комуникатори и презентери на своите идеи кои јасно и недвосмислено треба да ги презентираат пред другите. Одлуките кои ќе ги носат треба да се базираат врз претходни анализи и заклучоци, да имаат висока самосвест и одговорност за сите сопствени постапки.

Доколку сакаме преку воспитно-образовниот процес да создадеме вакви личности, мора да се менува застарениот концепт на функционирање на училиштата. Испитувањата поврзани со новите трендови и новото време на живеење укажуваат дека повеќе од половина основци во иднина ќе работат на работни места кои сè уште не се креирани и технологија која сè уште не е измислена.

Не толку одамна кога почнал светскиот бум во областа на техолошкиот просперитет се мислело дека новата и напредна техологија која ќе се развива во иднина ќе го истисне наставникот од неговото работно место. Новите истражувања и анализи пак зборуваат нешто сосема друго, а тоа е дека наставникот ќе биде во центарот и носител на сите значајни општествени промени. Од тие причини наставникот треба да подлежи на континуиран професионален развој и тоа за време на целиот негов работен век, а сè со една цел, да биде постојано во тек со сите новини од општественото живеење кое подоцна се имплицираат во воспитно-образовниот процес.

screen-shot-2010-12-01-at-7-56-17-pm

Кога станува збор за развојот на наставникот, новото време бара тој континуирано, целоживотно, професионално да се развива, а не класично да се обучува и образува. Ова подразбира еден нов концепт преку кој наставникот треба да создаде нова перцепција за наставничката професија, нивната подготовка за извршување на секојдневните професионални обврски, поинаква перцепција за наставничката улога во локалната и училишната заедница.

Денес сме сведоци на континуиран и многу брз развој на технологијата, со самото тоа таа има длабоко навлезено и во воспитно-образовната дејност, го осовремени и олесни образованието, многу работи се вршат на лесен едноставен и практичен начин, информациите поврзани со воспитно-образовната дејност ни се достапни во секој момент. Но, и покрај тоа наставникот е единствен и незаменлив фактор во реализацијата на квалитетниот воспитно-образовен процес. Без разлика на тоа колку одредени работи се развиени и втемелени на теориска основа, истите без наставникот не можат да се реализираат и да се втемелат во пракса. Затоа наставниците треба во континуитет да ги следат сите новитети, да се образуваат и усовршуваат како истите да ги разберат и квалитетно применат.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.