Teachers - Наставници

НАСТАВНИКОТ- РАБОТНИК ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

Во однос на работното место наставаник се поставуваат многу прашања: дали наставникот во однос на другите поседува посебни специфични знаења? Дали секој кој е добро образован може да влезе во училница и да реализира настава, или за тоа треба да се поседуваат и други одредени специфични знаења кои постојано треба да се развиваат и надоградуваат низ практичното работење? Нема да се направи грешка доколку во иницијалното знаење не се направи разлика помеѓу физичари, хемичари, историчари, архитекти и наставници кои го имаат завршено истото образование. Суштинската разлика на она што го разликува наставникот од колегата кој има завршено исто образование, а работи на друго работно место е тоа што наставникот поседува специфични методички и дидактички знаења, тој стручните знаења ги применува на друг начин за разлика од неговиот колега кој не е наставник. Наставникот е лицето кое ги поврзува учениците преку интеракција со знаењето кое тие треба да го стекнат. Ова е процесот што го разликува наставникот биолог од својот колега биолог кој работи во друга институција. Интеракцијата со учениците е она што го прави да го викаат – наставник.

Во однос на општествениот статус на наставникот, треба да се дефинира дали наставникот е работник или пак е професионалец. Поголемиот број светски синдикати, така и нашиот, наставникот го дефинираат како работник и за него се грижат во однос на неговиот личен доход и прашања поврзани од социјалната сфера. Од друга страна многу малку се грижат околу професионалниот развој на наставничката струка и многу малку се ангажираат да го подобрат професионалниот статус на наставникот во општеството. Дефинирањето на наставникот како професионалец отвара низа прашања поврзани со значењето на терминот професионалец, професионализам, професија, кои се критериумите поврзани со професијата, дали таквите критериуми може да се поврзат со работењето на наставникот. Поголемиот број научници кои се занимавале со ова прашање кажале дека терминот професија се користи при означување на високо обучени лица, специјализирани, компетентни за извршување на одредени задачи, лица кои имаат доверба во однос на пошироката јавнос при извршувањето на своите активности, ефикасни и посветени на својата работа. Една од покарактеристичните дефиниции поврзана со професионализмот вели: професионализмот значи да се поседуваат теориски и практични знаења и умеења за одредена област, да се биде професионално независен, да се поседува способност во однос на носењето одлуки базирани на добро познавање на дејноста, да може да се предвидат исходите од носењето на таквите одлуки и критички да може да се оценуваат и проценуваат превземените активности.

            Доколку се тргне од тоа дека наставникот е професионалец, тоа значи дека наставникот поседува специфични знаења и умеења, но не треба да се заборави дека професионалецот има и автономија при примената на тие знаења и умеења, како и при носењето на одлуки. Голем број анализи поврзани со наставникот како професионалец се базирани на пет критериуми поврзани со професијата.[1]

  1. Социјална функција, дали она што наставникот го работи (воспитание и образование) има значење за општеството, му носи добросостојба на општеството и на секоја негова индивидуа. Ако се водиме според овој критериум, несомнено дека да се биде наставник е професија.
  2. Знаењето кое го поседуваат наставниците било извор на многу дебати кои се воделе. Сите се согласувале и истакнувале дека наставникот треба добро да ја познава содржината на материјалот кој го предава (стручно знаење), но и во многу случаи е дебатирано за значењето на неговото педагошко и психолошко знаење. За да се третира наставникот како професионалец од круцијална важност е поседувањето на педагошкото и психолошкото знаење, а истите се стекнуваат, одржуваат и надоградуваат преку посебен вид на образование и обуки. Од ова слободно може да се каже дека наставникот првенствено се стекнува со знаења кои не може спонтано да се стекнат низ практичен ангажман, туку тие знаења се базираат на теоретски и концепциски модели и истражувања на одредени идеи.
  3. Автономен практичар. За поседувањето на овој критериум најдобро би било одговор да дадат самите наставници. Доколку би се правеле одредени споредби на наставниците со некои други, на пример: архитекти, правници, економисти, доктори, треба да се каже дека тие во однос на нив се помалку автономни. Автономијата на наставниците е ограничена од одредени правни и физички субјекти, на пример: државата, МОН, локалната самоуправа, просветни инспектори и советници, училишниот менаџмент и др.
  4. Колективна автономија. И овој критериум во нашата држава има простор да се развива. Истиот се однесува на тоа колку базата, односно наставниците се консултирани во креирањето на државната образовна политика. Мора да се признае дека се слуша зборот на наставниците, но сепак може да се отвори уште поголем простор за консултации со наставниците од страна на државата и останатите државни и јавни образовни институции кои ја креираат образовната политика. Добро би било во креирањето на државната образовна политика, уште повеќе,  со конкретни размислувања и предлози да се вклучат и наставниците.

Професионалните вредности се последниот критериум околу одредувањето на тоа дали наставникот е професионалец. Во одредени дејности професионалните вредности можат да се изведат врз тоа колку професијата е корисна и употреблива за клиентот (во случајов ученикот). Порано, беше потешко да се дефинираат одредени професионални односи поврзани со корисниците на воспитно-образовните услуги, почнувајќи од таму што во оваа дејност има голем број на корисници на тие услуги, и потешко може да се воспостават одредени правила поврзани со етичкото однесување.

[1] Hoyle, prema Villegas-Reimers & Reimers, 2000, str.19

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.